Xfire
fino alla fine
- Член од
- 9 август 2008
- Мислења
- 7.341
- Поени од реакции
- 2.235
Во право си, не следуваат интересни мастерски, лани сите до еден ги гледав, но сега ова година многу обрвски и неможам да се врзам со сите.На наредните 4 мастерси (Мајами, Монте Карло, Мадрид, Рим) Рафа брани 3 финалиња и 1 титула.
За да ја зачува втората позиција, и посериозно да ја нападне првата, мора да ги освои сите 3, но секако, со онаа игра од полуфиналето и финалето на Ролан Гарос од минатата година, во никој случај со играта од Рим и Мадрид. Мајами обично има побавна подлога од IW, така да треба Надал да атакува нешто повеќе на Мајами годинава, нема некој претежок жреб, Федерер или Новак, еден ќе испадне пред финалето и тоа му дава големи шанси на Рафа да се приближи до Новак и оддалечи од Федерер. Е сега лошо е што Ѓоковиќ не играше на Монте Карло во 2011, таму секој бод ќе биде впишан... како било, после Мајами секоја пресметка ќе е поедноставна во споредба со моменталните пресметки и секако, рано е сеуште за тоа. Во секој случај после Вимблдон ранг листата ќе е многу тесна за топ 3 местата, ако ја земиме во предвид формата на Федерер која е далеку подобра од лани, и формата на Ѓоковиќ која не е баш таква на каква што не навикна Новак во 2011
Те подржувам и ова што го напиша и истото ке го кажав за Надал дека мора да ги освои ако сака да се држи уште(што верувам). Роџер игра многу јако, но сега има предност Надал.
Некој да ги каже сега датите кога почнуваат турнирите. Монте Карло, Мадрид, Рим, па и Роланд?