- Член од
- 9 јануари 2006
- Мислења
- 5.653
- Поени од реакции
- 7.498
Калориметрите се поставени на влезот во зградите и ја мерат влезната енергија која потоа колективно се дели и наплаќа по метар квадратен од потрошувач т.е. братска делба. Работата е што многу луѓе имаат реновирано станови и додавано додатни ребра па и цели радијатори.Проблемот е како да се изведе индивидуално мерење за секој стан посебно, и да се плаќа според потрошеното, со можност и да се штеди колку се троши нели. Е сеа сите знаеме за калориметри, меѓутоа нивната цена е висока (од 150евра нагоре) и се погодни само за станови каде што парното греење е изведено хоризонтално со цевки под паркет и орманче пред влезната врата од станот. За да се стават калориметри во стан со вертикална инсталација на парното тоа би значело за секој радијатор(вертикала) по еден калориметар или пример 3 радијатора 3 калориметри или 500еврејки. За една зграда со 50 стана тоа би дошло трошок од некојси хмм 25000 еврејки и сакате топлификација да не части ?
Баш се запрашав како е ова решено во блиското ни соседство и еве што открив. Во бугарија веќе неколку години се применува а од лани и во хрватска.
ДА недолжам еве слика
Ова не се калориметри туку многу поефтини топломери кој се монтираат и се запечатуваат на секој радијатор во станот а потрошувачката во KW им се очитува бежично, мислам дека користи GSM мрежа за пренос на податоците. Инкасаторот си доаѓа со дигитален читач пред врата и без да влегува во станот си очитува. На сајтов www.toplo.bg има и ценовник за физички лица и цената на мерачиве (по блгарски Топлоразпределители) кој воглавном се на Siemens се движи од 14 до 28 евра парче. Мислам дека за системов да функционира мора и протокот на вода да се мери е сеа колку мерачи на вода треба незнам ама и тие не се скапи 20 евра се.
По хрватските сајтови најдов дека таму приватни фирми лиценцирани од нивната топлификација склучуваат договори за инсталација на вакви топломери (toplinski razdjelnici) со кукни совети од зградите при што услов е барем 50% од станарите да бараат да се инсталираат. Кај нив па освен топлометри услов е да ги заменат и вентилите на радијаторите со нови за да функционира штедењето пошто се знае дека тие по стариве станови се запечатени и не функционираат. Еве за Ријека видео за овие уреди.
Еве и едно видео демонстрација на системот за мерење од некојси бренд Brunata кој најдов дека е влезен со свои производи и во БГ и во Кроација.