ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки, да предложам нешто... Мислам дека би требало да се отвори посебен подфорум за тенис и да направиме повеќе теми, АТП 250 турнири, АТП 500 и за секој мастерс посебна тема, како и за грен слемите.

За секој мастерс некој член на форумот да отвара тема, со вовед, кој го освојувал турнирот претходно, и некои побитни информации. За помалите турнири (250 и 500) не мора. :)

Ако е некој заинтересиран нека отвара теми само за мастерс 1000ка.
 
Ај кажи шо има супер во тоа?
Па фино, ако си освоил нешто треба и да го одбраниш.. А не си го освоил си лапнал поени па сега одново го освојуваш и одново да земаш поени... Те сваќам како ти е, и јас исто мислење имав лани кога Рафа требаше да прани 453232234 поени.. Такво мислење сега имаат фановите на Ѓоковиќ.
 
Па фино, ако си освоил нешто треба и да го одбраниш.. А не си го освоил си лапнал поени па сега одново го освојуваш и одново да земаш поени... Те сваќам како ти е, и јас исто мислење имав лани кога Рафа требаше да прани 453232234 поени.. Такво мислење сега имаат фановите на Ѓоковиќ.
Не сум фан на Ноле ако мислеше дека ми е криво сега, мене лани ме извади од памет тоа Рафа кога губеше поени. Немора да значи како што напиша, може некој ланскиот освојувач годинава да игра финале и да изгуби, треба да си зема поени како финалист а не да губи затоа што лани освоил, ептен глупо ми е.
 
Ако бе, ќе си се организираме тие шо пошуваат тука кој шо...Може ја да ги добијам земјениете турнири? (мастерсите и г.слемот)..Отворете тендер ако не, па ќе конкурираме.Али убава идеја е да го средиме ова
 
article-2118661-1248DD27000005DC-540_964x669.jpg


На официјалната фотосесија за ЛОИ. Вака ќе биде облечен за време на натпреварите.
 
article-2118661-1248DD27000005DC-540_964x669.jpg


На официјалната фотосесија за ЛОИ. Вака ќе биде облечен за време на натпреварите.

Британциве ќе ја линчуваат Стела Мекартни за дизајнов на спортската облека што ќе ја носат нивните спортисти на Олимпијада. Според нив облеката била жив резил зашто скоро и да ја нема црвената боја.
 
Велшаните ќе се бунат највеќе заради црвеното :)

Мене премногу ми се свиѓа како изгледа Мареј во ова, може ќе го гледам само ради стајлингов :D
 
спикинг фор мареј , почнува од 16.10 часот против Falla од колумбија на турнирот во Мајами .

Меч на денот : Tipsarevic - Nalbandian . Играат после 18 часот.
 
Абе Надал нели требаше денес да игра?
 
Абе Надал нели требаше денес да игра?
Ќе игра, последен е неговиот меч во денешната програма.
Иначе ако некој не го мрзе( би ја отворил јас, ама изморен сум и не ми работе мозокот за мислење до толку :) ) може да отвори посебна тема за Мастерсите, и само насловот ќе се менува кога ќе дојде време од турнир на турнир (барем според мене така подобро е, да не трупаме само теми, а на кои се дискутира иста тематика, а оваа да пропадни).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom