ATP тенис - општа дискусија

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.341
Поени од реакции
2.235
На наредните 4 мастерси (Мајами, Монте Карло, Мадрид, Рим) Рафа брани 3 финалиња и 1 титула.

За да ја зачува втората позиција, и посериозно да ја нападне првата, мора да ги освои сите 3, но секако, со онаа игра од полуфиналето и финалето на Ролан Гарос од минатата година, во никој случај со играта од Рим и Мадрид. Мајами обично има побавна подлога од IW, така да треба Надал да атакува нешто повеќе на Мајами годинава, нема некој претежок жреб, Федерер или Новак, еден ќе испадне пред финалето и тоа му дава големи шанси на Рафа да се приближи до Новак и оддалечи од Федерер. Е сега лошо е што Ѓоковиќ не играше на Монте Карло во 2011, таму секој бод ќе биде впишан... како било, после Мајами секоја пресметка ќе е поедноставна во споредба со моменталните пресметки и секако, рано е сеуште за тоа. Во секој случај после Вимблдон ранг листата ќе е многу тесна за топ 3 местата, ако ја земиме во предвид формата на Федерер која е далеку подобра од лани, и формата на Ѓоковиќ која не е баш таква на каква што не навикна Новак во 2011 :D
Во право си, не следуваат интересни мастерски, лани сите до еден ги гледав, но сега ова година многу обрвски и неможам да се врзам со сите.
Те подржувам и ова што го напиша и истото ке го кажав за Надал дека мора да ги освои ако сака да се држи уште(што верувам). Роџер игра многу јако, но сега има предност Надал.

Некој да ги каже сега датите кога почнуваат турнирите. Монте Карло, Мадрид, Рим, па и Роланд?
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Следен турнир е Мајами, според некои анализи кои ги читав уште поспора подлога од IW, (згора на тоа и многу топло време, кое ги прави топките да одскокнуваат високо) која ќе ја фаворизира играта на Мареј и Надал, тежок испит за Федерер и Ноле.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.921
Поени од реакции
16.193
Нормално дека ќе се фаворизира Надал:D .. во 1/2 финале можен противник му е Мареј, а во финале еден од Федерер/Ѓоковиќ..
Спротивен распоред се има на овој турнир. И никако да ја сфатам у што е фората, на еден турнир се игра 1-4/2-3, а на друг 1-3/2-4 .
Новак нема баш лесен распоред.
 
С

сашенко

Гостин
Многу е едноставно, за сите освен првиот и вториот рекет се влече ждрепка.Еднаш се паѓа третиот кај првиот, еднаш вториот.Ја имаш сигурно видено онаа шемата за распоред на натпревари шо ја има за сите турнири на атп.На таа шема нели можеш да видиш кои би можеле да играат во наредните неколку кола меѓу себе доколку ги победат своите противници.Епа на почетокот се праат две такви групи или две шеми такви разградени и на по една од нив се ставаат првиот и вториот тенисер на ранкингот.Они двајца се фаворити најголеми во својата група или 1/2 од дечките шо настапуваат на турнирот (пошто така им се паѓа).И едната група си ја предводи едниот а другата другиот и победниците од двете групи играат во финале.За третиот и четвртиот се влече ждрепка и едниот оди на еданта страна а другиот на другата.Незнам само дали иде тоа само за нив двајца или за сите од топ 10 па да бидат рамноправно распоредени топ тенисерите и да не испадне едната страна премногу силна во споредба со другата.Епа ради тоа на Надал еднаш му се паѓа Федерер а еднаш Мареј во полуфинале.Само за Новак и Надал е сигурно дека нема да играат меѓу себе, за другите ждрепка одлучува...
 
L

Löwe

Гостин
Него што стана со Робин Содерлинг? Што стана со неговата повреда? Ќе се врати ли за брзо?
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Него што стана со Робин Содерлинг? Што стана со неговата повреда? Ќе се врати ли за брзо?
Најави дека 99% ќе биде во тенискиот тим на Шведска за Олимписките Игри во Лондон.

Имаше изјавено дека треба да се врати на турнирите од февруари, но имал некои проблеми со телото, не можел да издржи со тренинзите, многу се заморувал брзо... вика дека би требало за брзо да се врати, иначе негов последен меч беше поразот од Томиќ на Вимблдон минатата година.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
На Содерлинг ќе му требаат најмалце 6 месеци за да се врати во колку толку солидна форма.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Каде е Psyside сега да го прочита ова :D

Brad Gilbert ‏ @bgtennisnation
Heard from a very reliable source: Courts are playing much quicker this yr-not much grit-very unusual for MIAMI, big hitters will like that.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Каде е Psyside сега да го прочита ова :D
Фала на инфо другар, добро е да се чуе, поготово од професионалец како што е Брет, сепак да не испадне дека неосновано ја истакнав брзината на подлогата, во артиклот јасно стои дека е многу невобичаено за Мајами затоа го спомнав тоа како вест (доста логична) која ја прочитав на на еден добар странски тенис форум, но не беше од волку сигурен извор.

Како и да е супер вест (y)

БТЊ со закаснување, еден потег на Надал којшто не ме воодушеви...

 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
За сите кои го сакате тенисот, би сакал да ви препорачам една игра ( Online Tennis Manager), играта е закон, изнајмуваш играч, имаш право да изнајмиш 2 играча, имаш листа на играчи од 14 до 44 години. Го тренираш ако ти е помлад, го праќаш по турнири, по вежби додека е помлад, после на 17-18 можеш на јуниорски турнири во кои спаѓаат и Јуниорските Грен Слемови (АО,RG,WM,US). Една турнирска недела во играта е 4 сати во живо, еден ден во играта е 40 минути (сабота и недела по 20мин.). Во недела во играта излегува жребот за тековниот турнир па потоа во понеделник се игра прво коло и на Home Page Ви се одбројуваат минути и секунди за колку време ќе започне мечот на вашиот играч, обично за некои 7-8 минути од стартот на денот. Се на се, многу интересна игра, ми ја препорача еден другар од Србија и ја играм од Јули 2011. За сите заинтересирани би можел да отворам тема со сите детали за играта, како да се пријавите, како да изнајмите играч и сите останати информации. :)
 
А

Анноун

Гостин
Леле Типса какви псовања мава :pos: Знам на времето беше многу нервен , последниве години најверојатно пие јаки апчиња за смирување .

у пм и вимблдон и тенис ... :pos:
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Иванишевич сигурно поставил некој Гинисов рекорд со пцовкиве. Рапер не му е рамен :pos:
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
За сите кои го сакате тенисот, би сакал да ви препорачам една игра ( Online Tennis Manager), играта е закон, изнајмуваш играч, имаш право да изнајмиш 2 играча, имаш листа на играчи од 14 до 44 години. Го тренираш ако ти е помлад, го праќаш по турнири, по вежби додека е помлад, после на 17-18 можеш на јуниорски турнири во кои спаѓаат и Јуниорските Грен Слемови (АО,RG,WM,US). Една турнирска недела во играта е 4 сати во живо, еден ден во играта е 40 минути (сабота и недела по 20мин.). Во недела во играта излегува жребот за тековниот турнир па потоа во понеделник се игра прво коло и на Home Page Ви се одбројуваат минути и секунди за колку време ќе започне мечот на вашиот играч, обично за некои 7-8 минути од стартот на денот. Се на се, многу интересна игра, ми ја препорача еден другар од Србија и ја играм од Јули 2011. За сите заинтересирани би можел да отворам тема со сите детали за играта, како да се пријавите, како да изнајмите играч и сите останати информации. :)
Ја напишав темата, можете да ја посетите на следниот линк, таму имате како да се регистрирате, линк, и некои побитни работи, доколку нешто не ви е јасно, слободно таму прашајте :)

LINK до темата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom