Windfucker
Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
- Член од
- 30 април 2010
- Мислења
- 8.459
- Поени од реакции
- 15.326
17 март со почеток во 14 часот на Школка во градскиот парк е закажан „Марш на Мирот“. На маршот се добредојдени сите луѓе кои се залагаат за смирување на тензиите и подигнување на јавната свест за заеднички живот. Всушност станува збор за граѓанска иницијатива со цел да се разбуди граѓанската и човечката освестеност.
Jавноста преку маршот ќе го изнесе своето инсистирање на смирување на тензиите, живеење во општество без насилство, предрасуди и манипулации, и за живеење едни со други наместо едни покрај други.
БезПардон се придружува и ја поддржува оваа иницијатива, како и Маршот на Мирот. За тоа што ќе се случува во сабота на Школка погледнете од програмата во продолжение.
Стоп за насилството
„За сите добронамерни и освестени луѓе кои сакаат да живееме заедно во мир, да живееме едни со други а не едни покрај други, без етнички, верски, политички и идеолошки предрасуди- да маршираме заедно за мир и љубов“, ова е пораката на Граѓанското движење „Заедно за мир“.
● Манифестацијата ќе започне пред „Школка“- Градски парк, во 14:00 часот, со настап на повеќе познати музичари од Македонија, кои преку масовен настап во живо ќе изведуваат светски познати мировни химни;
● Манифестот на мирот, ќе биде прочитан од актерите: Сабина Ајрула, Висар Вишка и Билјана Беличанец;
● Во 14:30 часот, присутните граѓани ќе го започнат Маршот за мир, чиј правец на движење ќе се одвива од Градскиот парк, преку бул. Илинденска, мостот Гоце Делчев, потоа движење кон Музејот на Холокаустот до Камениот мост – симболот на заедништвото, за потоа преку Градскиот кеј, зад зградата на Владата на РМ, повторно заврши на „Школка“ во Градскиот парк.
● Настап на повеќе музичари и бендови и други форми на мировен активизам ќе се одвиваат се до 17:00 часот. Сите тие, сите ние недвосмислено ја упатуваме пораката:
Ние сме:
ЗА Мир!
ЗА живеење едни со други наместо едни покрај други!
ЗА Смирување на тензиите!
ЗА Доброто на сите луѓе!
ЗА Пријателство!
ЗА Општество без насилство!
Без предрасуди и манипулации!
Добредојдени се сите луѓе кои се залагаат за смирување на тензиите и подогнување на јавната свест за заеднички живот!
Ова е прашање на граѓанска и човечка освестеност!
Да го посадиме семето на љубовта.
Сакаме и можеме!