Поминавме со пораз ДОСТОЕН !!!
Гледајќи го мечот си викам леле само да не се избрукаме . И добро е тоа не се случи , да пораз е лошо е , немаме 3 бода а ни 1 на кој потајно сите се надевавме. Рака на срце моментално тимов ни е во криза и тоа во секоја смисла на зборот . Па реално мислам и ние свикнавме на порази сезонава кога дочекавме да не рендаат второлигаши па што останало за лидерот , кој според мене и ја заслужува титулата оваа година . Голот Кејхил го даде повеќе ко на среќа , што вика коментаторот пишано беше ова да влезе и да биде гол .Не очекував гол , знаев дека Манчини ќе ја употреби сета артилерија што ја поседува за да дојде до победа. Епилог ете таков . Не можеме да се гураме со Сити сезонава да и мене ми е тешко што ова го пишувам ама така си е . Се браневме ама тоа не е Свонси , ни Вест Бром ,... Штом топката остануваше кај нас , а ти само остануваш без здив на секој пас , на секој центаршут лошо е . Панично топката се исфрлаше напамет само подалеку од Чех . Кога го внесе Дрогба си реков прав потег и јас би исто . Се надеваше дека Дрогба ќе ја чува топката и ќе го троши времето што имаше логика ама ништо од муабетот . И така дадовме на нив шанса да продолжат во борба за 1 место нашата можеби ја загубивме и одамна , можеби и ќе се случи чудо .
Па нека ја земе , кој сака нека е само не Манчестер .
Некогаш решава среќата во фудбалот некогаш квалитетот . Вчера решија и двете ...
--- надополнето: 22 март 2012 во 19:20 ---