Добивме уште еден играч до крајот на сезоната.
На него можеме сериозно да сметаме, не поради Апоел, туку поради се она што го покажа во својот прв вистински натпревар за Реал Мадрид.
Ако се земат во предвид факторите страв, неиграње долго време, притисок, и слично, и на крај кога ќе видиш како само ладно го одигра цел натпревар.. Совршено.
Секогаш крената глава, бара решение, не се плаши, влева максимално пожртвувано во дуел, кога е опасно рутински се решава од проблемите. И има една способност која ја нема Чаби, а тоа е да ја повлече топката неколку метри нанапред и да создаде вишок играч, а видовме колку пати знае да се уфрли и од втор план.
Смирен, прецизен во додавањата, интелегентен, претрча 10 километри за 80 минути против екипа која играше бункер, па види го тогаж неговото движење без топка. Навистина целта вечерва му беше да го докаже целиот свој потенцијал, и стварно тоа го направи на најдобар можен начин.
Јас сум воодушевен, се надевам и Мурињо е.
И до пред крајот на сезоната можеме на дело да го видиме најсилниот среден ред:
Алонсо - Сахин
Ди Марија - Озил - Роналдо
Уште една предност е тоа што Сахин е левак па многу подобро ќе се вклопи на таа позиција.
Кажав, претрча скоро 10 километри, му фали само малку онаа харизма на лидер која ја има Алонсо, али што повеќе игра толку повеќе самодоверба ќе стекне кај себе и ќе биде се подобар и подобар. Најверојатно нашиот најдобар играч вечерва..
Ди Марија здрав прав, воскреснување на Сахин, полуфинале во ЛШ.