H
HoT IcE
Гостин
И тоа како е до Роман, ради многу причини.А мислиш дека е до Роман проблемот?
Проблем ни е константен менаџер од типот на Мурињо!
Јас знам дека со ова многу фанови нема да се сложат и ќе кажат како тој вложил премногу, и тоа е точно, тој вложил, но последните 6 години вложува слабо, лошо и неиспланирано.
Тој во почетокот кога дојде направи радикални промени во играчкиот тим, направи костур на екипа со милионите со кои Челзи правеше растур по Европа, но тој негов костур веќе долги години е ист, без внесување секоја година млад играч кој би требало да претставува столб за иднина во Челзи. Арнесен што направи со Академијата е восхитувачко и за почит, но неговиот труд и посветеност не се ценеше во Челзи, играчите што тој ги донесе, што почна да ги развива во Челзи ниту еден не влезе во прв тим на Челзи? Зошто? Е по ова прашање постојат бројни полемики, некој ќе каже, не се доволни добри, некој ќе рече нема Челзи млади играчи кои би биле за ПЛ, други трето и сите у круг ќе се вртат.
Но според мене ниту едно од тоа не е точно, туку проблемот со младите е дека Челзи потполно ги изостави од било какви планови за иднина, не затоа што се слаби играчи, туку затоа што нема планови за иднина испланирано Роман. Тој сака фудбал ала Барселона, сака инстант резултати и трофеи, пред се во ЛШ, тоа е кардинална грешка која ја прави а нема кој да му сугерира и да ги исправи, или пак тој несака да слуша други. Челзи кој сака да биде голем клуб мора да научи да работи плански, стрпливо и дисциплинирано, карактеристики кои Челзи не ги поседува.
Се работи се, само не за добро на Челзи на долгорочен пат, и ова е грешка на Абрамович, затоа што тој ги плеска милионите и негов збор е главен, а тоа е така затоа што човекот како што е кажано е глуп и тапа за фудбал.
Ја почитувам неговата љубов(?) кон Челзи, но едноставно мора да сфати дека доколку сака Челзи да биде јак мора работата да ја препушти на луѓе што знаат како се работи во фудбал. Земи пример Берлускони и Милан, пример за почитување и восхит.