ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе игра, последен е неговиот меч во денешната програма.
Иначе ако некој не го мрзе( би ја отворил јас, ама изморен сум и не ми работе мозокот за мислење до толку :) ) може да отвори посебна тема за Мастерсите, и само насловот ќе се менува кога ќе дојде време од турнир на турнир (барем според мене така подобро е, да не трупаме само теми, а на кои се дискутира иста тематика, а оваа да пропадни).

Пошто идејата е на игорјос9, тој може да ја отвори ако има волја па после сите колективно ќе си тераме, а насловот ќе го менува модератор според потребите.
 
Абе зашо нема пренос од ниеден меч на спорклуб, а барав и стрим некој и тоа неможам да најдам...
 
Абе зашо нема пренос од ниеден меч на спорклуб, а барав и стрим некој и тоа неможам да најдам...
Со преноси се почнува од утре, малце глуп им е распоредот, не мислев дека фаворитите ќе почнат од денеска, ама ете бидна.
 
306138_397780673567450_127147247297462_1624801_1946386476_n.jpg

Рафа со опремава како на Вимблдон да е :)
 
Пошто идејата е на игорјос9, тој може да ја отвори ако има волја па после сите колективно ќе си тераме, а насловот ќе го менува модератор според потребите.

Како што е подфорумот Останати спортови, ако може да се направи посебен за Тенис па тука да ги преместиме сите теми од тенис што се моментално во останати спортови. И за секој мастерс и грен слем посебна тема, а една тема за сите 250ки и една тема за сите АТП 500 турнири. Доколку направите подфорум за Тенис, може да ја направиме веднаш темата за Мајами, т.е. јас би сакал да ја направам за Мајами и за Вимблдон :)
--- надополнето: 23 март 2012 во 22:06 ---
Нека се преименува темата во Тенис (општа дискусија) , сега ќе отворам тема за Мајами па така за сите мастерси да отвараме и таму да дискутираме, за грен слемите како што можам да видам и до сега се отварало :)
 
Има една тема да се обратиш до администраторите, ме мрзи да ја барам, побарај ја и пишија идејава таму, ќе ти отварат и нов под форум и ќе ти го преименуваат насловот ;)
 
Како што е подфорумот Останати спортови, ако може да се направи посебен за Тенис па тука да ги преместиме сите теми од тенис што се моментално во останати спортови. И за секој мастерс и грен слем посебна тема, а една тема за сите 250ки и една тема за сите АТП 500 турнири. Доколку направите подфорум за Тенис, може да ја направиме веднаш темата за Мајами, т.е. јас би сакал да ја направам за Мајами и за Вимблдон :)
Искрено не ми се верува дека има простор да се отвори нов подфорум само за Тенис. Премалку дискутанти сме. 10 луѓе треба да одржуваме во живот цел подфорум. Ама ако сакаш прашај во темата за прашања до администраторите, па види каков одговор ќе добиеш.
 
Отворајте теми тука, кога ќе се отворат барем десетина теми поврзани со тенис би се отворил подфорумот. Нема везе бројката на дискутанти. Подобро 10 души што знаат што пишуваат отколку 100 бедни тролови.
 
Во право си (y) , за фудбал ги има многу што дискутираат, но тенисот е далеку покултурен спорт и мислам дека не е за џабе името бел спорт , на такво ниво треба да биде и дискусијата, без глупави навивачки муабети од типот " врска немаат бе тие, овие се најјаки, бла бла ".
 
Топ 20ката со најголема заработка.Последни промени се направени на 2 Март 2012

1. Federer, Roger $68,314,141
2. Nadal, Rafael $46,300,862
3. Sampras, Pete $43,280,489
4. Djokovic, Novak $35,255,670
5. Agassi, Andre $31,152,975
6. Becker, Boris $25,080,956
7. Kafelnikov, Yevgeny $23,883,797
8. Lendl, Ivan $21,262,417
9. Edberg, Stefan $20,630,941
10. Roddick, Andy $20,146,069
11. Ivanisevic, Goran $19,878,007
12. Murray, Andy $19,674,559
13. Chang, Michael $19,145,632
14. Hewitt, Lleyton $19,130,483
15. Davydenko, Nikolay $14,969,324
16. Kuerten, Gustavo $14,807,000
17. Bjorkman, Jonas $14,600,323
18. Safin, Marat $14,373,291
19. Courier, Jim $14,034,132
20. Ferrero, Juan Carlos $13,834,033

целата листа
 
Селекторите на Дејвис Куп репрезентациите ги објавија своите состави :

Шпанија - Австрија (земја)

Шпанија (Ферер, Алмагро, Гранољерс и Марк Лопез)
Австрија (Мелцер, Хаидер-Мауер, Пеја и Марах)

Франција - САД (земја)

Франција (Цонга, Монфис, Бенето и Лодра)
САД (Фиш, Иснер, Б.Брајан и М.Брајан)

Чешка - Србија (земја)

Чешка (Бердих,Штепанек,Росол,Чермак)
Србија (Типсаревиќ, Троицки, Лајовиќ и Зимонјиќ)

Аргентина - Хрватска (земја)

Аргентина (Дел Потро, Монако, Налбандијан и Шванк)
Хрватска (Чилиќ, Карловиќ, Веиќ и Зовко)

Значи секаде ќе се игра на земја, баш интересно. Според мене во првиот меч, Шпанија тепа без проблеми. Интересно ќе биде во Франција каде ќе гостува Америка. Иснер имаше некои проблеми со ногата на Мајами, Фиш и не е баш во некоја форма, но ќе игра во четвртфиналето на Мајами. Во Чешка ќе гостува Србија, без Новак, голем хендикеп за Србите. Мислам дека ќе изгубат затоа што Бердих и Штепанек пред своја публика ќе бидат немилосрдни, јас би сакал да се игра финале Србија - Шпанија бидејќи ќе е во Белград па би сакал да го видам Надал во живо, барем еднаш во животот :) Аргентина - Хрватска, тука Хрватите не ќе видат бел ден наредниот викенд, запомнете што кажав :D

Во третата европска зона на дејвис купот ќе игра Дејвис Куп репрезентацијата на Македонија.

Минатата година овај турнир се одржуваше во Скопје, Македонија не успеа да ја доврши работата до крај, загуби во последниот дуел против Турција и не успеа да се врати во втората евро-африканска зона.

Оваа година овај турнир ќе биде одржан во соседна Бугарија, во Софија.

Турнирот ќе започне во Понеделник (30. Април) и ќе се натпреваруваат 13 репрезентации :

Албанија
Андора
Ерменија
Бугарија
Грузија
Грција
Исланд
Литванија
Македонија
Малта
Црна Гора
Норвешка
Сан Марино

Овие и не се некои големи тениски сили, домаќинот Бугарија ќе биде голема опасност, го имаат Димитров и мислам дека може да рачунаат на втора евро-африканска зона уште од сега.... ако веќе не си прерачунелe :D Сеуште не знаеме кој ќе ги брани боите на Македонија, штом се каже, ќе објавам во темата, но мислам дека треба да биде најрано 7 дена пред почетокот на мечевите. :)
 
Дури цел подфорум ни дадоа еј, шо ке прајме со толку теми после :pos:

он:Со здравје да си го користиме, и да не го прљаме.Ќе си купиме еден спреј за тролови и мрежички ке си стајме на влез у подфорумов и не ги пуштаме :ROFLMAO:
 
Мислам дека ги префрлив сите теми ако имам пропуштено некоја пишете ми :)
 
Мислам дека ги префрлив сите теми ако имам пропуштено некоја пишете ми :)
2 само си пропуштила. Ги префрлив јас. :)

Со среќа подфорумов. Кај и да е и саглам модератори ќе добие, ќе биде цакум пакум. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom