Ljupco Meljata
AJFON ILI ANDROID you choose
- Член од
- 11 ноември 2007
- Мислења
- 1.726
- Поени од реакции
- 475
Кога ја пишувал Џон Ленон Working Class Hero направил грешка требало да стави MIddle Class Hero
Затоа што ако во една земја има 20% богати, 30% сиромашни и 50% од средната класа кога тие 50% ке ги снема, т.ест нема да ги снема физички туку ке отидат во класата сиромашни и ситуацијата во земјата ке стане 20% богати и 80% сиромашни. Е тогаш веке ке имаме проблем. Во тој случај во нормалните земји се дигаат бунтови, грагански војни, и други изрази на незадоволство.Ајде де, образложи ми. Зошто би пропаднала?
Во современото време, многу е мала потреба од не квалификувани работници. Машините одамна ги „ потиснаа “, не квалификуванитеЗначи класа меѓу работници и газди. Во основа сите што имаат висококвалификувана работа.
Too much science fiction.Ќе појаснам со пример: Замисли дека постои некој висококвалификуван стручњак, магистар и работи како раководител на некое оделение и има плата од 50000 денари. За тоа време во истото претпријатие работи некој друг работник кој е неквалификуван, работи како чистач и има плата од само 8000 денари. Но неквалификуваниот поседува четири стана и два дуќана. Становите ѓи издава по 200 евра, а дуќаните по 500 евра, односно од рента има приход од 1800 евра месечно.
Кој е овде нижа, а кој средна класа?
Вака значи, класата се одредува првенствено спрема материјалната состојба на поединецот или семејството(кои се земени како пример), а под материјална состојба се рачунаат повеќе работи: вкупни месечни приходи, движен и недвижен имот и.т.н.Too much science fiction.
Ако некој има станови за издавање и од нив зема 1800 евра месечно ни во најлошиот кошмар нема да сонува дека работи некаде за 8000.
Инаку во овој случај ниту еден не е нижа класа, па можеби ни средна. Класата се одредува според приходот, а не квалификацијата или неквалификацијата , остави ги тресењата на стефус рефус.
Како и да гледаш сржта на сите тие работи се парите, т.ест приходите.Вака значи, класата се одредува првенствено спрема материјалната состојба на поединецот или семејството(кои се земени како пример), а под материјална состојба се рачунаат повеќе работи: вкупни месечни приходи, движен и недвижен имот и.т.н.
Но покрај ова и ред други работи играат улога во класификацијата, на пр. културното и интелектуалното ниво, факт е дека во ниските класи нема многу интелектуалци, таму се ниските слоеви на население, помалку образовани и на понизок културен степен, во смисол раѓаат повеќе деца, додека пак интелектуалците влегуваат во брак доста подоцна и имаат по 1 дете !
На пр. во комшилук кај мене има една крајно-сиромашна фамилија, а пред некој месец им се роди и третото дете, а ќе тераат и понатаму да склапаат деца, иако живеат во дупка и неписмени се, а само таткото работи за минималец, но они не мислат на последиците дека тие деца(3+) треба да живеат од нешто, но тоа е веќе друга тема на дискусија !
Сакав само да кажам дека покрај материјалната состојба(приходи, имот и.т.н.) исто така голема улога во класификацијата на класите игра и интелектуалното и културното ниво(начинот на живот) !
Извини вака што ќе ти кажам, но некако многу плитко и површно ги гледаш работите, а мислам дека си паметен човек !Како и да гледаш сржта на сите тие работи се парите, т.ест приходите.
Зошто од ниската класа помалку одат (или не одат) на културни случувања - затоа што немаат пари, зошто од ниската класа се помалку образувани - затоа што немаат пари, итн. Или како што велат старите, како и да се свтриш газот позади ке ти биде.
Премногу генерализираш.Извини вака што ќе ти кажам, но некако многу плитко и површно ги гледаш работите, а мислам дека си паметен човек !
Не е само тоа што ти си го пишал друже, има и многу подлабоки работи, на пр. децата кои што растат во поситуирани фамилии уште од мали родителите ги учат/воспитуваат на некои работи, да се образоваат, да работат, да штедат, да ја ценат парата, да си мислат за иднината и.т.н.
Додека пак децата кои што потекнуваат т.е. израстени се во неситуирани фамилии имаат сосема поинаков поглед на работите, незнаат да ја ценат парата, бидејќи ниту нивните родители биле некакви домаќини и парајлии, така да немало кој да ги научи/воспита, најчесто раѓаат повеќе деца, бидејќи нивните родители ги воспитале демек најбитно е духовното богатство(децата), а не материјалното богатство(пари, имот...), што не е случај во ситуираните фамилии и ред ред други работи... ај сега ме мрзи да набројувам !
Теле се учи, ама вол не се учи !
Како викаат старите: Домаќинлукот не се учи на 30/40/50 год. туку се учи уште како мало дете на 5/10 години, секако дека треба родителите и старите по дома да те научат и воспитаат да бидеш домаќин, но ако родителите се параспури, нормално дека и нивните деца ќе бидат исти, не за џабе се рекло: крушката под крушка си паѓа !
Да парите(приходите) играат голема улога, но исто така голема улога играат и домашното воспитание, интелектуалноста(образованието), културниот степен, начинот на живот, сфаќањата, средината во која што живееш, работиш и се движиш и.т.н.
50% од животот зависат од самиот човек(било кој), а 50% зависат од средината околу него(во која живее, работи, се движи...), ако човекот го бива, но ако не му одговара средината тогаш пропаѓа, но од друга страна пак колку и средината да му одговара и да му е наклонета, ако човекот не го бива, пак џабе е, пропаѓа !
Нормално е да постои во секоја држава општество висока класа, како што исто така во секое општество држава постои и ниска класа, но мора да постои и некаква средина т.е. баланс(тампон зона) !Vo nasata zemja iscezna sredniot sloj.
Podzemjeto se spoi so vrvot!
http://forum.kajgana.com/threads/Афоризми.269/
Да секогаш постоеле, постојат и ќе постојат исклучоци, но генералната слика е онаа која погоре ја опишав !Премногу генерализираш.
Има деца од сиромашни фамилии кои успеале во животот, но има и деца од богати фамилии кои преебале све живо и диво, така да не можеш работите да ги гледаш како црно и бело.
E ова навистина држи вода !Средната класа исчезнува насекаде, не само во Македонија. Тоа е дел од глобализацијата...