- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.830
- Поени од реакции
- 8.858
Првиот болд - точно така, секој си решава.Не може така да размислуваме за работите, не само за оваа тема туку за многу. Така можеме да одеме до недоглед за работи кои би можеле да ги толкуваме како неправилни, и на крајот никој да не може да одговори што е правилно. Треба некогаш да се остават работите како што треба да се остават, во овој случај за ова треба да решава мајката, таа ќе направи како што е најдобро за неа, никој не смее да се меша, ако имаш осуди тогаш задржи си ги. Секој прави како што му е добро и како што може да живее со тоа.
--- надополнето: 4 февруари 2012 во 18:53 ---
Не.
Оправдувам абортус на бременост која може да ги загрози животите и на мајката и на детето поради компликации. Оправдувам абортус кој се некоја мајка решила на него поради многу лоша здравствена ситуација на фетусот и поради можност од спонтан абортус или ужасни последици по животот ако успее да се роди. Некои родители не можат да живеат со таков (по нивно мислење товар) поради тоа се решаваат на таков чекор. Овој чекор не е воопшто лесен за нив и сигурно не го посакале ова, но еве морале, така сакала природата.
Не ги генерализирајте така работите, или го оправдуваш ова или она, се зависи од околностите.
Се зависи од околностите, но фетус е фетус - ако едниот треба да се спаси, тогаш и другиот треба.
Не може во еден случај (пример силување) - абе тоа е право на мајката, ама ако не е силување - не може бе, убива живот таа. Во секој случај убива потенцијален живот, како сакаш гледај на работите. И кога се прави инвитро оплодување, во матката се вметнува 1 оплодена клетка, а другите 5-6 се убиваат.
--- надополнето: 4 февруари 2012 во 20:47 ---
Јас на пример, би забранила (законски) раѓање на дете со толку голем проблем, кое никогаш не би било психофизички способно да се грижи за самото себе.Ајде вака.
Дали ти оправдуваш породување на дете кое има сериозни оштетувања на мозокот поради оштетувања во крвотокот како кога било фетус? Дали мислиш дека тоа дете заслужува таков живот?
Секако, тука не спаѓаат лесни инвалидитети.
Но, исто така, не знам зошто првото дете да не се роди, а што ако родителите немаат основни услови за егзистенција? На пример, немаат пари ниту за храна, а не за дете. Зошто да го роди? Ќе го роди можеби здраво, но големи се шансите тоа дете да не доживее 10 годишна возраст.
Тоа дете ќе има потреба од облека, топол дом, храна, образование.
Или роди ме мајко и фрли ме на буниште?