superstarpizza
Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
- Член од
- 20 септември 2008
- Мислења
- 6.025
- Поени од реакции
- 1.363
Болд 1- Контрола на играта значи да го имаш поседот на топката, да ствараш шанси а ние сето тоа го имавме, Пепе не беше ниеднаш загрозен до таа 77ма минута
Кајт луташе????? Човекот постигна гол, одлично соработуваше со Суарез во нападот, не ми е јасно како можиш така да пишиш за Кајт кога изигра одлично
Болд 3- Во првите 15минути??? На крајот имавме 58% посед на топка што мене тоа не ми покажува оти само во првите 15 минути сме имале контрола на играта....
--- надополнето: 22 март 2012 во 11:57 ---
Значи Кени мора да ги ротира малку играчите, бидејќки играа сабота-среда-недела-среда и мора некој играч да го фати заморот а со тоа Кени мораше да менува, а не го извади Адам на полувреме заради тоа што беше слаб туку се повреди Адам на крајот од првото полувреме и е неизвесен за всабота, а и мене ми беше чудна таа измена Суарез-Керол единствено ако не се работи за истата причина замор на Суарез
Контрола на играта е да ја држиш топката на нивна половина....не на нашата.
Контрола на играта не се Шансите на Суарез и Даунинг (освен тие две немаше други).... контрола на играта е токму тоа што КПР ни го правеше нас.... освен оние први 20 минути!
Освен оние две шанси во првите 20 минути и продорот на Суарез во кој погоди статива каде потоа падна голот ние ништо друго не направивме.
Што се однесува за Кајт....ако тоа беше одлично поврзување со Суарез каде освен онаа топка во длабочина во 30 минута дадена од Кајт ... ништо друг јас не видов од него.
Голот не беше негова заслуга.... голот беше заслуга на Суарез и Даунинг.
Доколку Кајт одигра одлично на синокашниот натпревар наведи една единствена негова шанса за ГОЛ......ЕДНА ЕДИНСТВЕНА!
Заморот кој го споменуваш можеше да се ротира со сите други офназивни играчи за врска (се разбира доколку сакаше да остане Кајт на теренот) само не Керол.
Затоа што треба да си луд за да помислиш дека двајца ПАСИВНИ напагачи можат да задржат топка или направат сами шанса за гол во ситуација кога ние се браневме (ми се гади од овој збор).
Колку за подцетување..... Керол од неговото влегување ја допре топката 1 (само еднаш) и тоа при она спуштање на топката кон Кајт каде овој неможеше ни да ја прима како што треба од замор.
Хендерсон од влегувањето па до крајот ја допре топката точно 6 пати (БРОЕВ).... каде од тие шест пати ниту еднаш немаше контакт на топката со „две нозе“ , значи обични „уан ту“ пасови.
..........................
Да се разберем едно нешто..... секоја чест на Кени кој дојде во момент кога ниту мене да ме прашаа немаше да седнам на такво столче..... столче со само една ногарка!
Но сепак треба да се стави прст на глава и да се размисли во која насока ке оди овој клуб...
Доколку тоа биде градење на клубот нека излезе некој и нека каже..
- Не очекувајте од нас титули!!!
А не на секоја победа...(преку еден месец, сега малку повеке не фатија 2) ни велат се бориме за 4 место во лига на шампиони, или па на почеток на сезона да ни се дават лажни ветувањеа од типот ТИТУЛА!
И во таков случај 80 посто од навивачите би биле бесни, но сепак би знаеле на што сме.
Никој не смее да си игра со тие навивачи..... навивачи кои го изградија клубот во минатото за да биде сега тоа што е!!!
Спортски поздрав!!!