Сакам да зготвам: ... помош!

Член од
15 јануари 2012
Мислења
652
Поени од реакции
192
Зелник со праз

Потребни состојки:
500 гр. брашно 100 мл. масло за јадење ½ коцка квасец Сол и малку шеќер

За фил: 2 главици праз 100 гр. ориз Мешан зачин Сол Бибер

Најпрво го подготвуваме филот. Во тава на оган ставаме да се пржи ситно сечканиот праз, додека да омекне, а потоа го додаваме оризот, зачинуваме со сол, мешан зачин и мелен бибер. Тавата ја тргаме од огнот, а потоа го подготвуваме тестото. Квасецот го раствораме со топла вода, додаваме малку шеќер и 3 лажици брашно, го мешаме додека да стане како каша и го оставаме да стаса. Брашното го сееме и го ставаме во подлабок сад, додаваме малку сол, маслото за јадење, и го замесуваме со смесата од квасец. По потреба додаваме уште малку млака вода. Замесуваме среднотврдо тесто и го оставаме да поткисне малку, а потоа го размесуваме, го делиме на топчиња,а секое топче е една кора за сукање. Потоа, сукаме три кори една по една поголеми од тавата за печење. Ги ставаме една по една во тавата за печење и меѓу нив попрскуваме со масло за јадење. На средината го ставаме филот од праз и го поклопуваме со две помали сукани кори. Од корите што излегуваат преку тавата за печење ги свиткуваме краевите навнатре формирајќи венец. Зелникот го попрскуваме со масло за јадење и го оставаме да отстои. Го печиме на температура од 200оС околу 30 минути
nekako ne mi odi kvasecot tuka, kako da zabegal...mislam sto ima pitata da raste? :confused:Ne stasuva i taka testoto, vednas se mesi..
--- надополнето: 18 јануари 2012 во 21:45 ---
Ima li nekoj recept za krempita? Ama da ne bide kasest filot. Do sega sum probala nekolku, so puding od vanila, ama sekogas ili mi se razleval ili pak bil grutcest previse.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
nekako ne mi odi kvasecot tuka, kako da zabegal...mislam sto ima pitata da raste? :confused:Ne stasuva i taka testoto, vednas se mesi..
.
Па за да биде со поголем волумен, помека и повкусна питата затоа се става пола квасец.
Откако ќе се замеси тестото за пита се остава 10 мин. да одмори, па после се сукаат кори....и тогаш нараснува тестото :pipi:
 
Член од
15 јануари 2012
Мислења
652
Поени од реакции
192
Па за да биде со поголем волумен, помека и повкусна питата затоа се става пола квасец.
Откако ќе се замеси тестото за пита се остава 10 мин. да одмори, па после се сукаат кори....и тогаш нараснува тестото :pipi:
Sorry togas, jas ne ja pravam taka. Sto ljudi sto cudi (y)
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
сакам тука некој да ми каже за рецепт за соленки..........од подговтовка на тесто па до печење
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
телешки јазик
ама изгледа никој не знае:unsure:
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
телешки јазик
ама изгледа никој не знае:unsure:
Пред десетина години имам гледано како се прави, ама сум заборавила.
Мислам дека цел ден се заебаваш со јазикот: треба да се вари неколку саати, па се лупи, па се сече на парчиња и се увалува во брашно, па во јајце, па во трошки и се пржи во врело масло.
Јас не сум љубител на такви деликатеси, па задоволството не беше адекватно на вложениот труд.
Среќно!
 
A

AnFem

Гостин
Итно ми треба совет!
Сакав да правам солен куглов, дури сега гледам дека немам прашок за пециво. Мора ли да го ставам? Има ли некаква замена за него? Можам ли да ставам мала количина квасец наместо тоа? Сода бикарбона можеби?
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.692
Поени од реакции
31.715
Итно ми треба совет!
Сакав да правам солен куглов, дури сега гледам дека немам прашок за пециво. Мора ли да го ставам? Има ли некаква замена за него? Можам ли да ставам мала количина квасец наместо тоа? Сода бикарбона можеби?
soda bikarbona ,,da,,, spored teshtata mi ,baba mi provereno ,,,znachi sigurna rabota,,pozdrav:)
 
A

AnFem

Гостин
soda bikarbona ,,da,,, spored teshtata mi ,baba mi provereno ,,,znachi sigurna rabota,,pozdrav:)
Фала, да ти е жива и здрава тештата. :)
--- надополнето: 16 март 2012 во 23:49 ---
Да го пофалам Iblis, се плашел да пише, да не зезне, па ме остави мене да експериментирам. :)
Откога го изедовме кугловот и очигледно не ни‘ е ништо (барем засега :) ), да го напишам решението на мојот „проблем“, за да му се најде на некој во иднина:

Место прашак за пециво ставаш сода бикарбона со јогурт или кисело млеко, правиш замена на течноста што требало да постои по рецептот да кажеме со јогурт .
Односот е од прилика
1 мало лажиче прашак за пециво=(1/4 мало лажиче сода бикарбона со 1/2 чаша јогурт(ако требало да ставиш да кажеме 1 л млеко ќе ставиш 1/2 млеко и 1/2 јогурт ради замената) )
Не знам што готвиш, ама ова веројатно ќе му го смени вкусот.
 
П

Паган-др

Гостин
Дај кажете начин на припрема на ракчиња и тие стапчињата од краба што се. Прв пат ми е. Предност имаат тие едноставните подготовки, а после нешто во стил главно јадење - со ориз, спањак etc.

Рачунајте ко да објаснувате за тип шо не знае да држи нож у рака. :D
 
К

Кики.

Ракчињата прво ги вариш, па после ги пржиш - најобично без никакви додатоци, освен сол и масло ( при пржење). А како главно јадење оризот прво го вариш, па го пржиш и после ги додаваш веќе испржените ракчиња.( или пак заедно ги пржиш, како сакаш) Ако сакаш на оризот можеш да му додадеш и соја сос. Од ова нема поедноставен рецепт, барем јас не знам. :)
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Пита од спанаќ со готови кори (подготовката на корите)
Значи од прилика знам како се прави филот, спанаќот се пропржува да омекне, па се додава сирење и матено јајце.
Ме интересира корите што да ги мачкам и колку да ги печам. Знам баба ми користеше растопен маргарин. И исто по колку кори да редам. Сакам да излезат вртени пити како полжавчиња.

п.с И не, не сум на диета оваа недела :D
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Пита од спанаќ со готови кори (подготовката на корите)
Значи од прилика знам како се прави филот, спанаќот се пропржува да омекне, па се додава сирење и матено јајце.
Ме интересира корите што да ги мачкам и колку да ги печам. Знам баба ми користеше растопен маргарин. И исто по колку кори да редам. Сакам да излезат вртени пити како полжавчиња.

п.с И не, не сум на диета оваа недела :D
Најчесто за таа количина на готови кори потребно е: 250 мл. вода, 3 лаж. маргарин и пола мало лажиче сол. Ставаш на шпорет додека не се растопи маргаринот.

Врз секоја кора убаво премачкуваш од течност и на третата кора ставаш од филот. Ги замотуваш во ролат и после со едниот крај виткаш навнатре за да ја добиеш формата. Така свиткана ја префрлаш во намрсена тава и земаш други три кори со кои ја повторуваш постапката. Овој пат корите ги виткаш во ролат и со едниот крај почнуваш да замотуваш онаму каде што ти завршил претходниот ролат од кори ( кој е во тавчето ). Постапката на исти начин ја повторуваш се додека имаш состојки.

На крај сите кори убаво ги премачкуваш одозгора и ставаш да се пече во загреана рерна на 200 степени. Одприлика би требало околу 40-на минути ама ќе познаеш по бојата.

Ако не ти стигне течност за премачкување, слободно растопи пак малку маргарин со малку вода и продолжи.:)
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Пита од спанаќ со готови кори (подготовката на корите)
Значи од прилика знам како се прави филот, спанаќот се пропржува да омекне, па се додава сирење и матено јајце.
Ме интересира корите што да ги мачкам и колку да ги печам. Знам баба ми користеше растопен маргарин. И исто по колку кори да редам. Сакам да излезат вртени пити како полжавчиња.

п.с И не, не сум на диета оваа недела :D
Мислам дека ова ќе ти помогне
http://forum.kajgana.com/threads/Секакви-рецепти.54084/page-6#post-4512317

или http://forum.kajgana.com/threads/Секакви-рецепти.54084/page-12#post-4588038
 
Biljbilj08

1987
Член од
19 ноември 2011
Мислења
698
Поени од реакции
312
Може ли да ми кажете рецепт како да зготвам торта од Желатин ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom