Лига на шампиони 2011/12

Статус
Затворена за нови мислења.
M

MrzaRules

Гостин
за тоа дали Металург има обезбедено настап во ЛШ за другата сезона мислам дека во првенството на Македонија ќе се одлучуе....може грешам...мислам треба шампиони да бидат во првенството...
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.651
за тоа дали Металург има обезбедено настап во ЛШ за другата сезона мислам дека во првенството на Македонија ќе се одлучуе....може грешам...мислам треба шампиони да бидат во првенството...
Не грешиш, треба да бидат, ја се надевам дека ќе бидат, затоа што реално имаат подобар состав од Вардар и подобро би не претставувале во Европа. Е сега не знам дали нашиот шампион ќе биде пласиран директно во групи, Металург имаше одлични резултати, па верувам дека ќе идеме директно. :)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.919
Поени од реакции
16.190
Мислам дека не се гледаат резултатите од оваа година, коефициентот незнам како му се рачуна, би требало пак да играат во некои квалификации.
Можеби грешам, добро ќе биди шампионот на Македонија директно да се пласира во групите.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.651
Мислам дека не се гледаат резултатите од оваа година, коефициентот незнам како му се рачуна, би требало пак да играат во некои квалификации.
Можеби грешам, добро ќе биди шампионот на Македонија директно да се пласира во групите.
Изгледа ќе имаме директен претставник :)
http://cms.eurohandball.com/PortalData/1/Resources/1_ehf_main/3_download_pdf/Ranking_List_2012_13_Men.pdf
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не знам колку е точно, затоа што прочитав некаде и изјава дека се уште има само првични муабети за тоа Лино да остане, но еве текстов малце друго вика...
Сепак се е сведено на шпекулација, ама не е лошо да се прочита.
И на крај има интересна изјава:

„Точно. Се испотив кога Металург не стигна по водството од пет гола. Червар добро ја знае нашата екипа и затоа му успеа тоа. Но, јас се испотив во лоѓата, сега Червар нека се поти до Скопје. Ние ќе играме четвртфинале од ЛШ, тој нека мисли на СЕХА лигата сега“, му порача Гобац на Червар.
Червар во Металург уште четири години, во Автокоманда доаѓа пола хрватска репрезентација?

Лино Червар останува на кормилото на македонскиот ракометен шампион Металург уште четири години, а веќе летово ќе се обиде во тимот од Автокоманда да донесе неколку хрватски репрезентативци.

Зоран Гобац не го сака назад во Загреб: Лино Червар додека беше тренер на хрватскиот шампион
Иако од Металург не сакаат јавно да говорат за ова, поради фактот што македонското првенство се уште не е завршено, но и поради тоа што не сакаат да внесат немир кај своите ракометари пред одлучувачките натпревари со Вардар и пред фајнал-фор турнирот од СЕХА лигата, сепак, веста дојде од Хрватска, и тоа ни повеќе ни помалку, од човекот што знае се – од Зоран Гобац, алфа и омега во хрватскиот ракомет.
Игор Вори
Лино Червар има потпишано нов договор со Металург за сума која ние не можевме ниту да помислиме да ја платиме. Ова ви е вест од проверени извори“, им одговори Гобац на хрватските новинари на прашањето дали ќе му понуди на Червар да се врати во Загреб или дали најдобриот ракометен стратег повторно ќе биде хрватски селектор.
„Колку јас што знам, Лино упорно убедува наши репрезентативци да потпишат за Металург, што значи дека тој има долгорочни планови за таму“, дополни Гобац.
Шпекулациите се дека Червар добил одврзани раце од спонзорот на клубот Минчо Јорданов да нуди баснословни суми на пари на дел од хрватските репрезентативци кои сака да ги ангажира. Се шпекулира дека летово во Металург треба да дојдат пивотот Игор Вори, десното крило Иван Чупиќ и десниот бек Марко Копљар, играчи со кои тимот од Автокоманда би можел да се надева на пласман на ракометниот фајнал-фор во Лигата на шампионите идната сезона. Но…
Иван Чупиќ
Сето ова може лесно да падне во вода, зашто Металург годинава доби сериозна конкуренција во Вардар, тим во кој исто така сериозно се инвестира и екипа која исто така има големи амбиции. Борбата за титулата во македонското првенство ќе биде неизвесна до крајот, особено што Металург му доаѓа на Вардар во последното коло од плеј-офот, па може да се случи круната оваа година да си замине од Автокоманда. Поради ова, Червар се уште не може јавно да им ветува на своите потенцијални засилувања огромни суми на пари за трансфер во Скопје, зашто попусто ќе прави силен тим ако не стане шампион и не обезбеди пласман во ЛШ.
Едно е јасно, дека Червар нема да се врати во Хрватска како што посакуваат хрватските медиуми, особено по изјавите на Гобац по дуелот во саботата во Загреб.
Марко Копљар
„Јас немам намера да го вратам во Загреб и драго ми е што не ги следевме неговите идеи. Кога си замина од кај нас, Червар изјави дека си оди зашто не сме ги следеле неговите идеи, ама еве, денес ние ги надминавме неговите идеи“, иронично забележа Гобац, кој додаде и дека уживал во победата над Металург исто како да ја освоил Лигата на шампионите, иако на моменти добро се испотил.
„Точно. Се испотив кога Металург не стигна по водството од пет гола. Червар добро ја знае нашата екипа и затоа му успеа тоа. Но, јас се испотив во лоѓата, сега Червар нека се поти до Скопје. Ние ќе играме четвртфинале од ЛШ, тој нека мисли на СЕХА лигата сега“, му порача Гобац на Червар.

Извор.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Имам некој контакти со другари од Загреб и за Гобац има муабет дека е најголемото умислено иронично копиле во спортот во Хрватска. Ама ај него кој го врти на страна тој.
Ако планот на Лино е да ги донесе овие тројца(Чупиќ, Вори и Копљар) ќе биде интресно да се гледаат. За мене Чупиќ е еден од најдобрите крила во Европа. Би сакал да го гледам во Металург. Домашниот колектив надополнет со овие би имало сосема друг Металург во иднина.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384

На еден форум налетав на вакво нешто

faruk vražalić i amir čakić potpisuju za metalurg

Двете крила на Босна од претходните 2 сезони кога беа солидна екипа.Овој Фарук според тоа од јутјуб изгледа добро,башка млад 90 годиште е и е десно крило.
Само овој Амир баш не ми изгледа како некое заслување.Можеби за да биде замена следните сезони на Манасков,али некое право засливуање да е.......тешко.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
^ сепак ја типувам на Хорват или Штрлек, еден од нив да биде првото засилување на Металург.

и според мене тешко Вардар да ја освои титулата, и од играчки и од неиграчки причини, али тоа е друга тема.

Иако лично посакував обратно да бидат улогите, т.е. Вардар да има толкави финансии...
 
M

Mario Gómez

Гостин
Хммм, појма си немам шо да мислам... секако сакам јаки колективи со јаки младински школи како Металург и Вардар, но да не претеруваме со странци многу. :)

Инаку не ми е верно за Вори, Копљар и Чупиќ. :S Незнам со колкав буџет би требало да располага Металург за да ги зема тие играчи? Дали се у добри односи со Червар? Не гледам зошто од Загреб би дошле у Металург, нели прочитав негде дека Загреб има многу поголем буџет од Металург? Да не има најави за криза у Загреб и експанзија у Металург? Трупер?
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.651
Хммм, појма си немам шо да мислам... секако сакам јаки колективи со јаки младински школи како Металург и Вардар, но да не претеруваме со странци многу. :)

Инаку не ми е верно за Вори, Копљар и Чупиќ. :S Незнам со колкав буџет би требало да располага Металург за да ги зема тие играчи? Дали се у добри односи со Червар? Не гледам зошто од Загреб би дошле у Металург, нели прочитав негде дека Загреб има многу поголем буџет од Металург? Да не има најави за криза у Загреб и експанзија у Металург? Трупер?
Па максимум дупло треба да биде буџетот за да се донесат овие играчи. Сепак не го сакам Копљар во Металург, само Кирил Лазаров на таа позиција, никој друг!
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Хммм, појма си немам шо да мислам... секако сакам јаки колективи со јаки младински школи како Металург и Вардар, но да не претеруваме со странци многу. :)

Инаку не ми е верно за Вори, Копљар и Чупиќ. :S Незнам со колкав буџет би требало да располага Металург за да ги зема тие играчи? Дали се у добри односи со Червар? Не гледам зошто од Загреб би дошле у Металург, нели прочитав негде дека Загреб има многу поголем буџет од Металург? Да не има најави за криза у Загреб и експанзија у Металург? Трупер?
Загреб мора да продаде некого,ако сака нормално да ја истера оваа година.Можно е Копљар да иде во Берлин.Уште пред оваа сезона Монпеље и Берлин ако не се лажам имаа понуди за него,но Гобац наводно барал повеќе од што нуделе.Посебно како го изигра ова ЕП и оваа цела сезона сајнс фикшн е да дојде во Металург.Башка 26 години има,пре би идел во некој клуб на западот,него да дојде во екипа која му е исти курац ко Загреб.Исто важи и за Хорват и за Штрлек.Што ќе им да дојдат во Металург кога можат и во многу поголеми екипи со поголемо реноме и финансиски појаки.

Вори единствено би можел од овие да дојде и тоа само ради тоа што е во многу добри односи со Червар.Али сепак да дојде од една од најдобрите екипи во Германија,со огромен договор во Хамбург и да дојде во Металург.........нема теорија.Да не го преценуваме Металург сега и ние.Еден Марковиќ, кој иаку ние сакаме да мислиме друго е само солиден бек едвај Червар го натерал да дојде.Страхиња Милиќ со сила од еден мочан Партизан го натерале во Македонија да дојде да игра......
Чупиќ е блиску до Киелце колку што знам.Ем е скап,ем Киелце направи многу поголемо име од Металург и имаат повеќе пари........ за следната година прават екипа што ќе може да атакува на фајнал фор.Веќе го земаа Муса,а од следната сезона Биелицки и Лијевски доаѓаат таму.Шмал,Бунтиќ, Стојковиќ, Зорман и уште 4-5 полски репрезентативци се веќе таму.......само треба да почнат да играат како што треба во скалд со квалитетите.Од тоа што ги гледав делуваат како распашана команда.

čupić ide u kielce,kopljar u berlin,vori ostaje di je,vražalić i čakić dolaze sigurno u metalurg,malinović iz ljubuškog ide u vesprem a u metalurg bi lako moga ljubo vukić to je to za sada

Neki izvor ili nesto ? Odakle si sve to saznao zanima me,najvise me zanimaju te informacije za Vrazalica i Cakica........

znam sve i to ti je 100% istinito i čakić je već potpisa ugovor na 2 sezone,a evo još jedne ekskluzive novi livi bek metalurga od sezone 2012/2013 je bjelorus siarhei harbok dok se pregovara sa ljubom vukićem i mađarom csarzarom al on će jako teško pristat

Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom