Премногу сум изреволтиран последниве денови од некои случки и коментари што се шират против навивачите на нетов, конкретно за Македонските групи. Пред да започнам ќе ги замолам сите со стереотипни мислења од типот навивачите се наркомани, пијаници, хулигани, кретени, идиоти да не пишуваат на темава и да се воздржат од секаков коментар, за да не иде дискусијата во погрешна насока.
Не ми е јасно по кој основ политичарите, медиумите па и народот целата јавност и сите вие не обвинувате нас дека сме дежурни виновници ? За секој инцидент, за секоја тепачка, за секое злосторство, па сега дури и за темава ние навивачите сме етикетирани како виновници. По што се разликуваме ние навивачите од вас "обичните" луѓе? Па и ние сме обични луѓе, луѓе со еден идеал една цел едно заедночко размислување и не спојува еден клуб.
Ќе тргнам полека од почеток..
Инцидент во Нерези, каде што Комити беа виновниците и наводно имало жени со дупнати глави. Каде е таа жена да се појави? Нема врска тоа, важно и ден денес на Комити им се суди за чиста невистина, влагање по домови, аха
Последниве 3 недели многу добро знаеме како стојат работите по автобусите и со Албанците. Секој ден Албанци напаѓаат наши(под наши мислам Македонци), ниеден не е пронајден? Македонци 2 пати нападнаа еднаш во Кисела Вода и ко за несреќа па само Македонците беа осудени од целата јавност, па дури некои новинари се дрзнаа јавно да ги објават и имињата и презимињата па дури и надимаците на дечките.
Апсудрдно е да ги спомнувам тука А1 кои се веќе минато, голем дел од вас што ја гледаа таа телевизија ќе знаат дека преокупирани беа со навивачите. Тие не веруваа на навивачите за полициската бруталност, осетија на своја кожа и сватија дека грешат. Затоа барам од вас да ми дадете објаснување по кој основ ние сме дежурни виновници за се. Секој политичар, секој полицаец, секој новинар, секој државјанин на оваа држава не етикетира нас. Што е за вас хулиган? Човек што истепал дете на улица? Не, видете што е хулиган во Англија, Италија, Германија, Грција, Полска, Русија, напредни земји од кои треба пример да зимаме, а токму од тие држави потекнува хулиганството. Демолирање, палење на цел град, уништување и палење на јавен имот, е тоа е хулиганство.
Што е за вас идиот, кретен? Тоа се оние луѓе што имаат свое јас, што имаат цел во животот и знаат што сакаат во него? Што се борат за сопствената правда и за клубот ? Точно е дека има вакви поединци во секоја група, но тоа не е причина целата група да се етикетира како таква. Во секоја политичка партија, државна институција, па и тука на форумов можно е да има вакви личности па тоа не значи дека форумов или таа институција е идиотска.
Нонстоп плукате по навивачите вакви такви, а всушност запрашајте се зошто можеби сеуште живеете во мир. Сетете се во 2001 како сите навивачи ги напуштија трибините и отидоа да ја бранат Македонија. Многу од вас тука го правите Јохан херој и го величате, а всушност немате појма дека тој беше водач на навивачката група Комити. Па според вашите стереотипни мислења дали он е хулиган, наркоман и пијаница? Тоа е човек како и сите останати навивачи, човек што застана во први борбени редови за оваа држава.
Немојте да ме сватите погрешно дека сум пристрасен ама немам право да зборам за друга навивачка група и ќе се задржам за Комити. Па како тоа на Кале каде што 1500+ Албанци јавно на снимки се гледа па дури и дотичниот господин Груби се гледа како тепа и други партиски личности од албанска националност не се осудувани, а Комити се ? Кога многу добро се виде кој кон што тргнал, некој за тепање некој за црква. Медиумите и јавноста пак Комити т.е. навивачите ги етикетираа како виновници, по кој основ? По кој основ нивни членови поточно Омер Буњаку водач на навивачката група Шверцери и Артан Груби бивш водач, се ослободени од лисици јавно пред камера?
Сума сумарум да скратам, целта ми е зошто само Македонските навивачки групи се оцрнуваат и секој криминал се префрла на нивни грб. По кој основ сме ние за се криви?
пс. Ќе ве замолам темата да ја оставите тука, сметам ќе се развие поголема дискусија, ќе се префрли во соодветниот форум покасно.