Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Ме чуди фактот ... што ке ми наплаќа кога вода во цевките повеќе немам ??? + што 50 % од сметката ... ако сум го исклучил парното и немам вода во цевките и не се греам повеќе кај нив нема логика сметка да добијам !!! а па уште по нелогично е да им платам 50% од нестигната сметка за парно ... :tapp:

е, сега и ти па логика бараш онаму каде ја нема:)
да ја имаше немаше да нудат три опции- ќе беше едно решение -
вака - и они се свесни дека ниту едно не држи вода - па си велат- може едно ќе упали - од трите зла - некој да го избере најмалото:pos:
 
Секогаш во оваа држава работите се гледаат многу еднострано и без добра анализа. Еве јас сум исклучен од парно греење веке 2 години. Колку за информација ЈАС НЕ СЕ ИСКЛУЧИВ ЗАРАДИ ЦЕНАТА ТУКУ ИСКЛУЧИВО ЗАРАДИ КАВАЛИТЕТОТ. Ми пукна филм да се тресам од студ зашто на господата од топлификација им е доволен еден мал сончев зрак и прекидачот OFF. Епа господа дивиденковци за мои пари ЈАС сам ке си го штракам прекидачот. Па макар било и поскапо мое право е да се топам од жешко или да се тресам ко лилјак кога ЈАС ке си посакам, а не кога ВАС ке ви текне на к...т. Инаку имам факултет од техничка струка па ако ништо друго барем малце сум чул нешто на предавања околу греење и слично. Како може да тврди некој дека он ме грее мене со парно пошто сум јас исклучен?. Кај него 19 степени, кај мене 24 степени. Е ај сега де? Кој кого грее?. Он исклучен во 22 часот или 21 часот, јас греам цела ноќ. Сега, знам дека има луге што греат една соба на струја, другите соби КАМЕН. И тоа е вистина и реален проблем. Ама не е секаде така. Неможат работите да се гледаат толку едноставно. Треба да се направи добра анализа пред да се донесе било какво решение. Инаку ако се исправат работите, прв ке се приклучам на парно зашто нема подобро греење од централно парно.
 
Неможат работите да се гледаат толку едноставно. Треба да се направи добра анализа пред да се донесе било какво решение.
Направена е добра анализа, ако почнат со ваков % на исклучување, топлификација за 5 години ќе прогласи банкрот, а тие што ќе плаќаат за студ тогаш ќе плаќаат 4-5 пати повеќе. НИКОГАШ анализата не е правена од тоа како на сите да ни биде потопло за поефтини пари, туку како менаџментот да заработи повеќе пари.
 
znaci ja imam pravo da gi isecam cevkite da gi zavaram i da im gi frlam nadvor,, koj im dal soglasnost da postavat cevki vo mojot stan???vtoro- cevkite pominuvaat niz mojot stan kade toplifikacija ostvaruva dobivka ,, znaci treba mene da mi plaka kirija sto go koristi mojot prostor
 
znaci ja imam pravo da gi isecam cevkite da gi zavaram i da im gi frlam nadvor,, koj im dal soglasnost da postavat cevki vo mojot stan???
Треба да си го прочиташ договорот, да не има некоја клаузула бидејќи ако ги исечеш цевките може некој од твоја зграда да заебеш бидејќи тоа е сврзан систем па тука може само повеќе лошо да си направиш отколку арно. Арно ама можеш да им побараш кирија затоа што поминуваат низ твој приватен имот, а ти не ги користиш, исто како што на некои згради се поставени антени од мобилните оператори, па операторите им плаќаат некоја кирија за користење на покривот на зградата. А ако не сакаат да ти плаќаат кирија тогаш слободно можеш да побараш да ги отстранат од кај тебе бидејќи ти го узурпираат твојот приватен простор.
 
Абе дечки што се палите како Паликуќи топлификација е во стечај пред изумирање ајде да покажеме малце патриотизам и да не правиме муабет за нив.

Стварно ми е жал за вработените таму ама ако продаваат интернет ќе им земам пакет вака немаат што да понудат.

Или да даваат гратис ладење во летно време вака нема концепт.
 
Од каде ти е таа информација дека се пред стечај? (n)
 
Од каде ти е таа информација дека се пред стечај? (n)

Имам луѓе таму кои работат таму имаат страшни долгови а нема кој да им помогне сем владата со регулаторна комисија
 
Имам и јас две другарчиња таму,баш ке ги прашам. Само баш ме чуди од каде толку долгови кога 9 месеци само наплакаат а нишо не работат. Ако памтиш пред 2-3 години се дигна ука бука дека поделиле незнам таму 2 или 3 милиони еура дивиденда, а се жалеа дека цената на парното е ниска. Сепак мислам дека немаат они проблеми дури не се секираат што лугето масовно се исклучуваат зашто си ја наплакаат загубата и тоа дебело.
 
Имам луѓе таму кои работат таму имаат страшни долгови а нема кој да им помогне сем владата со регулаторна комисија
Мислам дека твоите Луѓе имаат крива слика. Топлификација има подигнато за изградба на ТЕТО кредити и веројатно веќе се достасани ануитетите. Но ТЕТО, се уште не работи поради високата цена на произведената струја. Сегашните приходи на Топлификација и покрај астрономските цени за греење најверојатно не можат да ги покриат тие ануитети.
Во оваа ситуација за очекување е Топлификација да бара начин ТЕТО да почне да работи. Тоа е можно ако ја намали цената на својата струја со тоа што ќе ги зголеми приходите од греењето ( ќе ги зголеми цените и ќе ги примора граѓаните да не се исклучуваат, да ги плаќаат таквите цени и да плаќаат 50% ако се исклучат )
Таква варијанта е најстрашна за граѓаните. Но што е стварно вистина, верувам набрзо ќе се дознае.
 
Значи нивните бизнис планови треба ние да ги плаќаме, а они се приватна фирма, незнам како иде одредување на цена и што прикажуваат они како трошок, ама ако регулаторната ги зема кредитите како трошок тогаш треба да се реагира на некој начин и да се смени начинот на пресметување, значи што користи Топлификација за греење, по која цена го набавила и според тоа да се формира цената, а не да се плаќаат нивните промашени бизнис планови.
 
Значи заклучок во лоша состојба се наоѓаат кога имаат кредити како ќе се снаоѓаат они си знаат.

Мене ми е жал за вработените ама кога ќе видам колку невработени има ми се крева коса на глава
 
Добро, дали се нормални!?
Како мислат дека со сила ќе ги натераат луѓево да плаќаат нешто што не им користи. Ни под разно не смее да се дозволи оваа одлука да помине, боље 1500 ден ќе ги давам на луѓе кои навистина им требаат отколку некој со тие пари да си плаќа службени ручеци.
Јасно ни е дека уствари топлификација е природен монопол, ама вакво однесување е недозволиво.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom