Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Ова е ужасна вистина.
Пред четири зими, кога се исклучував, им нудев на соседите да направиме сопствено парно на дрва со истите радијатори. Направив пресметка, да инвестираме, да вработиме двајца ложачи и за дрва излегуваше повеќе од два пати поефтино од Топлификација и тоа во првата година - подоцна и повеќе. Не се согласија.... Од 9 стана во мојот влез, само три сме исклучени.
Тогаш најдов супер квалитетен котел на дрва за 1700 евра доволен за двата влеза. Целата инвестиција требаше да биде околу 5000 евра ( котел, оџак, циркулациони пумпи, експанзиони садови, адаптација на складиште за дрва, монтажа, поврзување и тн. ) што значеше 280 евра по стан ( два влеза по 9 стана ).
Сега плаќаат 1200 евра годишно на Топлификација, а има такви што ме обвинуваат мене за тоа.
mожат да ти се фатат само- ....не да те обвинуваат
терај си и не ги фермај ,секој си бара чаре -
ако сакаат и по 3000 евра годишно нек плаќаат(што во некоја блиска иднина и ќе биде :)) - НИВЕН проблем кога се ќутуци
 
Не... Тие сепак ми се комшии и ми се мили пријатели. Но наивност....- мислат нема ништо подобро од парното на Топлификација. На пример, многу граѓани мислат дека мерењето со калориметри е точно, а тоа мерење во себе содржи грешка од најмаце 15%. И со такво „ мерење “ се прави најголемата далавера.
 
овој предлогов(непристојниот:pos:) за плаќање 50% за НИШТО е скроз налик со приказната за Итар Пејо кој отишол со фелка леб на сред село каде се варела чорба во колем казан - и бидејќи немал пари да си купи го ставил лебот над пареата и потоа го изел- но и за таквото “задоволство“ готвачот му побарал пари:eek::tapp:
 
Ова е уште побизарен случај. Ова е како готвачот да вари чорба во дворот на Пејо, и потоа да му бара пари за пареата од чорбата.
Сега плаќаат 1200 евра годишно на Топлификација, а има такви што ме обвинуваат мене за тоа.
Е ова е најжалното. Да му умре козата на комшијата синдромот.
Тие мислат дека ти си виновен за тоа што плакаат парно по 6000, а не болната алчност на топлификација. А кутрите не се свесни дека и да го донесат законот (пу пу скраја да е) исклучениот комшија да плака 50% од сметката за нештото ШТО НЕ ГО КОРИСТИ тие пак ке си плакаат по 6000, за за 2-3 месеци под изговор "немаме рентабилност" ке плакаат и по 7000.
 
Oвa помина на уставен??

Да знам одма да барам од општината пари шо грејам дома а куќата ми е слабо изолирана и дел од топлината моја се користи да се загрева поширокото градско подрачје
 
Ахха така значи, епа јас понекогаш кога правам скара во двор на месо мириса цела населба, епа од сега да си знам, сите што помирисале од димот од скарата треба да си платат !
 
да не те тужи некој вегетаријанец или некој на кој му смета месо
 
Една од логиките е дека секаде во Европа е така. Да, ама таму кој процент е парното од просечниот приход на народот?

Лупам, ама еве нека е максимум 10% од приходот. Нека биде и кај нас така, кога се стремиме кон Европа, парното да е 10% од просечниот приход, а нека плаќаат 50% тие исклучените, значи 5% од приходот.
 
Ова еден менаџер од Т-Срање го одговори вака: никаде во Европа нема да најдеш 10 Е телефонска услуга.
Инаку прашањето беше поставено од еден новинар за време на некоја промоција или нешто слично да не ме фатиш за збор ама беше 2004-2006 година.

Најлогичен одговор на ваквата работа на топлификација ќе биде тие што се исклучени да им пуштат фактури за кирија бидејќи парно цевките поминуваат низ нивните приватни станови и им узурпираат простор.
 
Жити одговорот што го дал, сонцето е жолто бидејки бетмен е црн. Чупакабра одговор.
А свесен ли е тој менаџерот дека никаде во европа нема да најде и 150 евра месечна плата?
 
Ме чуди фактот ... што ке ми наплаќа кога вода во цевките повеќе немам ??? + што 50 % од сметката ... ако сум го исклучил парното и немам вода во цевките и не се греам повеќе кај нив нема логика сметка да добијам !!! а па уште по нелогично е да им платам 50% од нестигната сметка за парно ... :tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom