ATP тенис - општа дискусија

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Роже има 30 години ( не дека разликава од 30-31 година е некоја разлика ама сепак):)
Туку турниров излезе надвор од очекувањата на сите, нити Надал нити Новак не стигнаа до финале.
Ко што реков, годинава ќе биде пеколна, топ тенис ќе гледаме.
Ме интересира нешто пошто не сум по кладилнициве. Можам ли уште сега да ставам пари дека Азаренка ќе го освои Вимблдон? :sneaky:
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Роже има 30 години ( не дека разликава од 30-31 година е некоја разлика ама сепак):)
За 4 1/2 месеци пуни 31, така да поблиску е до 31 него до 30 ;)

Иначе да разликата е релативно голема, после 30 години е првата фаза во која човечкото тело видно опаѓа од поглед на физички аспект, и само најголемите атлети од спортистите можат да го намалат ефектот на овој пад, за да не делува погубно на нивната кариера. Затоа огромен број од спортистите својата кариера ја завршуваат на овие години.

Иначе незнам колку ти е правилна одлука да играш на Азаренка, ќе признаам дека не го пратам женскиот тенис, нешто посебно.....ама според она што сум го видел не ми делува баш како тенисерка која го има потребното за да доминира целосно оваа година на Вимболдон.
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Ме интересира нешто пошто не сум по кладилнициве. Можам ли уште сега да ставам пари дека Азаренка ќе го освои Вимблдон? :sneaky:
Коефициентот е 3, уште од сега уплата само на интернет, по нашиве кладилници има само ден - два пред да почне турнирот.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Честитки за Федерер, иако мислев дека има вирус, но не промени тоа многу. Не го гледав финалето, но против Рафа играше многу добро, точно, имаше ветар и тоа можеби му пречеше повеќе на Рафа но не смее да се зема како изговор за поразот.

Околу првото полуфинале, Иснер - Ѓоковиќ. Новак имаше повеќе поени, играше на моменти перфектно, но сервата на Џон беше таква каква што можеше да посака во најбитните моменти.
Еве го последниот гејм (тај брејкот од 3. сет) од мечот Ѓоковиќ - Иснер

Азаренка гази, повторно Шарапова "убиена", нешто слично како во Мелбурн.


За дублот, Рафа како и во 2010 ја освојува титулата тука, заедно со Марк Лопез. Одиграја одлично во текот на целиот турнир, не изгубија ни сет што е за голема пофалба.

 
С

сашенко

Гостин
Незнам колку приметивте ама разликата помеѓу Рафа и Роџер сега е само 825 поена :icon_lol:

Надал на следните 4 мастерса до Роланд Гарос брани 2800 поена а Федерер само 990 :eek:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.921
Поени од реакции
16.193
До Вимблдон ништо чудно Федерер да е на првата позиција, од турнирите кои следуваат, Новак не брани поени само во Монте Карло, за една недела пак ќе брани титула во Мајами.. а како што тргнале работите не е нешто кадарен да ја одбрани. Неможи на некој што знај само ас да направи и ритрн да му дозволиш да те победи, не иде тоа у обзир, ама ете се случува.

Честитки за Федерер, сосема заслужена титула во Индијан Велс.
 
С

сашенко

Гостин
Епа ако Надал брани 2800 Новак до Роланд Гарос брани 1500 повеќе сигурно.Ја уште сеа би се кладел дека Надал ке падне, а за Новак ќе се намали ама колку и дали ке биде доволно да го симне од првото место незнам.Тоа е тешко да се предвиди.Ама колку и да изигра добро сеа Надал на следните турнири Федерер брани многу малце бодови од лани и само во финалиња да влегува ке го стигне како ништо...
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ако Роже повторно стане број 1 на овие години и при оваа конкуренција ќе постави стандарди кои речиси е невозможно повторно да се достигнат. И секоја му чест за тоа.
 
С

сашенко

Гостин
Леле каква сезона ке биде ова еј :vozbud:
Луѓе, дајте да прајме една тенис фан клуб собиранка па да гледаме некое големо финале годинава бе...
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.921
Поени од реакции
16.193
Иначе на Вимблдон два пати ќе се игра оваа година, и ОИ таму ќе се одржуваат, на тие терени. :)

Иначе на fantasy го погодив Федерер дека ќе биди победник.:pipi:
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
^

менувам канал веднаш, ја мразам рекламата како да ми е тон на аларм за будење отсабајле
 
L

Löwe

Гостин
а не не, поглупа е таа за „потенцијал“ со чичето што улетува преку ред у аптека.



фантази !? :)
1.Абе таја глупа е, ама не е толку честа, оваа на секоја пауза при размена на страни по 2 пати.. Множи го тоа по 10-15 пати шо значи од 20-30 пати ја слушаш за време на само еден меч.. А множи го со бројот на мечеви што си сакал да ги гледаш и ќе те избудали рекламата.
2.Има фантази на www.atpworldtour.com си бираш пикови кој како ќе помине и ти даваат поени.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
На наредните 4 мастерси (Мајами, Монте Карло, Мадрид, Рим) Рафа брани 3 финалиња и 1 титула.

За да ја зачува втората позиција, и посериозно да ја нападне првата, мора да ги освои сите 3, но секако, со онаа игра од полуфиналето и финалето на Ролан Гарос од минатата година, во никој случај со играта од Рим и Мадрид. Мајами обично има побавна подлога од IW, така да треба Надал да атакува нешто повеќе на Мајами годинава, нема некој претежок жреб, Федерер или Новак, еден ќе испадне пред финалето и тоа му дава големи шанси на Рафа да се приближи до Новак и оддалечи од Федерер. Е сега лошо е што Ѓоковиќ не играше на Монте Карло во 2011, таму секој бод ќе биде впишан... како било, после Мајами секоја пресметка ќе е поедноставна во споредба со моменталните пресметки и секако, рано е сеуште за тоа. Во секој случај после Вимблдон ранг листата ќе е многу тесна за топ 3 местата, ако ја земиме во предвид формата на Федерер која е далеку подобра од лани, и формата на Ѓоковиќ која не е баш таква на каква што не навикна Новак во 2011 :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom