Во Венеција сум била 3 пати.Првите два пати бев преку агенција,се сложувам со се погоре напишано,дожд колку сакаш,3 евра ке го платиш најевтиното кафе,јадев пица која ме чинеше 25 евра,нормално,убавината на Мостот на воздишки,црквите,гондолите...неприкосновено !!! Но она што тука сакам да го споделам е мојата трета посета. Научив дека во Венеција нема криминал.Тие одат исклучиво од десната страна на сокаците.Произведуваат вино кое во продавница можеш да го купиш за само евро и половина.Имаат неброено многу изложби на се и сешто,налетав на изложба за Тито

Имаат крива кула,слична на онаа од Пиза.Навечер одат во пабови,нарачуваат вино,наздравуваат и продолжуваат во следниот паб.Посетив 7 паба во една вечер.Имаат гондоли кои им служат како превоз и чинат неверојатно 1 евро

Постои Венеција на копно !! јас појма немав

Венецијанците се прекрасни домаќини,те обожаваат поради македонско-турското кафе што им го вариш и можеш да поминеш прекрасен ден дури и ако не го говориш нивниот јазик