Што е Исус?

Што е Исус?

  • Господ/Бог (Отецот)

    Гласови: 14 3,6%
  • Божји Син (синот)

    Гласови: 184 47,1%
  • Светиот Дух (гулабот)

    Гласови: 6 1,5%
  • Божји Пратеник

    Гласови: 82 21,0%
  • Нешто друго...

    Гласови: 105 26,9%

  • Вкупно гласачи
    391
Член од
11 август 2011
Мислења
266
Поени од реакции
169
Дали можеш да цитираш некој од евангелистите кој што вели дека Исус е распнат на Неговите 30-33 години?
Ај набрзинка само кажи кога е роден Исус, кога е крстен и кога е умрел ама сосе месеци ако знаеш.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Си насадил премногу дрва, си го скрил погледот.

.
Никој неможе да го сокрие погледот, ако БОГ сака да ти Го одкрие!

А тоа што има засадено премногу дрвја; тоа е поради многубројните незаситни јарци и кози ... :D

.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
.

.
Никој неможе да го сокрие погледот, ако БОГ сака да ти Го одкрие!

А тоа што има засадено премногу дрвја; тоа е поради многубројните незаситни јарци и кози ... :D

.
Mене ми откри сите тајни сите несогласувања, недоследсти, грешки и контрадикторности во евангелијата и ми го покажа вистинскиот Јешуа на кој и името му го сменивте во Исус.
--- надополнето: 21 март 2012 во 01:55 ---
Дали можеш да цитираш некој од евангелистите кој што вели дека Исус е распнат на Неговите 30-33 години?
Тоа е став на една од христијанските цркви. Црквите си имаат одредено (по нешто) дати, години, на пример си го знат и роденденот и денот кога е распнат. Штом одредиле точно ден кога е роден, белки имаа начин да одредат и година и кога е роден па и распнат. Инаку во евангелијата кај Лука 3:23 се вли дека Исус кога почнада проповеда имал “околу триесетина години“, спрема стариот завет за да некој стане свештеник, за да може биде прифатен кко проповедник, да може да поучува по синагоги мораше да има минимум 30 години. Значи ако поврзиме дека Исус веројатно почнал со проповедање на возраст дозволена со старите закони на 30 годишна возраст, и ако проповедал некои 3 години би требало да е распнат на свои 33.
НО!
не беше тоа поентата, поентата беш дека Исус по историските факти проповедал околу 10 години а не 3 како стои во евангелието. То беше главната тема.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
MIKI1 , друже, помири се со фактите, не мора назад да гледаш на корицата за настаните, требало досега во библијата кога си ја читал да си наишол на контрадикции во врска со бројките. Не само што историски бројките не можете да ги соберете и да ги ставите на место, туку проблем е што во самата библија има бројки кои се многу контрадикторни и нелогички. Ако сакаш да ти објаснам што точно мислам, кажи ... ;)
--- надополнето: Mar 20, 2012 5:02 PM ---
Да не зборуваме за разлика во бројот на оние кои Исус ги излечил, грешките во бројки, за животните со Ное, за коњите на Сулејман, грешка во должината на престојот на Израелците во Египет и така натаму, ако сакаш доказ за ова може, ама не е тема сега, извинете што се вмешав. Ова да го пренесиме со факти на темата за библиата, оставете тука.
Од целиов Твој пост, живо ме занима само случајот со коњите од Сулејман...:icon_lol:
Се‘ друго, ќе биде само Твое „набадање„, видено миљон пати на форумов...А и шире.
--- надополнето: Mar 21, 2012 7:50 AM ---
1 Па Мики, Херод умрел 4та година ПНЕ. Исус со семејството бега во Египет оти Херод наредил колеж на првородени и таму чекаат да умри па да се вратат назат. Значи не можел да се роди 3,5 ПНЕ туку 5-6 ПНЕ.

2. Јован Крстител е обезглавен во годината 34 од Нова ера. Исус према евангелијата е распнат ПО обезглавување на Јована. Значи не можел да биди распнат во 30 сета.

Не се слагаат ни годините ни математиките. Сите настани се поврзани еден со друг. Вака ко што велиш ти не е можно да се случило или евангелистите се побркале нешто во настаните.
И ја велам дека не е можно, но за Бога, се‘ е можно. Но шо ќе праиш, математиката, како чисто рационална категорија, не може да изесапи и верските категории. Така, наместо да го бараш одговорот на привидните контрадикции, се фаќаш и не мрдаш од својата убеденост за туѓите а не за своите грешки.
--- надополнето: Mar 21, 2012 7:57 AM ---
Ако догмата е доказ тогаш не би се нарекувала догма нели.:eek:
.
Самиот израз „догма„, означува проверена, соборно потврдена и неменлива вистина.
--- надополнето: Mar 21, 2012 7:58 AM ---
Понатаму секој физички доказ е подложен на испитување, а како што напиша дека догмата се заснова на проверена и докажана вистина која е од Бог потврдена а Бог не можеш да го потврдиш бидејки е духовно битие значи мене би ме интересирало кој ја пренел таа потврда во името на Бог на земјата и како можам да бидам сигурен дека тој што ја пренесувал информацијата не ја фалсификувал за што сега гори во пеколот.
.
Божјите вистини, на Земјава ги има Црквата Христова.
--- надополнето: Mar 21, 2012 7:59 AM ---
Ја гледаш контрадикторноста што ја кажа.
Не, не ја гледам, ај просветли ме.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Божјите вистини, на Земјава ги има Црквата Христова.
--- надополнето: 21 март 2012 во 08:59 ---

Не, не ја гледам, ај просветли ме.

1, Мики1 пази што зборуваш значи тебе не те интересира што кажал Исус туку што ти кажува црквата е ова е догма а не тоа што го напиша. Ова ти го кажувам зошто ти не го приспитуваш учењето на црквата и не нудиш никаков аргумент со кое би ја покажал точноста на истото освен Библијата која е преведувана и препишувана безброј пати и многу често во катастрофални услови при што е голема можноста за појава на грешки (истово важи и за евангелијата) а во исто време секое друго учење во врска со Исус го отфрлаш како неточно е за оваа контрадикторност ти зборам.

2, И јас не можам да те просветлам тоа можеш да го постигнеш само самиот ти.
Една поговорка: Оној кој ги познава другите е мудар, но оној кој се познава себеси е просветлен.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
1, Мики1 пази што зборуваш значи тебе не те интересира што кажал Исус туку што ти кажува црквата е ова е догма а не тоа што го напиша. Ова ти го кажувам зошто ти не го приспитуваш учењето на црквата и не нудиш никаков аргумент со кое би ја покажал точноста на истото освен Библијата која е преведувана и препишувана безброј пати и многу често во катастрофални услови при што е голема можноста за појава на грешки (истово важи и за евангелијата) а во исто време секое друго учење во врска со Исус го отфрлаш како неточно е за оваа контрадикторност ти зборам.
Lord,

и тоа како ме занима што кажал Господ Исус Христос, а ме занима и тоа како Црквата го толкува кажаното од Него а не само затоа што Он така кажал и само затоа што „..така пишува во Библијата...„
За Црквата, практично целото Свето Писмо е Откровение Божјо до Црквата и на таа појдовна основа се потпираат догмите во Црквата. Но, за да не биде се‘ така просто и едноставно, догмите се поткрепени и со духовниот опит од Црквата, кој реално а не само „теоретски„, ја докажува точноста од догмата.

Повеќе за догмите, имаш овде:
http://www.svetosavlje.org/biblioteka/AvaJustin/DogmatikaPravoslavneCrkve/DogmatikaPravoslavneCrkve.htm
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
не беше тоа поентата, поентата беш дека Исус по историските факти проповедал околу 10 години а не 3 како стои во евангелието. То беше главната тема.
Дали можеш да го цитираш евангелието каде што вели дека Исус проповедал 3 години?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
1
2, И јас не можам да те просветлам тоа можеш да го постигнеш само самиот ти.
Една поговорка: Оној кој ги познава другите е мудар, но оној кој се познава себеси е просветлен.
Еве, јас верувам дека се познаваш себе си...Што, последично, значи дека си и просветлен.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Lord,

и тоа како ме занима што кажал Господ Исус Христос, а ме занима и тоа како Црквата го толкува кажаното од Него а не само затоа што Он така кажал и само затоа што „..така пишува во Библијата...„
За Црквата, практично целото Свето Писмо е Откровение Божјо до Црквата и на таа појдовна основа се потпираат догмите во Црквата. Но, за да не биде се‘ така просто и едноставно, догмите се поткрепени и со духовниот опит од Црквата, кој реално а не само „теоретски„, ја докажува точноста од догмата.

Повеќе за догмите, имаш овде:
http://www.svetosavlje.org/biblioteka/AvaJustin/DogmatikaPravoslavneCrkve/DogmatikaPravoslavneCrkve.htm
Пак не сакаш да го прочиташ тоа што е напишано. Во постот само ја потенцирам можноста за грешка при препишување, тумачење итн на Библијата и евангелијата кои се последица од условите во тој период како и од менталните склопови на лугето кои тоа го правеле.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Еве, јас верувам дека се познаваш себе си...Што, последично, значи дека си и просветлен.
Провокации, провикации и тоа од политичка природа :D
Шала на страна тоа и е проблемот. тоа што ти веруваш дека јас се познавам себеси не е битно, битно дали јас знам дека се познавам себеси. Е сега ако јас само верувам дека се познавам себеси ке мислам дека сум просветлен и ке ги убедувам другите во тоа. Но ако знам дека сум просветлен те дека сум постигнал друго ниво на ментален, духовен или каков било друг развој ке немам потреба да убедувам никого бидејки знам декатоа е така.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Према Јован три пасхи поминаа од кога Исус проповедаше. Тоа се 3 години/
Тоа што Јован спомнува 3 Пасхи не значи и дека само толку поминале. Во евангелието према Јован се спомнува и следново:
„Јудејците Му рекоа: „Уште немаш педесет години и Авраама си го видел?”“ (ев. Јован 8:57)

Авраам живеел околу 2000 години пред Исус, значи тоа „уште немаш педесет години“ не се однесува на времето на Авраам, туку на возраста на Исус.
Штом Јудејците му рекле „уште немаш педесет години“, од тоа веројатно следи дека Исус имал четириесет и нешто години. Доколку Исус во тоа време бил 30 годишен човек, тогаш пологично е Јудејците да му речат „Уште немаш ни четириесет години и Авраама си го видел?“, но тие му велат „уште немаш педесет години“ - од што веројатно следува дека Исус имал четириесет и нешто години.
Велам веројатно бидејќи и ова не е доволен критериум за да се одредат годините на Исус. Едноставно за христијаните е неважно на колку години Исус пострадал, туку важно е само дека пострадал и тоа за нивните гревови.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Пак не сакаш да го прочиташ тоа што е напишано. Во постот само ја потенцирам можноста за грешка при препишување, тумачење итн на Библијата и евангелијата кои се последица од условите во тој период како и од менталните склопови на лугето кои тоа го правеле.
Што се однесува до грешки при препишувањето, не е исклучена и таа можност: грешни луѓе, прават грешки. Битно е дали грешката е битна и нешто битно ќе промени или грешката е минорна и не го менува духот од учењето.

Симеон Богопримецот на пример, направи фатална грешка, и ради неа, Симеон не се упокои се‘ дур не Го виде Младенецот крај себе.

Адвентистите на пример, ставаат запирка кај што не и‘ е место, па така, испаѓа дека „...вистина ти велам денес,...( и тн)„ не е исто што и „...вистина ти велам, денес... (и тн.). што наведува на погрешно толкување на стихов. Види во Лука, 23.43.
 
Да но како можеш да знаеш дали е минорна грешката или не.
Ке ти кажам што му се случи на еден другар пред некое време за да ти го доловам моментот. Имено другар ми е програмер и работел на некоја програма и негдека на нешто повеке од пола сработено му се јавуваат десетина багови и оди кај шефот и му кажува за ова и он мртов ладен му вика не гледај на ова како на гршки туку како на нови можности.
Поентата ми е дека ако некој направил грешка друг тоа го видел како нова можност за развој и така натаму и на крај се добива нешто кое е дијаметрално различно од она на почетокот.
 
Просто е: не можеш да правиш паралела меѓу Светото Писмо, пишувано од достојни поединци, и софтверски програмер, кој ем е грешен, ем е надвор од Црквата.

За тоа, дали грешката при препишувањето е фатална и минорна, може да се види и по последиците од таа грешка, кои веќе ги наведов, а гарант за вистинитоста од записот во Светото Писмо и конзистентоста од учењето од Црквата е самата Црква, водена не од смртни и грешни луѓе, туку од Светиот Дух, Господ.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom