Студирање дома поради дечко/девојка

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
Прво никогаш не би била во врска во која дечкото бара од мене да останам дома заради него.
И второ никогаш не би си дозволила да студирам нешто што не ми е по кеф само заради тоа да сум блиску до дечкото.
Такви како тој дечко со изливи на љубомора ги има илјада и еден,мене не ми треба таков.
 
Ќе студирам таму каде што сметам дека ќе добијам квалитетно знање и образување. Ако тоа значи да одам во друг град, па и држава - ќе одам. Ако се сакаме, ако љубовта е силна ќе издржиме. Ако не - better luck next time. Тоа би го гледала како тест на тоа колку е силна врската. Едноставно секогаш сум за љубов, ама на 19 години не знам што е љубов, на 19 години глупаво е да правам одлука и да жртвувам образование за врската која можеби нема да трае ни 2 години и потоа цел живот да се каам. Љубовта кога тогаш ќе пристигне во мојот живот, ама образованието не можам да го фрлам, затоа што од тоа ќе ми зависи егзистенцијата некогаш понатаму во животот, а дечкото можеби нема да го имам цел живот..
 
Ако факултетот ми е на друго место ќе си одам па тој ако ме сакат би ме чекал пошо посекако нишо не трајт вечно така да..:toe:
Еве на пример брачетми студира Америка а девојката негова Скопје..и се гледаат два пати годишно ама сепак сеуште се во врска
 
Научена сум секогаш да ги следам желбите и соништата, за да ја постигнам целта на мојот живот. И доколку треба да направам ваков избор, би отишла во странство. Доколку моето момче навистина ме сака, него нема да му пречи и покрај тоа што студирам во странство. Па нели викаат, далечината и го прави на љубовта, тоа што ветерот и го прави на искрата, ако е мала ќе ја згасне, но ако е голема ќе ја разгори. Тоа би дошло на некој начин како тест за нашата љубов. Дури мене поинтересно би ми било доколку сме на дистанца со момчето, доколку навистина се сакаме, тогаш желбата да се видиме, би била поголема, а со тоа и љубовта и страста. Значи, темата ми беше, би отишла во странство, и тој ако ме сака не би му пречело, исто како што мене не би ми пречело тој ако отиде. Иако на почетокот сигурно ќе ни биде и на двајцата доста тешко додека да се навикнеме...
п.с. И не го прават тоа само девојките. Еден другар рамислуваше да оди во странство да студира, но бидеќи влезе во сериозна врска, на некој начин се договорија со девојката дека доколку сеуште идат дур да се запишат на факултет, да остане и да се запише тука на нашите приватни универзитети, зашто го има истото што сака тој во странство да го студира.
 
Ех па ако ми значи многу и ке жртвувам
 
Дефинитивно би отишла да студирам па макар и тоа да е на другата страна на светот,а кој ме сака ќе ме чека односно ќе биде покрај мене ( во мислите ). :smir:

Ех па ако ми значи многу и ке жртвувам

Ако таа личност навистина те сака нема да те задржува и ти ќе си го исполниш сонот(сепак се работи за твојата иднина), а тој ќе биде покрај тебе и треба да биде горд на сите твои успеси кои ќе ги постигнеш и да те теши за сите твои падови, па макар бил и илјадници километри подалеку од тебе.:smir:
 
Јас сум многу амбициозна личност така да ништо( значи ни љубовта ) нема да ме спречи во плановите посебно кога се за некаде далеку.
 
Ако факултетот ми е на друго место ќе си одам па тој ако ме сакат би ме чекал пошо посекако нишо не трајт вечно така да..:toe:
Еве на пример брачетми студира Америка а девојката негова Скопје..и се гледаат два пати годишно ама сепак сеуште се во врска
и тоа ти го нарекуваш врска? сигурна си?:eek: неееееее за мене тоа не е врска
тоа му доаѓа како јас и ти да си се цмокаме сакаме преку скајп фејс или шо ти знам друго и тоа ти би го нарекла врска м?
 
Не би ме спречила љубовта да си го следам сонот.
Значи - и да студира во др. град ќе си доаѓа барем 1 месечно дома.
Јас работев 2 месеци во странство, сега 4 месеци ќе одам повторно, кога ќе треба да специјализирам, 2 години сигурно нема да живеам во Македонија.
Најголема жртва ми е да се откажам од својот сон, па ако треба да ја ,,жртвувам,, врската, полесно тоа ќе ми биде, отколку да останам.
 
Почитувани, Секој си ја крои својата судбина ... Така да ако сакаш да се едуцицираш во странство секој што ти е близок ќе те разбере , бидејќи тоа е влог за во иднината (така барем ме учеле моите) :)))
А Ако сакаш да останеш и љубиш мораш да си ветиш сам на себе дека никогаш нема да ја изговориш реченицата .... Поради тебе останав тука .... и бла бла бла бла ...

Е сега лично за мене .... Јас избрав да останам тука , но се покајав бидејќи после 3 год. на едно интервју за работа не поминав само поради .... "странскиот факултет" на другиот кандидат ... јас барем така мислам
 
Не би ме спречила љубовта да си го следам сонот.
Значи - и да студира во др. град ќе си доаѓа барем 1 месечно дома.
Јас работев 2 месеци во странство, сега 4 месеци ќе одам повторно, кога ќе треба да специјализирам, 2 години сигурно нема да живеам во Македонија.
Најголема жртва ми е да се откажам од својот сон, па ако треба да ја ,,жртвувам,, врската, полесно тоа ќе ми биде, отколку да останам.
Ах ти ли:cuc: читнав голем дел од твоите постови, се гледа дека си спремна да жртвуваш се околу себе за да си ги задоволиш апетитите.
Сигурна си дека не те привлекуваат жени? Може да добијам твој број?
 
Сигурна сум дека ме привлекуваат мажи, и уште посигурна дека не може мој број ;)
 
Сигурна сум дека ме привлекуваат мажи, и уште посигурна дека не може мој број ;)
Штета.Просто ја обожавам таа твоја самоувареност, самобендисаност, дрскост... радо би те...
 
Ах ти ли:cuc: читнав голем дел од твоите постови, се гледа дека си спремна да жртвуваш се околу себе за да си ги задоволиш апетитите.
Сигурна си дека не те привлекуваат жени? Може да добијам твој број?
Може да го добиеш мојот. Мене ме привлекуваат жени :coffee:
Ах ти беше Домина, не го добиваш :noze:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom