Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.498
Калориметрите се поставени на влезот во зградите и ја мерат влезната енергија која потоа колективно се дели и наплаќа по метар квадратен од потрошувач т.е. братска делба. Работата е што многу луѓе имаат реновирано станови и додавано додатни ребра па и цели радијатори.Проблемот е како да се изведе индивидуално мерење за секој стан посебно, и да се плаќа според потрошеното, со можност и да се штеди колку се троши нели. Е сеа сите знаеме за калориметри, меѓутоа нивната цена е висока (од 150евра нагоре) и се погодни само за станови каде што парното греење е изведено хоризонтално со цевки под паркет и орманче пред влезната врата од станот. За да се стават калориметри во стан со вертикална инсталација на парното тоа би значело за секој радијатор(вертикала) по еден калориметар или пример 3 радијатора 3 калориметри или 500еврејки. За една зграда со 50 стана тоа би дошло трошок од некојси хмм 25000 еврејки и сакате топлификација да не части ? :)
Баш се запрашав како е ова решено во блиското ни соседство и еве што открив. Во бугарија веќе неколку години се применува а од лани и во хрватска.
ДА недолжам еве слика

Ова не се калориметри туку многу поефтини топломери кој се монтираат и се запечатуваат на секој радијатор во станот а потрошувачката во KW им се очитува бежично, мислам дека користи GSM мрежа за пренос на податоците. Инкасаторот си доаѓа со дигитален читач пред врата и без да влегува во станот си очитува. На сајтов www.toplo.bg има и ценовник за физички лица и цената на мерачиве (по блгарски Топлоразпределители) кој воглавном се на Siemens се движи од 14 до 28 евра парче. Мислам дека за системов да функционира мора и протокот на вода да се мери е сеа колку мерачи на вода треба незнам ама и тие не се скапи 20 евра се.
По хрватските сајтови најдов дека таму приватни фирми лиценцирани од нивната топлификација склучуваат договори за инсталација на вакви топломери (toplinski razdjelnici) со кукни совети од зградите при што услов е барем 50% од станарите да бараат да се инсталираат. Кај нив па освен топлометри услов е да ги заменат и вентилите на радијаторите со нови за да функционира штедењето пошто се знае дека тие по стариве станови се запечатени и не функционираат. Еве за Ријека видео за овие уреди.

Еве и едно видео демонстрација на системот за мерење од некојси бренд Brunata кој најдов дека е влезен со свои производи и во БГ и во Кроација.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Како може тој што е исклучен да плаќа 50%, таа теорија дека исклучените станови се греат од цевките кој поминуваат во вертикалата е најголемата глупост. Мене не интересира, зашто градот Скопје не крене малку глас, сепак таа мрежа која ја користи топлификација е на градот, или пак имаат некој deal меѓу себе. Во право е Dr.Chase калориметар треба задолжително да поседува секој стан.
Секое мерење не значи и точно мерење. Со калориметрите кој сега се користат, само Топлификација собира повеќе пари, бидејќи се работи за „ мерење “ во корист на Топлификација.
За молчењето на Општината и Градот наполно си во право. Снабдувањето со топлинска енергија, според Законот за локална самоуправа е надлежност на Општината. Но тие молчат и гледаат кај да стават некоја зона и рампа или да купат пајак- возило па да „ стопанисуваат и поштено заработуваат “
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
како може некој мене да ми наплати за услуга која НЕ ја користам повеќе? едноставно е ако сакам да ја користам ке платам колку што ке ми кажат ако несакам не плаќам ништо и чао - никој не им е кри што топлината од кај комшијата иде и во мојот стан.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
како може некој мене да ми наплати за услуга која НЕ ја користам повеќе? едноставно е ако сакам да ја користам ке платам колку што ке ми кажат ако несакам не плаќам ништо и чао - никој не им е кри што топлината од кај комшијата иде и во мојот стан.
болд - битен момент :)
"Топлината" од кај комшијата не оди ни во неговиот стан, а не пак во твојот.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
болд - битен момент :)
"Топлината" од кај комшијата не оди ни во неговиот стан, а не пак во твојот.
ај да ти пообјаснам гледам си се збунил
топлината секогаш оди нагоре така да дој што е на 2ри ако користи парно - од топлината ја загрева и плочата и мал дел од неа се префрла и кај тој што е на 3ти спрат. не биди толку буквалиста
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
ај да ти пообјаснам гледам си се збунил
топлината секогаш оди нагоре така да дој што е на 2ри ако користи парно - од топлината ја загрева и плочата и мал дел од неа се префрла и кај тој што е на 3ти спрат. не биди толку буквалиста
Јас буквалиста? Ти си буквалиста што не си ја видел иронијата во постот. :D
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Па дури и одреден износ до 50% е многу да се плаќа.
Во Скопје поголемиот број од зградите се со парно греење. Според ова испаѓа дека човек ако сака да купи нов стан треба да се ориентира според тоа дали зградата има воспоставено парно греење или нема, наместо според локацијата и цената на станот. Реално гледано секој повеќе би сакал да се грее со парно наместо на струја или пак на дрва ама штом се повеќе се зголемува бројот на луѓето кои се откажуваат од топлификација очигледно е дека станува збор за општ проблем и безсмислено е воведување на давачки од ваков тип, зашто ако луѓето беа задоволни од топлификација немаше да се откажат од истата.

Значи сега тој што се откажал треба да си го плаќа и своето (струја/дрва) и плус на топлификација да и дава 50%, крајно револтирачки.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Па дури и одреден износ до 50% е многу да се плаќа.
Во Скопје поголемиот број од зградите се со парно греење. Според ова испаѓа дека човек ако сака да купи нов стан треба да се ориентира според тоа дали зградата има воспоставено парно греење или нема, наместо според локацијата и цената на станот. Реално гледано секој повеќе би сакал да се грее со парно наместо на струја или пак на дрва ама штом се повеќе се зголемува бројот на луѓето кои се откажуваат од топлификација очигледно е дека станува збор за општ проблем и безсмислено е воведување на давачки од ваков тип, зашто ако луѓето беа задоволни од топлификација немаше да се откажат од истата.

Значи сега тој што се откажал треба да си го плаќа и своето (струја/дрва) и плус на топлификација да и дава 50%, крајно револтирачки.
Ова плаќање на 50% е прв пат воведено во Скопје 1982 со цел да се „ спаси “ Топлификација која и тогаш беше пред пропаст.
И сега е слична ситуација.
Проблем што системите за далечинско греење треба да представуваат најдобро и најефтино греење, а Топлификација тоа одамна не е. Се работи за крајно застарен систем. Современите системи се ниско температурни, со користење на геотермална енергија, сончева енергија, енергија од топлотни пумпи, био маса и тн.
Системот на Топлификација е предвиден да работи на мазут. Во шеесетите години, кога системот е проектиран, во преработката на сурова нафта, се појавуваше дури 80%, мазут кој рафинериите нема кај да го скалдираат, а не можеа ни да го фрлат. Тоа одамна не е така.
Потоа, долго време, Топлификација работеше на мазут со голема содржина на сулфур, кој во други земји беше забранет за употреба, сметајќи на нашата здравствена отпорност. Дури и тоа сега го нема.
Јас стравувам дека Топлификација повторно ќе се обиде, на ваков начин да се „ спаси “
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Ова плаќање на 50% е прв пат воведено во Скопје 1982 со цел да се „ спаси “ Топлификација која и тогаш беше пред пропаст.
И сега е слична ситуација.
Тоа е јасно како ден, иако морам да напоменам дека од тогашни 50% и сегашни 50% има огромна разлика. Најголемиот број луѓе се откажаа од топлификација токму поради енормно ненормалните сметки. И бидејќи топлификација е во криза, ако се воведе ова плаќање верувам дека нема да станува збор за скромна цифра.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Мора мамицата нивна лоповска 5500 парно плаќаме секој месец на тоа лоповите.Нека пропаднат и никад веќе фирма од нив да не бидне.........а баш сега планиравме од следниот месец да се откажеме од парново.
Молим ти се........да плаќам 50% за услуга што не ја користам.Башка грењето да си го платам,па уште и нив да им плаќам харач......
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Мора мамицата нивна лоповска 5500 парно плаќаме секој месец на тоа лоповите.
Со 5500 денари месечно можат да се купат 2 кубика огревно дрво... Тоа ти е 24 кубика годишно. Замисли, дали има некој што може да потроши толку дрво за греење?
Причината за високите сметки се високите цени на гасот, тарифниот систем што го користат но според мене најголема причина се калориметрите што ги наметнаа за „мерење “ на наводно потрошената топлина.
Тие калориметри се така поставени да покажуваат во плус во корист на Топлификација.
Направив техничка пресметка и пресметав дека минимум од 14 до 17%, се работи за системска грешка, уредот за мерење може да е исправен, но покажува погрешна повисока вредност. Тоа е долна граница, а кај некој можеби е таа грешка 30%, можеби и повеќе, тоа никој не може да го знае однапред.
Напишав представка до Пазарната инспекција и ја поднесов на 14. ом. Што ќе направам, ќе видиме за еден месец или нешто повеќе.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве на Сител, во бизнис се објавени вести дека нешто се „ готви “ http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/nema-veke-iskluchuvanje-od-parno
Дајте предлози што да се направи. Мораме да се подготвиме и да возватиме на ударот на Топлификација.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Според правилникот:

"
Втор модел е словенечкиот – во оваа земја е забрането станарите да се исклучат од мрежата на Топлификација.
Ако не сакаат парно, ќе мора да се селат во куќа."

Баш како што пишав погоре.
Барајте куќа со време или тешко вас, од август натака ќе им се покачат и нив цените :P .

Колку ви беше последната сметка за парно, чисто за да знам колку би му дошло 50% (не ги знам цените со новите покачувања)?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Според ..
Колку ви беше последната сметка за парно, чисто за да знам колку би му дошло 50% (не ги знам цените со новите покачувања)?
Веднаш бев кај Комшијата Саше да прашам: последната сметка му е 5833 денари. Што значи тој плаќа 3 до 4 пати повеќе за греење од мене.
Инаку сигурно претпоставуваш кој ја поднесе иницијативата, по која Уставниот суд ја донесе Одлуката 148/2008 - 0 - 1со која се укина член 52 став 3 од Условите за снабдување со топлинска енергија на подрачјето на град Скопје, со што е укинато плаќањето на 50%
И сега треба да спротивставиме, затоа дајте предлози. Јас имам некои идеи, но секоја нова идеја е добро дојдена
 

Kajgana Shop

На врв Bottom