Кирца ти си сигурно еден од вработените во Jupiter штом толку се обидуваш да ги оправдаш.
Па кој ти дава денес нешто бесплатно, и ако веќе има наградна игра треба само неколку да бидат добитници и тоа со бесплатен превоз и сместување, а не на сите да праќаат дека се добитници а и згора на тоа уште по 5 пријатели можеме да повикаме, тоа не е логично , каде е нивниот профит ако на сите им плаќаат сместување. Тие добро си имаат пресметано се, за да бидат во добивка а да изгледа како гратис.
Мене веќе по трети ми праќаат дека сум добитник, 2 пораки за понудата есен во прага и тоа од различни личности на маил од кој немам профил на фб а тие упорно ме убедуваат дека сум се пријавил од фб, и сега за крф со директна порака на фб со образложение дека некој пријател ме препорачал за наградната игра. Интересно за понудата за есен во прага беше тоа што за патувањето и за др трошоци требаше да доплатам 127 евра а сместувањето ми било бесплатно, а во друга агенција ја најдов истата понуда и тоа со со подолг престој од плус 1 вечер за 140 евра вклуцено се - сместување, патување и други трошоци. Значи тиа само лажат дека имаме гратис сместување а за тоа да изгледа така и на нив да им одговара ја зголемуваат цената за патување и додаваат некои други трошоци. Инаку да ти појаснам зошто цената за крф е толку ниска, затоа што ова е вонсезонска цена додека сезонските цени се многу повисоки, и затоа тие бараат уште сега да се плати. Кирца еден совет од мене - За да знаеш дали одредена понуда е добра прво разгледај ги сите останати понуди и можности![]()
Прво и основно да расчистиме,не сум вработен во Јупитер.Второ јас зборев за оваа понуда и оваа понуда не ја споредив со ниедна друга пошто уште неам гледано понуди од други агенции и зборев за мене.Го вртев тоа на фејсбук и оставив лични податоци и кога ми се јавија знаев од кај им е мојот број и моето име.За вас од кај ви се јавиле,ве убедувале и не знам ти ја што не зборев зошто не знам.Зборев за тоа дека не гледам каде би можело да те заебат...