Стефус-Рефус
Jesus Loves Macedonia
- Член од
- 30 август 2009
- Мислења
- 3.452
- Поени од реакции
- 1.210
Колку се толку се ако има двајца баш и подобро здравствнеиот систем помалку страда. Стварно нема логика некој што несака да има деца да плаќа за некој кој се множи како зајак. На крајот на краиштата бременост не е болест туку личен избор и што мора друг да страда за нечив личен избор нели?Не само што на прашање одговори со прашање туку и лош пример даде. Кои се тие луѓе, тие групи што се залагаат против породување и колкава нивната бројност? Шопенхауер не се важи.
Значи правиме муабет за реални ситуации.
--- надополнето: 20 март 2012 во 18:18 ---
Се нафатив конкретно на делот "личен избор" со причина. Ако станува збор само за личен избор и ништо повеќе ниту помалку, зошто преку народни пари (ех, и јас имам проблем со овој термин) да се финансира абортусот? А тоа е секако потребно, со оглед на тоа што се потребни пари и време за такви операции. Зошто и тие што се против да плаќаат за туѓ "личен избор"? Се наметнува заклучокот дека доколку се очекува народот да плаќа за туѓ кикс (намерен или не) личниот избор лета низ прозор.
Понатака, каде ја повелкуваме линијата ако тргнеме по тој пат, "личниот избор е неоспорливо право". На некого не му се допаѓа како изгледа, таква фаца му дала мајка природа, што ќе прави... и негов личен избор е комплетна естетска операција. Дали и тоа треба да се покрие преку туѓи пари?
Aj гледам ни тргна со прашањата?
Дали со туѓи пари треба да се покрива лечење на рак на бели дробови кај пушач? Сам си е крив.
Дали со туѓи пари треба да се лечи завиност од хероин? Ко да незнаат дека создава зависеност. Зар треба некој друг да плаќа за да си уживаат џанаци?
Дали на некој дебељуцо треба да му се покриел лечењето од дијабет?
Да не тупам со прашања? Има многу состојби кој се резулатат на личен избор и животен стил пак се покриваат. Зошто?
П.С. Во некој земји на запад дури и естетска хирургија до некаде се покрива со пари од осигурување. Постојат приватни фондови и можеш да се осигураш речиси од се се разбира повеќе ќе си платиш.