Што се случи со средната класа во Македонија?

Член од
12 декември 2010
Мислења
310
Поени од реакции
101
Според мене средната класа во македонија се изгуби во оној момент кога се затворија фабриките.Факт е дека без сопствено производство нема средна класа.Дали можеше да се смени нешто,за да средната класа опстои???Па најверојатно можеше,ако народот излезеше и кренеше побуна против затворање на фабриките во почетокот на 90тите.Но наместо да излезе и да крене побуна,поголем број од луѓето земаа опремнина по 5000-10000 марки и избегаа од работните места.Како да не им беше јасно дека парите брзо ќе ги потрошат, и после ќе бидат ниска класа,а владата и луѓето од власта ќе го земат 95% од капиталот во фабриките.А за тоа колку беа вредни фабриките изградени во бившата држава СФРЈ,говори и тоа што,власта и луѓето во неа се уште ги јадат нив.
И така ќе биде додека не се изеде се!После ќе отидеме под нечија робија и ќе не снема:( Но се е можно.Можеби македонецот ќе се просвести и ќе излезе пред влада да се побуни.Но јас повеќе верувавм во онаа друга теорија,а тоа е дека народов ќе си ги исчува овие две партии уште едно добри 20 години.Ама тоа е!АКо ништо друго овие 20 години си дознавме многу работи за нас како:Дека лесно потпаѓаме на пропаганда,дка немаме храброст да испаднеме и да кренеме бунт против коруптивните власти во овие години,дека не почитуваме туѓи нации и вери и така натаму,
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Но покрај ова и ред други работи играат улога во класификацијата, на пр. културното и интелектуалното ниво, факт е дека во ниските класи нема многу интелектуалци, таму се ниските слоеви на население, помалку образовани и на понизок културен степен, во смисол раѓаат повеќе деца, додека пак интелектуалците влегуваат во брак доста подоцна и имаат по 1 дете !
На пр. во комшилук кај мене има една крајно-сиромашна фамилија, а пред некој месец им се роди и третото дете, а ќе тераат и понатаму да склапаат деца, иако живеат во дупка и неписмени се, а само таткото работи за минималец, но они не мислат на последиците дека тие деца(3+) треба да живеат од нешто, но тоа е веќе друга тема на дискусија !
Децата се најголемо богатство.
Точно е дека има луѓе, кој го претпоставуваат материјалното богатство пред имањето на деца, но тоа е лош знак.
Познавам семејства кои имаат три, четири деца, кој се образовани, ситуирани, културни и тн. Но познавам и невработени, кои не се одлучуваат ниту на брак, а камо ли на раѓање деца.
Намалувањето на бројот на деца кои ги раѓа една жена е појава која е присутна веќе 200 години.
Се согласувам дека за ова треба да се отвори тема.
 
TORPEEDOOZ

+_-SNIPER-_+
Член од
6 јануари 2012
Мислења
32
Поени од реакции
25
Според мене средната класа во македонија се изгуби во оној момент кога се затворија фабриките.Факт е дека без сопствено производство нема средна класа.Дали можеше да се смени нешто,за да средната класа опстои???Па најверојатно можеше,ако народот излезеше и кренеше побуна против затворање на фабриките во почетокот на 90тите.Но наместо да излезе и да крене побуна,поголем број од луѓето земаа опремнина по 5000-10000 марки и избегаа од работните места.Како да не им беше јасно дека парите брзо ќе ги потрошат, и после ќе бидат ниска класа,а владата и луѓето од власта ќе го земат 95% од капиталот во фабриките.А за тоа колку беа вредни фабриките изградени во бившата држава СФРЈ,говори и тоа што,власта и луѓето во неа се уште ги јадат нив.
И така ќе биде додека не се изеде се!После ќе отидеме под нечија робија и ќе не снема:( Но се е можно.Можеби македонецот ќе се просвести и ќе излезе пред влада да се побуни.Но јас повеќе верувавм во онаа друга теорија,а тоа е дека народов ќе си ги исчува овие две партии уште едно добри 20 години.Ама тоа е!АКо ништо друго овие 20 години си дознавме многу работи за нас како:Дека лесно потпаѓаме на пропаганда,дка немаме храброст да испаднеме и да кренеме бунт против коруптивните власти во овие години,дека не почитуваме туѓи нации и вери и така натаму,
Според твоиве мислења можам да претпоставам дека си левичар/ка, а левичарски политики, сфаќања и идеи воопшто не ме занимаат.
Социјализмот одамна пропадна и секој Социјалист/Комунист е пред се ретрограден човек и време е конечно да се реформирате.
--- надополнето: 16 март 2012 во 13:34 ---
21 век е алооо. Какви ви се тие класи што ги барате уште? Ебем ти демократијата ако уште се делиме на класи. Шо не го вратете феудализмот а?
Класите отсекогаш постоеле, уште од древни времиња, 100% еднаквост е чиста утопија и таа е невозможна ниту кај животните ниту кај луѓето. Класите постоеле во сите досегашни општества Робовско, Феудализам, Капитализам, па дури ни во Социјализмот немаше 100% еднаквост помеѓу луѓето, а пак камо ли денеска да постои еднаквост во Капитализмот.
Класите никогаш неможат да изчезнат, постоеле, постојат и ќе постојат, само што треба да се работи на ублажување на јазот помеѓу истите, но секако дека ќе постојат се додека постојат и луѓе на планетава Земја.
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
66
Поени од реакции
36
Напротив државата ја создаде новата средна класа и тоа намерно.
Вработените во државната администрација се новата средна класа.Тие кои имаат стабилна плата и можат многу лесно да земат кредит. (Полесно можеш да се вработаш во Пентагон отколку во државна администрација)
Лошото е што таа средна класа е паразит на ниската класа т.е реалниот сектор.
Во Македонија се е наопаку
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Класите никогаш неможат да изчезнат, постоеле, постојат и ќе постојат, само што треба да се работи на ублажување на јазот помеѓу истите, но секако дека ќе постојат се додека постојат и луѓе на планетава Земја.
Јазот е ирелевантен важно е во апсолутна вредност да се зголемува животниот стандард а не во релативна. Нема потреба да се намалува јазот важно е секој да оди напред најбрзо што може. Секој треба да си гледа лично за себе а не за други.
 
TORPEEDOOZ

+_-SNIPER-_+
Член од
6 јануари 2012
Мислења
32
Поени од реакции
25
Според мене средна класа денеска се луѓето кои работат во администрацијата: здравство, школство, полиција, судство, царина и.т.н. ОК секако дека не мислам на нискиот кадар во овие институции, туку на средниот и висок кадар.
Исто така во средна класа ги ставам и луѓето кои имаат имот кој го издаваат и од кој земаат кирии односно живеат, а исто така во оваа класа ги ставам и лицата кои имаат мали бизниси.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
и секој Социјалист/Комунист е пред се ретрограден човек
--- надополнето: 16 март 2012 во 13:34 ---
Мислам дека овој твој став нема основ во стварноста.
Gabriel José García Márquez,, Albert Camus,Sir Charles Spencer Chaplin,Jean-Paul Sartre,Ernest Miller Hemingway,Jack London,Pablo Ruiz Picasso,Magdalena Carmen Frieda Kahlo y Calderón ,Diego María de la Concepcíon Juan Nepomuceno Estanislao de la Rivera y Barrientos Acosta y Rodríguez и многу други биле некое време или цел живот блиски до идеите на социјализмот.
Нема основ тоа што го тврдиш
 
Член од
11 август 2011
Мислења
266
Поени од реакции
169
Јазот е ирелевантен важно е во апсолутна вредност да се зголемува животниот стандард а не во релативна. Нема потреба да се намалува јазот важно е секој да оди напред најбрзо што може. Секој треба да си гледа лично за себе а не за други.
Ама така јазот само ке се зголеми бидејќи богатиот секогаш ке оди напред побрзо од сиромавиот. Подобро е некако да се распредели богатството, ова вака не бидува веќе, некој спие на пари некој нема за леб.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495

Како тоа да се распредели богатството ............. :facepalm:
Секој си го брани своето, па макар да е и една педа земја, кој е тој што ќе даде на друг што го нема ни тоа ?!
На пр. јас имам доволно т.е. онолку колку што ми е потребно за нормален живот, не сум ниту богаташ, ниту пак сиромав и зашто и тоа просечно што го имам да го давам на некој што го нема ни тоа, стварно ти се без врска работиве што ги пишуваш :facepalm:
И баш дека од една страна има такви што спијат на пари, а од друга страна има и такви кои немаат ни скршен денар, затоа треба да постои средина/баланс т.е. нешто помеѓу !
Пак ќе повторам по стоти пат:
Општество без средна класа е мртво општество,
оди разговарај со стручни лица од оваа област и ќе ти го објаснат поопширно ова што е болдирано !
Б.Т.В. револуциите ги прават средните класи, а не сиромасите, сиромасите се борат да преживеат, додека целите на средната класа се сосема поинакви, средната класа е таа која треба во иднина да го сруши Корпоративниот и бесмислен Капитализам !
Јас сум за Капитализам, но не за ваков имагинарен Капитализам како што е денешниов Корпоративен Капитализам !
А Социјализмот/Комунизмот ти е срање прва лига, ко што кажа еден член претходно.
Иднината е во либерал-десничарската идеологија.... !
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
]Ама така јазот само ке се зголеми бидејќи богатиот секогаш ке оди напред побрзо од сиромавиот. Подобро е некако да се распредели богатството, ова вака не бидува веќе, некој спие на пари некој нема за леб.
Никако!!! Капиталот не смее да се прераспределува има причина зошто е кај едни а не кај други. Тие што знаат добро да ракводат со него го имаат и тие треба сите да ги влечат нанапред а не обратно. Социјални мерки само ја уништуваат економијата и водат до стагнација.
--- надополнето: 16 март 2012 во 22:35 ---
Како тоа да се распредели богатството ............. :facepalm:
Секој си го брани своето, па макар да е и една педа земја, кој е тој што ќе даде на друг што го нема ни тоа ?!
На пр. јас имам доволно т.е. онолку колку што ми е потребно за нормален живот, не сум ниту богаташ, ниту пак сиромав и зашто и тоа просечно што го имам да го давам на некој што го нема ни тоа, стварно ти се без врска работиве што ги пишуваш :facepalm:
И баш дека од една страна има такви што спијат на пари, а од друга страна има и такви кои немаат ни скршен денар, затоа треба да постои средина/баланс т.е. нешто помеѓу !
Пак ќе повторам по стоти пат:
Општество без средна класа е мртво општество,
оди разговарај со стручни лица од оваа област и ќе ти го објаснат поопширно ова што е болдирано !
Б.Т.В. револуциите ги прават средните класи, а не сиромасите, сиромасите се борат да преживеат, додека целите на средната класа се сосема поинакви, средната класа е таа која треба во иднина да го сруши Корпоративниот и бесмислен Капитализам !
Јас сум за Капитализам, но не за ваков имагинарен Капитализам како што е денешниов Корпоративен Капитализам !
А Социјализмот/Комунизмот ти е срање прва лига, ко што кажа еден член претходно.
Иднината е во либерал-десничарската идеологија.... !
Јас еднаш кажаш нешто што ја уништува средната класа се даноци и инфлација. Ако има економски раст ќе има и моќна средна класа. А економски раст се прави со стабилна и добра законска и безбедосна клима, ниски даноци, мал буџет, несоцијална држава итн.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Никако!!! Капиталот не смее да се прераспределува има причина зошто е кај едни а не кај други. Тие што знаат добро да ракводат со него го имаат и тие треба сите да ги влечат нанапред а не обратно. Социјални мерки само ја уништуваат економијата и водат до стагнација.
--- надополнето: 16 март 2012 во 22:35 ---

Јас еднаш кажаш нешто што ја уништува средната класа се даноци и инфлација. Ако има економски раст ќе има и моќна средна класа. А економски раст се прави со стабилна и добра законска и безбедосна клима, ниски даноци, мал буџет, несоцијална држава итн.
Па фала богу дека е така, ама пак ќе кажам:
Теле се учи, ама вол не се учи !
Класи одсекогаш постоеле, постојат и ќе постојат !
На пр. јас т.е. моето семејство сме средна класа, не ми/ни е целта да станеме висока класа, туку да опстоиме како средна класа и во иднина, а верувам дека и другите припадници на оваа класа го имаат истово мислење !
Безкласно општество т.е. општество во кое сите ќе бидат една иста класа(вештачки створена) е чиста утопија и имагинарна идеја, ниту кај животните нема еднаквост, ниту пак кај луѓето, се додека постојат живи луѓе на планетава напоредно со тоа ќе постојат и различните класи(ниска, средна, висока) !
 
I

Iblis

Гостин
Никако!!! Капиталот не смее да се прераспределува има причина зошто е кај едни а не кај други. Тие што знаат добро да ракводат со него го имаат и тие треба сите да ги влечат нанапред а не обратно. Социјални мерки само ја уништуваат економијата и водат до стагнација.
--- надополнето: 16 март 2012 во 22:35 ---

Јас еднаш кажаш нешто што ја уништува средната класа се даноци и инфлација. Ако има економски раст ќе има и моќна средна класа. А економски раст се прави со стабилна и добра законска и безбедосна клима, ниски даноци, мал буџет, несоцијална држава итн.
Првиот дел , да и конкретно за економијата, ама државата не е само економија има и дополнителни социо-политички животни аспекти.
Види вака, ако остане 1 мала елита со значаен, најголем дел од капиталот(ирелевантно како е стекнат), масата "сиромаси" ќе им го земе, украде, присвои било кој термин употреби, затоа тие социјални мерки постојат, ред да има колку толку.

Вториот дел, се согласувам,сепак инфлацијата е неизбежна и е ДОБРА во одредени граници, таа помага во растот на економијата(нека стои ова вака), а за даноците 100% се сложувам, лоша даночна политика може да ја уништи класата за помалку од 1 декада.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Никако!!! Капиталот не смее да се прераспределува има причина зошто е кај едни а не кај други. Тие што знаат добро да ракводат со него го имаат и тие треба сите да ги влечат нанапред а не обратно. Социјални мерки само ја уништуваат економијата и водат до стагнација.
--- надополнето: 16 март 2012 во 22:35 ---

Јас еднаш кажаш нешто што ја уништува средната класа се даноци и инфлација. Ако има економски раст ќе има и моќна средна класа. А економски раст се прави со стабилна и добра законска и безбедосна клима, ниски даноци, мал буџет, несоцијална држава итн.
Да така е, но кај нас нема никаков економски раст, ниту пак поволна и стабилна законска и безбедносна клима, даноците скокнаа до небо, буџетот се дуплираше, а башка и оваа влада води социјалистичка политика со еден куп на социјални мерки ! :facepalm:
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Првиот дел , да и конкретно за економијата, ама државата не е само економија има и дополнителни социо-политички животни аспекти.
Види вака, ако остане 1 мала елита со значаен, најголем дел од капиталот(ирелевантно како е стекнат), масата "сиромаси" ќе им го земе, украде, присвои било кој термин употреби, затоа тие социјални мерки постојат, ред да има колку толку.

Вториот дел, се согласувам,сепак инфлацијата е неизбежна и е ДОБРА во одредени граници, таа помага во растот на економијата(нека стои ова вака), а за даноците 100% се сложувам, лоша даночна политика може да ја уништи класата за помалку од 1 декада.
Прво економски раст па после социјала никако обратно. Побрзо ќе постигнеш благосостојба на долг и одржлив рок со економски раст отколку со краткорочни и кусогледи социјлани мерки. Социјалните мерки треба да се на минимум. Тие го кочат растот.
За инфлација делумно си во право. Но, сепак е факт дека ја уништува ниската и средна класа богатите не се погодени многу бидјќи имаат доволно дискрециони приходи за да инвестираат во инфалциони хеџови (нафта, злато, земјоделско земјиште итн). Не би навлагал многу дали инфалцијата е неопходна зошто до пред 80 години имаше глобална дефлација кога светот беше на златен стандард. А колку е крив златниот стандард за големата депресија е доста дискутабилно и сосема друга тема.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom