Ако прочиташ троа повнимателно во евангелијата, ќе видиш дека Христос никаде не повикува на бунт.
Но, Ти самиот си поставуваш премиси (читај: предрасуди), демек, Христос дошол не за да не‘ спаси од гревовите наши, туку, наводно, да се бунтува против римската окупациона војска, а со цел да стане цар, па кога згора на таа своја премиса ќе и го додадеш и стихот со мечот (овде мечот е симболика а не предмет!) Твојата прикаска за ликот и улогата Христови сама од себе се комплетира! Христос донесе не мир, туку меч, и последично, Христос се бунтува против окупационите римски сили, за да го врати царскиот трон!
Море, ваква прикаска ни протестаните не би смислиле, настрана сета нивна вештина во комбимирање на неспоиви стихови, извадени од контекст...