Заљубени во филмски лик

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
The one and only, Charlie Chaplin.
Никој не е како Чарли.
Филмот Големиот Диктатор, е првпат прикажан во октомври 1940. Во тоа време САД се уште не биле во војна. И имало типови кои се залагале тој филм да се забрани, дури имало и одредени забрани, бидејќи во филмот се исмева претседателот на една „ пријателска држава “. Но Чарли бил Гение....
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Хју Лори како Доктор Хаус. Директен, дрзок, ја плеска вистината во лице и има одлична смисла за хумор. Да не спомнувам дека е гениј. Нема поголем фраер на телевизискиот екран кој наполнил 50 ка. Каков Џорџ Клуни, Хју го шие во секој поглед.

 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Не беше филмски лик, певаљка беше, ама и онака клиповите се некакви мини-филмови :)
Саманта Спраклинг, позната како Сафрон од бендот Република, као панк-рок нешо беа...






:вонзем::pipi::sneaky:
 

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
1. Анџелина Џоли како Лара Крофт во Tomb Raider (2001)


2. Аманда Сајфрид како Клои во Chloe (2009)


3. Рајан Филип како Себастијан Валмонт во Cruel Intentions (1999)


4. Мила Јовович како Алис во Resident Evil (2002-2012)


5. Стјуарт Таунсенд како Лестат де Лионкорт во Queen of the Damned (2002)


6. Ема Стоун како Скитер Фелан во The Help (2011)


7. Луи Гарел како Тео во The Dreamers (2003)


8. Нуми Рапас како Лизбет Саландер во Män Som Hatar Kvinnor (2009)


9. Ема Стоун како Олив Пендергаст во Easy A (2010)



10. Миа Вашиковска како Џејн Ејр во Jane Eyre (2011)
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Damon Salvatore – The Vampire Diaries
Покул и пошармантен лик неам гледано. Жари и пали!


Dean Winchester – Supernatural
Вози Импала, слуша рок, има предобра смисла за хумор и изгледа ама баш исто како Џенсен Еклс! :pos:


Jack Sheppard & Freckles – Lost
Мислев дека Соер поише ќе го сакам, ама ете... Џек ме освои и цело време си навивав за него и Кејт.


Clairе Fisher - Six Feet Under
Искрена, наивна и бунтовна, не може да не ја сакаш!


Chuck Bass – Gossip Girl
Coz he is Chuck Bass!
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Последниве три дена во Michelle Dockery т.е. Lady Mary Crawley од Downton Abbey.
Што и да напишам не би било доволно да го доловам совршенството и грациозноста на ликот. Моментално ова ми е омилениот женски карактер од серија. Поомилен и од Калиси, кој би рекол.

 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Вероника Марс


Spoilers-HO!



Вероника Марс ми е една од најомилените серии како прво, поради главниот лик по која е именувана серијата која е глумено перфектно од Кристен Бел( за која мислев дека после ова ке се прослави повеќе наместо да заврши како наратор на една серија за богати дечишта ама плата си е плата каква и да е веројатно) и како второ....па серијава е стварно добра. Искрено како второ сакав нешто подобро да пишам ама ми отиде мислата, јеби га се дешава.
Вероника е најпопуларната девојка во нејзиното средно училиште заедно со нејзината најдобра другарка Лили. Таа не доаѓа од имотна фамилија но нејзиниот татко е шериф во мало градче на брегот од Калифорнија коишто жители се богати индустријалци, популарни А-листни актери и директори на големи компании. Тоа и дава некој вид на углед на нејзе што и допринесува да биде пријател со популарните "убави" богати деца во школото кои на поинаквите од себеси гледаат со презир. Но еден ден се се менува. Лили, нејзината пријателка е пронајдена мртва. Поради политички скандал поврзан со убиството на Лили, нејзиниот татко е срамно разрешен од својата функција и таа тогаш губи се. Ја губи својата мајка која ги напушта својот сопруг и ќерка поради срамот што е доживеан а исто така ги губи и своите "пријатели" затоа што Вероника завзема став дека нејзиниот татко е во право. Нејзиниот дечко почнува да ја одбегнува и престанува да збори со нејзе. Набрзо она е отпадникот во нејзиното школо а заедно со татка си, и во градот. Една вечер после тие случувања откако разбира дека се организира куќна забава во една од вилите на привилегираните деца, Вероника се упатува натака решена да им покаже на своите бивши пријатели дека онa не е заинтересирана што мислат они за нејзе и дека може и самата да се забавува без нив, но некој вечерта и дава пијалак кој има нешто повеќе од алкохол. Следното утро се буди во истата вила со реализација дека некој ја има злоставено. Таа се упатува кон полициската станица каде што и се случува најлошото што може да се случи на некоја жртва на силување. Никој не и верува, дури и ја обвинуваат дека се обидува да го наруши угледот на градот и брзо ја испадуваат од станицата. После тој случај таа е решена преку истраги вршени од самата себеси да утврди кој стои зад злоделото извршено низ нејзе. Целата приказна се протега низ две сезони(има и трета сезона ама тапа е) во кои таа не само што ке прерасне од циник во девојка која е подготвена и со најголемиот предизвик да се соочи само за да дојде до вистината, туку и ке се постави на средина помеѓу ривалски банди и ке стане и глас на потиштените, на неприметливите и на самиот крај таа ке ја има својата одмазда.

Вероника е се само не е типична средношколка, таа е девојка која има пропатено премногу за нејзини години. Таа е девојка која е заробена во ноир свет, заробена во еден вид грчка трагедија. Приморана е да порасне предвреме и да влезе во свет во кој ни повеќето возрасни лица не би можеле да се справат без нерви да им попуштат. Ликот на Вероника е безвременски и во тоа помага Кристен Бел која поседува неверојатна шармантност каква која ретко имам видено на телевизија.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500


Toм Круз како Лестат во Интервјуто со вампирот. Омилен филм ко мала, а и како изглуми тука, за десетка :) Штета што многумина мислат дека едини филм на Круз е Mission Impossible и го оценуваат како актер само според тој филм.
 
S

Shaman

Гостин
Mallory Kane - Haywire (Gina Carano)










И секако Lisbeth - The Girl with the Dragon tattoo (Rooney Mara)





 
А

Анноун

Гостин
Сигурно има и други , но оваа ми е број еден љубов

Diane Kruger - Helen во Troy



Не ми се веруваше дека Орландо Блум ја .... :facepalm:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom