Ембрионот природно дошол во матката на мајката се вгнездил таму и природно го започнал својот раст и развој, се дели клетки се гомилаат мал зачеток на срце, крвни садови, нервен систем... тоа е природно.
Неприродно е некој тоа да го прекине , застани и убие. Затоа што тоа не е нокт кој и 3 години да расте ќе си биде нокт, не е ни коса која и по 10 години растење ќе си остане коса, тоа е иден човек, маж, жена, татко, мајка, доктор, амал, таксист, кониговодител, домаќинка, забарка, правничка, .....
Твојот проблем е страв.
Нешто шо неќиш, основата на тоа неќење е страв во некој облик. Страв од обврски, страв од нарушување на секојдневието, страв од непознато... Абортус во случај да плодот или мајката се во несомнена опасност од бременопста можам да сфатам. Абортус ради себични ниски и подли интереси - не.
Со моите деца имам доживеано и да ме налутат и насмеат им имам и викано и ги има до изнемоглост галено и бакнувано, но никогаш никогаш не ги гледав ни како паразити ни како казна ни како некоја наметната обрска. Децата се мачат само со лоши родители. Дете ќе е среќно ако го сакаш па макар немал да јаде чоколадо и пица често.
Верувај така е, затоа што тоа го имам поминато. Ти немаш родено, немаш дете, најблиску што си била до мајчинство е кога си се исплашила дека си бремена и веднаш си решила дека ќе абортираш.
Мислам дека еден пороѓај ќе направат од тебе прекрасна личност, ќе те ослободат од стравовите и траумите. Ако немаш некој со кој тоа би го извела, кажи ете јас ќе ти помогнам за таа цел.
Лет3, јас се согласувам дека кај мене (значи лично кај мене, не кај сите жени општо) одлуката за абортус се однесува на под 1. Страв (затоа што не сакам да станам неостварена личност, а мајчинството не ми е единствен вид на остварување) 2. Не сакам мали деца, ничии, немам волја ниту да поиграм со нив 3. Не сум психички (а во втор план финансиски) да бидам родител. Не сум подготвена ништо да жртвувам.
И баш затоа што очекувам од самата себе, се да жртвувам за детето, не би го родила сега. Ти зборуваше како е да се биде бремена. Ниту ти не го знаеш тоа, ти знаеш како е да се биде татко, но тоа го дозна кога жена ти се породи. Пред тоа, само ,,чувствуваше,, дека си татко. И јас така, само ,,чувствував,, дека сум бремена.
Не не абортираат сите жени зошто имаат ставови како мене. Секоја си има свои причини. Мене не ме плаши одгледување дете сама, знам кои ќе бидат тешкотиите, знам и колку се тешки за надминување (студија на случаи....). Но, повеќе ме плаши мојата среќа, ако сум јас несреќна, сите околу мене се несреќни, биди во тоа сигурен. Кога сум јас задоволна, и сите околу мене правам да се задоволни.
А ниту едно дете не заслужува родител кој е незадоволен од својот живот, и тоа токму затоа што се родило тоа дете.
Навистина не е тоа темата и не сакам да се расплинувам тука, но, баш тој факултет кој ти го зборуваш, ме натера да ги зацртам моите ставови по ова прашање. Зошто, до сега, најдобро видов што се е способен еден родител да направи на сопственото дете, само заради лично задоволство.
А јас, Лет, нема да бидам таков родител. Без оглед на цената и ,,залудно загубените ембриони,,.
Чисто се сомневам дека ќе бидам доведена во вистинска ситуација на абортус, доста внимавам да не дојде до тоа. Но ако дојде, тоа е. Знам дека дека сум ги пробала сите можни методи за да не дојде.
--- надополнето: 25 март 2012 во 13:54 ---
На пример во Англија законски дозволен абортус е до 20 и некоја недела, тој плод има високо функционален и специјализиран нервен систем. Дали го поддржуваш овој абортус?
Не.