Саундтракот за „Скопје Ремикс“ достапен за бесплатно преземање
Саундтракот за филмот „Скопје Ремикс“, на кој соработуваат најквалитетните артисти од македонската независна музичка сцена, од денес е достапен за бесплатно преземање.
Музиката е достапна на страната на ПМГ Рекордингс (
www.pmgrecordings.com), a со дополнителни пет траки на регионалните страници на музичкиот канал MTV (
www.mtv.rs,
www.mtv.com.hr,
www.mtv.si), како и на веб страната на филмот Скопје Ремикс (
www.SkopjeRemixed.com).
Саундтракот содржи музика компонирана од Александар Пејовски, Роботек, Сашко Костов, The John, Bei The Fish, Поган Паган, ПМГ Колектив, Monotons, Кантон6, Новиот Почеток, Low Budget, Аномалиа натива & Кацар и Чиста Околина.
Премиерата на филмот „Скопје Ремикс“ ќе се одржи на 30-ти март во кино Милениум, по што филмот ќе биде поставен на редовниот репертоар на киното.
„Скопје Ремикс“ е омнибус-филм составен од девет приказни посветени на Скопје, режирани од десет македонски режисери, во продукција на Ново Македонско Видео.
Извор:
Кајгана