Кени е крив и те како.....него објасни ми што подразбираш под поимот
„контрола на играта“?
Зошто погаволите го играше Кели кога веке знаеш дека е ризичен..... и згора на тоа го стави Карагер десен бек?
Зошто го извади Суарез во 80 минута каде на теренот го имаше
Кајт, играч што луташе цела утакмица и не знаеше што игра.
Зошто упорно се набива пред шеснаесетник.
Зошто не го играше Керол од стартот.
Значи ако вака почнам да редам има еден мал милион причини.
Колку време треба да сватите дека Кени нема тактичка смисла на играта. Прави нелогични измени а згора на тоа и нелогични ротации на играчи
Го почна натпреварот со Кајт како Лево Крило...замисли лево Крило..по влегувањето на Хендерсон се префрли на Десната страна..... за на средина на Второто полувреме да се префрли на Полушпиц
каде Хендерсон од позиција АЦМ се префрли на крило.
Нека објасни некој зошто го држеше Кајт на теренот цели 94 минути кога во текото на целиот натпревар го маткаше по целиот терен каде ово тотално беше загубен во просторот.
И да кога сме веке кај контролата на играта само да те подцетам.....
освен првите 15 минути во првото полувреме КПР потоа не стави во шише. ееееј КПР.
Во второто полувреме на водство од 2-0 ние останавме со Двајца напагачи напред кој ама баш никако неможам да ги замислам како играчи кои би можеле да задржат топка или пак да се вратат назад и да се одкријат/одворат за слободен пас.
Дефанзивниот Менталитет на играта на Кени вчера си го покажа токму она што мене ме плаши.
И колку да не заборавите.....
Утакмицата со Арсенал ја загубивме во последен момент
Утакмицата со Фулам ја загубивме во последен момент
Во останатите уатакмици никогаш не сме ја задржале топката или нападнале во последната четвртина.
Ке повторам..... Кени полека но сигурно го губи Легендарниот статус во моите очи. Верувам дека е така на уште многу навивачи!
--- надополнето: 22 март 2012 во 06:43 ---
Еве една добра (конечно) од Мацедониан Редс тимот...
Многу поблиску сме до дното одколку до врвот!