Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Не само што на прашање одговори со прашање туку и лош пример даде. Кои се тие луѓе, тие групи што се залагаат против породување и колкава нивната бројност? Шопенхауер не се важи. ;)

Значи правиме муабет за реални ситуации.
--- надополнето: 20 март 2012 во 18:18 ---
Се нафатив конкретно на делот "личен избор" со причина. Ако станува збор само за личен избор и ништо повеќе ниту помалку, зошто преку народни пари (ех, и јас имам проблем со овој термин) да се финансира абортусот? А тоа е секако потребно, со оглед на тоа што се потребни пари и време за такви операции. Зошто и тие што се против да плаќаат за туѓ "личен избор"? Се наметнува заклучокот дека доколку се очекува народот да плаќа за туѓ кикс (намерен или не) личниот избор лета низ прозор.

Понатака, каде ја повелкуваме линијата ако тргнеме по тој пат, "личниот избор е неоспорливо право". На некого не му се допаѓа како изгледа, таква фаца му дала мајка природа, што ќе прави... и негов личен избор е комплетна естетска операција. Дали и тоа треба да се покрие преку туѓи пари?
Колку се толку се ако има двајца баш и подобро здравствнеиот систем помалку страда. Стварно нема логика некој што несака да има деца да плаќа за некој кој се множи како зајак. На крајот на краиштата бременост не е болест туку личен избор и што мора друг да страда за нечив личен избор нели?
Aj гледам ни тргна со прашањата?
Дали со туѓи пари треба да се покрива лечење на рак на бели дробови кај пушач? Сам си е крив.
Дали со туѓи пари треба да се лечи завиност од хероин? Ко да незнаат дека создава зависеност. Зар треба некој друг да плаќа за да си уживаат џанаци?
Дали на некој дебељуцо треба да му се покриел лечењето од дијабет?
Да не тупам со прашања? Има многу состојби кој се резулатат на личен избор и животен стил пак се покриваат. Зошто?
П.С. Во некој земји на запад дури и естетска хирургија до некаде се покрива со пари од осигурување. Постојат приватни фондови и можеш да се осигураш речиси од се се разбира повеќе ќе си платиш.
 
Н

нихилист

Гостин

И каде ќе ја повлечеме линијата? Кај абортусот? Или ќе продолжиме да додаваме до бескрај?

Ни тргна со прашањата, навистина, упорно ми нафрлуваш прашања кои ги гледам како обид да оправдаш логичка недоследност преку набројување на повеќе логички недоследности (плус/минус неколку промашени примери). Ај ќе прекинам овде, гледам не се разбираме.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Не само што на прашање одговори со прашање туку и лош пример даде. Кои се тие луѓе, тие групи што се залагаат против породување и колкава нивната бројност? Шопенхауер не се важи. ;)

Значи правиме муабет за реални ситуации.
--- надополнето: 20 март 2012 во 18:18 ---
Се нафатив конкретно на делот "личен избор" со причина. Ако станува збор само за личен избор и ништо повеќе ниту помалку, зошто преку народни пари (ех, и јас имам проблем со овој термин) да се финансира абортусот? А тоа е секако потребно, со оглед на тоа што се потребни пари и време за такви операции. Зошто и тие што се против да плаќаат за туѓ "личен избор"? Се наметнува заклучокот дека доколку се очекува народот да плаќа за туѓ кикс (намерен или не) личниот избор лета низ прозор.

Понатака, каде ја повелкуваме линијата ако тргнеме по тој пат, "личниот избор е неоспорливо право". На некого не му се допаѓа како изгледа, таква фаца му дала мајка природа, што ќе прави... и негов личен избор е комплетна естетска операција. Дали и тоа треба да се покрие преку туѓи пари?

A каква врска имам јас, со оние кои одат на трудничко, па плаќам за нив? Нивниот личен избор, мене ништо не ми значи. Ми е гајле дали таму некоја родила. Што имам јас со тоа?
И заебано е да споредуваш естетска операција (а многу од истите, се покриени од фондот, кога станува збор за операција која ќе го подобри здравјето на човекот), и абортус.
Не е исто. Не може да биде исто.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Се нафатив конкретно на делот "личен избор" со причина. Ако станува збор само за личен избор и ништо повеќе ниту помалку, зошто преку народни пари (ех, и јас имам проблем со овој термин) да се финансира абортусот? А тоа е секако потребно, со оглед на тоа што се потребни пари и време за такви операции. Зошто и тие што се против да плаќаат за туѓ "личен избор"? Се наметнува заклучокот дека доколку се очекува народот да плаќа за туѓ кикс (намерен или не) личниот избор лета низ прозор.

Понатака, каде ја повелкуваме линијата ако тргнеме по тој пат, "личниот избор е неоспорливо право". На некого не му се допаѓа како изгледа, таква фаца му дала мајка природа, што ќе прави... и негов личен избор е комплетна естетска операција. Дали и тоа треба да се покрие преку туѓи пари?
Нихилисту, има многу работи кои некој (јас исто) не би сакал државата од неговиот (мојот) џеб на нив да троши или да ги финансира и слично. Ако тргнеме по таа логика, за ништо нема да има финансирање, нити доволно пари за да се направи нешто. Ако ти е во склоп на данокот што го даваш, и се издвојува од тоа, треба да гледаш на тоа дека веќе си се простил со тие пари и да се надеваш дека државата ќе ги искористи за нешто продуктивно.

Во овој случај мислам дека е доста продуктивно. Имаш разни ситуации кои завршуваат со несакана бременост. Неинформираност, незрелост или секс без заштита не се секогаш виновниците. Но, треба ли селективни да бидеме сега според критериуми некакви? Под какви услови поточно девојката станала бремена? Нејзиниот приватен живот пред дисплеј на биро за одлука, дали ќе одат со процес на абортус, или да бере друг чаре?

Биди реален.
 
Н

нихилист

Гостин
Оф леле, само еден пост погоре одговорив на ваквите рационализации...
:tapp:
 
A

AnFem

Гостин
Не само што на прашање одговори со прашање туку и лош пример даде. Кои се тие луѓе, тие групи што се залагаат против породување и колкава нивната бројност? Шопенхауер не се важи. ;)

Значи правиме муабет за реални ситуации.
--- надополнето: 20 март 2012 во 18:18 ---
Се нафатив конкретно на делот "личен избор" со причина. Ако станува збор само за личен избор и ништо повеќе ниту помалку, зошто преку народни пари (ех, и јас имам проблем со овој термин) да се финансира абортусот? А тоа е секако потребно, со оглед на тоа што се потребни пари и време за такви операции. Зошто и тие што се против да плаќаат за туѓ "личен избор"? Се наметнува заклучокот дека доколку се очекува народот да плаќа за туѓ кикс (намерен или не) личниот избор лета низ прозор.

Понатака, каде ја повелкуваме линијата ако тргнеме по тој пат, "личниот избор е неоспорливо право". На некого не му се допаѓа како изгледа, таква фаца му дала мајка природа, што ќе прави... и негов личен избор е комплетна естетска операција. Дали и тоа треба да се покрие преку туѓи пари?
Јасно. Иако абортусот е најмал „проблем“ за тоа каде би оделе народните пари. Обично се плискаат за многу погнасни работи што никој не ги поддржува. Плус тоа, гледај на посветлата страна, наместо да му го наполниш џебот на некој политичар, донираш пари да не се роди плус уште една амеба (со оглед на околностите, шансите се поголеми, отколку гениј) :icon_lol:
 
G

galaxy

Гостин
Имам едно прашање во врска со законска регулатива кај нас. Дали таткото може да избегне плаќање на алиментација за детето ако не го сака, а сепак мајката се одлучила да го роди? Тоа би дошло како машки абортус.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Имам едно прашање во врска со законска регулатива кај нас. Дали таткото може да избегне плаќање на алиментација за детето ако не го сака, а сепак мајката се одлучила да го роди? Тоа би дошло како машки абортус.
Па да. Или ако мајката не го сака детето, а таткото го сака, да биде жената натерана да го носи 9 месеци детето и да го роди?

Мислам, не се обидувам да бидам саркастичен, баш потегнува сериозни прашања овој пристап.
--- надополнето: 20 март 2012 во 19:46 ---
Оф леле, само еден пост погоре одговорив на ваквите рационализации...
:tapp:
Не си одговорил ништо. Туку си искористи аргумент - "Мои пари да давам за абортус? - Зошто, ако не сакам?"

Ти кажав зошто. Simple as that.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Имам едно прашање во врска со законска регулатива кај нас. Дали таткото може да избегне плаќање на алиментација за детето ако не го сака, а сепак мајката се одлучила да го роди? Тоа би дошло како машки абортус.
Мислам дека таткото има опција да не го признае детето. Со тоа избегнува било какви правни обврски према истото.
 
G

galaxy

Гостин
Па да. Или ако мајката не го сака детето, а таткото го сака, да биде жената натерана да го носи 9 месеци детето и да го роди?

Мислам, не се обидувам да бидам саркастичен, баш потегнува сериозни прашања овој пристап.
Читав на некој сајт како за ова прашање жените имале повеќе права бидејќи, теоретски, можат да абортираат, а никој не се борел за правата на мажите во врска со ова.

Ме интересира каква е ситуацијата кај нас, оти познавам семејство во кое таткото се има откажано од детето и не плаќа ништо, а мајката одлучила да го роди.
Прашањето ми беше, дали ако мајката одлучи да бара алиментација судот би и доделил, или откажувањето е „абортус“ и таткото не може да биде обврзан да плаќа?
 
I

Iblis

Гостин
Мислам дека таткото има опција да не го признае детето. Со тоа избегнува било какви правни обврски према истото.
Не ако се докаже дека е негово. Ќе плаќа алиментација и понатаму може истото да бара дел од наследството.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Не ако се докаже дека е негово. Ќе плаќа алиментација и понатаму може истото да бара дел од наследството.
Хм, не би рекла.
А како ќе докажеш? Со сила ќе ти земат ДНК? :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Судски налог.
Познавам ваков случај.
Тогаш тоа мора да се промени.
Односно, уште за време на бременоста да се потипше некаков договор, дека двајцата се согласни за раѓање на детето (ако не се во брак).
Не може некоја, зашто така и прднало, некому да наметнува родителство.
Од друга страна, тука се и мажјаците кои ,,ќе го признаат,, детето, ама во последна фаза се одлучуваат да киднат.
Одлуката за раѓање мора да биде двострана, секое изигрување на оној кој не сака дете, мора да биде санкционирано.
Не прифаќам наметнување на родителство.
Или, ако веќе на него му е сеедно, таа нек си потпише изјава дека никогаш нема од него, ништо да бара.

А што правиме со децата по домовите, што да бараат тие од родителите кои ги склепале и ги оставиле?
Или само затоа што мајката одлучила да го задржи, треба да се казнува и таткото?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom