jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.645
- Поени од реакции
- 27.609
http://kajgana.com/egipet-go-oslobodi-bratot-na-vodachot-na-al-kaeda
Дали арапската пролет е нова исламска револуција? Неколку секуларни режими паднаа, за да се оформат ектремно радикални исламистички власти, блиски до познати терористички групи. И тоа со помош на западните сили. Се лае на Иран, а од друга страна, се помага во уништувањето на секуларните режими, чии противници биле во егзил во Иран.
Египет го ослободи братот на водачот на Ал Каеда
Воениот суд на Египет го ослободил покрај Мохамед ал-Завахири, го ослободил и Мухамед Шавки ал-Исламбули која исто така беше осуден на смрт по истото обвинение за подготвување атентати. Инаку братот на ал-Исламбули во 1981 година го уби египетскиот претседател Анвар ел-Садат.
„Очекуваме негово пуштање на слобода следните денови“, изјавил за агенцијата адвокатот на ал-Завахири, Камел Мандур, не наведувајќи ги мотивите на судот за ослободувањето на неговиот клиент.
Завахири и Исламбули во 1998 година беа осудени во отсуство поради тоа што во Албанија минале обука и планирале напади во Египет. Мохамед ал-Завахири во 1999 година беше уапсен во Обединетите Арапски Емирати, по што им беше предаден на египетските власти и затворен. Со одлуката на Врховниот совет на оружените сили на Египет кој раководи со земјата, тој беше ослободен во март 2011 година, еден месец по падот на режимот на египетскиот претседател Хосни Мубарак, заедно со уште десетина политички затвореници. Меѓутоа, само по неколку дена беше вратен повторно во затвор, а египетскиот воен суд на 28-ми јули 2011 година го повтори процесот на коешто беше осуден на смртна казна, на што Мохамед ал-Завахири поднесе жалба.
Ал Каеда речиси истовремено објави дека нејзин прв човек по ликвидацијата на Осама бин Ладен кој на почетокот од мај беше ликвидиран од американските маринци во Пакистан, стана Египќанецот Ајман ал-Завахири.
Мохамед Шавки ал-Исламбули, минатата година се врати во Египет од егзилот во Иран, како и другите египетски политички осуденици, кои се вратија во татковината по падот на Мубарак.
Ослободителната пресуда којашто за двајцата е изречена во понеделникот, се однесува и на другите поранешни исламистички активисти, изјавил адвокатот Мандур, меѓу коишто е и Сајед Имам Фадл, поранешниот духовен лидер на Египетскиот исламистички џихад и ментор на Ајман ал-Завахири. Како и другите ослободени, и Фадл во 1990-те се откажа од насилството.
Откако Врховниот совет на оружените сили на Египет управува со земјата, ослободени се многу исламистички активисти, како што се Абуд ал-Зомор, поранешен припадник на Џама Исламија, организацијата која е вмешана во атентатот на поранешниот египетски претседател Анвар ел-Садат. Зомор потоа формираше партија којашто е застапена во египетскиот парламент во кој огромното мнозинство го имаат исламистите.
Дали арапската пролет е нова исламска револуција? Неколку секуларни режими паднаа, за да се оформат ектремно радикални исламистички власти, блиски до познати терористички групи. И тоа со помош на западните сили. Се лае на Иран, а од друга страна, се помага во уништувањето на секуларните режими, чии противници биле во егзил во Иран.