Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Во „игра„ се пред се‘, наследните а неисповедани гревови од предците од новородениот човек, кој на свој грб, може да трпи се‘ што генерациски се наталожило како грев и ради така акумулираните гревови, човекот може да се роди со тешки душевно-телесни деформации.
Офффф лелеле генетските болести се грев...:tapp: Чувај боже од вакви кривоверници.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Офффф лелеле генетските болести се грев...:tapp: Чувај боже од вакви кривоверници.
Во ред, ајде, еве Ти посочи ги причините ради кои се јавуваат „...генетските (?) болести... „.
 
M

Muranyi

Гостин
Во „игра„ се пред се‘, наследните а неисповедани гревови од предците од новородениот човек, кој на свој грб, може да трпи се‘ што генерациски се наталожило како грев и ради така акумулираните гревови, човекот може да се роди со тешки душевно-телесни деформации.
--- надополнето: 15 март 2012 во 11:07 ---


А можеш ли Ти да посочиш библиски стих, каде е наведено моето име?
Зошто би го правел тоа?Што би докажал со тоа?
Нема такви стихови,Мики?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Зошто би го правел тоа?Што би докажал со тоа?
Бог не трпи беззаконие.
Секое човеково беззаконие, мора да биде соодветно санкционирано, оти ништо што е нечисто, не може да влезе во Рајот и да битисува во близината Божја.
--- надополнето: 15 март 2012 во 11:45 ---
Нема такви стихови,Мики?
Има, во учењето од Црквата. Билијата не ги содржи одогворите на сите можни прашања, кои може да Ти паднат на ум.

Патем кажано, Црквата ја оформи и ја поседува Библијата, а не обратно. Библијата не е книга која ни‘ падна од Небесата, а уште помалку ,Билијата е рецептура за праведен живот и прирачник за влез во Рајот.

Што се однесува до бараниот стих, прочитај во 50-от псалм Давидов. Ќе видиш дека сме зачнати во грев...
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Во „игра„ се пред се‘, наследните а неисповедани гревови од предците од новородениот човек, кој на свој грб, може да трпи се‘ што генерациски се наталожило како грев и ради така акумулираните гревови, човекот може да се роди со тешки душевно-телесни деформации.
Децата сместени во домови за посебни потреби се потомци на поколенијата со наталожени гревови, одличните деца по школи лепо васпитани се наследници на безгрешните поколенија?
--- надополнето: 15 март 2012 во 11:47 ---
Самите, по свој избор, засилен со демонското влијание врз нив, така што демонот, гледајќи „од страна„ кон што е склон поединецот, ја засилува гревовната склоност или склоности од набљудуваниот поединец.
Демон је јачи од Бог?
или чоекот нема ич во себе добрина и нема каде бог да поттурне од неговата страна?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Децата сместени во домови за посебни потреби се потомци на поколенијата со наталожени гревови, одличните деца по школи лепо васпитани се наследници на безгрешните поколенија?
Нема човек кој се родил без грев(ови). Не се раѓаме привилегирани, туку повеќе или помалку огревовени и над се‘, одговорни пред Бога.
--- надополнето: 15 март 2012 во 11:50 ---
Демон је јачи од Бог?
Не, туку демонот има допуштање од Бога. Секој кој е крстен, добива како „надзорници„ по еден бел и еден црн ангел.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Нема човек кој се родил без грев(ови). Не се раѓаме привилегирани, туку повеќе или помалку огревовени и над се‘, одговорни пред Бога.
Јас сум роден без грев. Ни сум борчел некому нешто, ни сум убил некој, нит (тогаш ко сум се родил) сум направил прељуба.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Д
или чоекот нема ич во себе добрина и нема каде бог да поттурне од неговата страна?
Човекот може да има во себе голема добрина, доколку се држи до волјата Божја. Надвор од таа волја, има или само овосветовна суетна добрина или зло.
--- надополнето: 15 март 2012 во 11:52 ---
Јас сум роден без грев. Ни сум борчел некому нешто, ни сум убил некој, нит (тогаш ко сум се родил) сум направил прељуба.
Алал да Ти е! Шо чоек ќе беше, море...:icon_lol:

И античките египќани практикуваа т.н. негативна исповест: тие исповедаа што НЕ сториле, но не кажуваа и ШТО сториле, за да бидат оправдани. Така?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Не, туку демонот има допуштање од Бога. Секој кој е крстен, добива како „надзорници„ по еден бел и еден црн ангел.
Оти само крстените да добијат?
Или припадници на други вери си имаат свои ангели или духови, од нивните богви?
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Во ред, ајде, еве Ти посочи ги причините ради кои се јавуваат „...генетските (?) болести... „.
Чекај бре Мики, чекај... Значи ако незнаеме да си ги објасниме генетските болести, дај си од ракав објаснување во кое ќе се спомне Бог, и завршена работа ...
Јас само незнам со кој имаш дискутирано за да дојдеш до таков заклучок. Па нели Господ ќе казнува на Судниот ден, зошто би казнил некое дете да се роди со инвалидитет?
И ајде да претпоставиме дека е така. И покрај лицемерието и злобата, ти сепак ќе веруваш во таков бог? Кој направил да се родиш без рака, нога, бубрег, око, десна хемисфера, поради гревот на некој си таму прадедо од 6-то колено, кој кажал „Ај у пички матер“ на Велигден? Е како бе Мики можеш да кажеш за таков Бог, дека ќе го сакаш безусловно?
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Во ред, ајде, еве Ти посочи ги причините ради кои се јавуваат „...генетските (?) болести... „.
Непознаница се полигенетските или повеќефакторските болести (а не генетските!?!? бидејќи голем дел од нив не се непознаница, пример ти е Даунов синдром кој се утврдува уште при фетусна состојба - класишна генетска или еднофакторска болест, која заивиси од исклучиво еден ген) и причините за нивно настанување кои се комплексни, и сеуште се во Божји домен;), бидејќи имаш еден куп комбинации на неколку лоши гени кои доведуваат до полигенетската болест.

Со други зборови ако имаш два родитела кои имаат шизофренија не мора да излезе дете шизофреничар, во зависност од комбинирањето на гените при создавање на зиготот. Плус влијанието на самиот фенотип (пред се околината и нејзините својства) можеда допринесе до здрава индивидуа. Имало еден куп такви примери, не само за шизофренија туку и за други полигенетски болести.

Е сега ако сето ова го прикачиш дека Бог одлучува каква комбинација на гени ќе се случи при формирање на зиготот, тогаш ќе треба и објаснувањ со што заслужиле таквите единки, мислам на родителите да им бидат простени гревовите и д аимаат понатака нормално потомство. ТОа секако би сакале да го знаат и останатите што се казнети на сличен начин:P
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Чекај бре Мики, чекај...
Чекам...
--- надополнето: 15 март 2012 во 13:52 ---
Јас само незнам со кој имаш дискутирано за да дојдеш до таков заклучок.
Не се работе за „заклучок„, туку за учењето од Црквата, кое е проверено и потрдено, а не збирка од нагаѓања, во столот: „...може да е од ова а може да е и од она...„.
--- надополнето: 15 март 2012 во 13:55 ---
Па нели Господ ќе казнува на Судниот ден, зошто би казнил некое дете да се роди со инвалидитет?
Ради генерациски наталожените гревови, кои некој мора да ги плати, оти ако не ги плати, гревовите бесконечно ќе се множат и никогаш нема да бидат нулирани. Таквите луѓе, со куп натало=ени гревови, не можат да заработат место во близината Божја.

Судот Христов е само конечна одлука, а се‘ до тој Суд, има(ме) надеж...
--- надополнето: 15 март 2012 во 13:56 ---
И покрај лицемерието и злобата, ти сепак ќе веруваш во таков бог?
Бог нема човечки карактерни црти па затоа Он не Е лицемерен и злобен. Имам куп причини да верувам во Бог а малку за да не верувам.
--- надополнето: 15 март 2012 во 13:57 ---
Кој направил да се родиш без рака, нога, бубрег, око, десна хемисфера, поради гревот на некој си таму прадедо од 6-то колено, кој кажал „Ај у пички матер“ на Велигден?
Не се работи само за еден, два, три или повеќе потешки или полесни гревови, туку се работи за неисповедани гревови.
--- надополнето: 15 март 2012 во 13:59 ---
Е како бе Мики можеш да кажеш за таков Бог, дека ќе го сакаш безусловно?
Оти нема(м) друг избор: после смртта, што ми следи?
И не е безусловно, оти Он дојде, се жртвуваше за нас и ги зеде сите гревови на Себе.
Подобар услов-здравје!
--- надополнето: 15 март 2012 во 14:00 ---
Непознаница се полигенетските или повеќефакторските болести (а не генетските!?!? бидејќи голем дел од нив не се непознаница, пример ти е Даунов синдром кој се утврдува уште при фетусна состојба - класишна генетска или еднофакторска болест, која заивиси од исклучиво еден ген) и причините за нивно настанување кои се комплексни, и сеуште се во Божји домен;), бидејќи имаш еден куп комбинации на неколку лоши гени кои доведуваат до полигенетската болест.

Со други зборови ако имаш два родитела кои имаат шизофренија не мора да излезе дете шизофреничар, во зависност од комбинирањето на гените при создавање на зиготот. Плус влијанието на самиот фенотип (пред се околината и нејзините својства) можеда допринесе до здрава индивидуа. Имало еден куп такви примери, не само за шизофренија туку и за други полигенетски болести.

Е сега ако сето ова го прикачиш дека Бог одлучува каква комбинација на гени ќе се случи при формирање на зиготот, тогаш ќе треба и објаснувањ со што заслужиле таквите единки, мислам на родителите да им бидат простени гревовите и д аимаат понатака нормално потомство. ТОа секако би сакале да го знаат и останатите што се казнети на сличен начин:P
Полека, почни „едно по едно„....:P
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Не се работе за „заклучок„, туку за учењето од Црквата, кое е проверено и потрдено, а не збирка од нагаѓања, во столот: „...може да е од ова а може да е и од она...„.
Од тоа и се плашев. Ај да беше твое сфаќање, ќе можев да разберам, ама тоа е општо признаено црковно учење ... :confused:


Не се работи само за еден, два, три или повеќе потешки или полесни гревови, туку се работи за неисповедани гревови.
Па ова би имало логика ако црквата признава реинкарнација и карма. Во друг случај би било казнување на невини души поради дискутабилната семоќност на Бог. Секое родено дете е индивидуа само за себе, неможе да му се препишуваат гревови за предходните поколенија. Што е со тие кои живееле пред Христијанството, тие никогаш не би се покајале, зошто не ни мислеле дека прават нешто лошо. Што е со децата на луѓето што верувале во повеќе богови, уште пред Христијанството да стигне до нив? И како што кажав ако е така, тогаш мене навистина ми мириса на злобност. Да казниш некој кој не знае што всушност неговиот бог бара од него.

Оти нема(м) друг избор: после смртта, што ми следи?
И не е безусловно, оти Он дојде, се жртвуваше за нас и ги зеде сите гревови на Себе.
Подобар услов-здравје!
Епа Мики (извинјавам се) , ама тоа е премногу себично. Значи нека казнува Бог неправедно, нема да му ја испрашуваме неговата работа, важно мене да ме спаси и да се ширам јас во рајот. Себично ....
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Ради генерациски наталожените гревови, кои некој мора да ги плати, оти ако не ги плати, гревовите бесконечно ќе се множат и никогаш нема да бидат нулирани. Таквите луѓе, со куп натало=ени гревови, не можат да заработат место во близината Божја.
Ma еугензиам е најбезгрешна работа. Чиста раса.

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom