Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Aa не може ова така. Фудбалскиот натпревар мора да се одигра до крајот:D

И вчера оние јадните од БАзел сигурно сакаа судијата да свирне крај и да заврши маката, ама нема, правила си се правила.:P
Koj сеирџија...:)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Да де, но зошто? Бог како семоќен, и вака и онака знае што ќе биде. Зошто се гњавиме?
.
Бог никаде не „брза„, оти Он битисува безвремено. За Бога, времето е невлијателна категорија, а Он не „брза„ и со тоа, Он ни‘ остава временска „фора„ за наше/мое/лично покајание, а со тоа и спасение. На Бога, битно Му е да има што повеќе спасени човечки души (види послание Петрово, 3.9), како што му е на лукавиот битно да има што повеќе грешници и осуденици.

Не е наше да се „гњавиме„ туку да го одживееме ова (време и живот), кое Бог ни‘ го дал.
--- надополнето: 14 март 2012 во 12:46 ---
Дајте нека слези уште еднаш, лошите во пеколот, добрите во рајот, и готово. Досадно стана ова...
Се‘ што Бог ветува, се‘ исполнува, така не мораш никаде да брзаш (никаде нема ни да стигнеш...), туку преиспитај се себе си за тоа, на која страна ќе останеш на Судот Христов.
--- надополнето: 14 март 2012 во 12:48 ---
Не гледам зошто треба верниците да се плашат од Бог..
Ако верните се плашат од Бог, тогаш тоа мора да е некој бог-тиранин.

Верните кон Бог имаа ставо-почит: страв, оти Он може да не‘ турне во пеколот, и почит, оти Он не‘ создал и Он дојде да не‘ спаси од нашата будалаштина.
--- надополнето: 14 март 2012 во 12:51 ---
Е сега за карактерот на бог зависи како го гледаш мене ми изгледаат како две личности или два Бога еден старозаветен и друг новозаветен. Бог си го сменил карактерот и како да е друга личност судејќи по неговите дела.
Бог Е истиот и во Стариот и во Новиот Завет, иако, признавам, Стариот и Новиот Завет не „звучат„ подеднакво.

Имено, во Стариот Завет, Бог е „задскриен„ и на луѓето (јудеите) им се (об)јавува посредно, преку пророците и патријарсите, а во Новиот Завет, Бог стана видлив, земајќи на Себе човеково тело, преку Исуса Христа.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Ако верните се плашат од Бог, тогаш тоа мора да е некој бог-тиранин.

Верните кон Бог имаа ставо-почит: страв, оти Он може да не‘ турне во пеколот, и почит, оти Он не‘ создал и Он дојде да не‘ спаси од нашата будалаштина.
--- надополнето: 14 март 2012 во 12:51 ---


Бог Е истиот и во Стариот и во Новиот Завет, иако, признавам, Стариот и Новиот Завет не „звучат„ подеднакво.

Имено, во Стариот Завет, Бог е „задскриен„ и на луѓето (јудеите) им се (об)јавува посредно, преку пророците и патријарсите, а во Новиот Завет, Бог стана видлив, земајќи на Себе човеково тело, преку Исуса Христа.
Бог не создал со нашата „будалаштина“ ваљда има некој цел тоа. Не ја гледам смислата на божјата промисла да создадеш дефектно суштество „во тој лик“ и да го оставиш да се бори со лукавиот во твое име. Да избира меѓу добро и зло и после ти да го судиш за неговиот избор. Гревот е последица на божјиот дизајн. Според тоа е божји дар. На дете не сум се лутиш и го судиш ако згреши толку знае такво е во карактер, недораснато.

За стариот и новиот завет. Бог во стариот е строг, безмилослив, одмаздољубив и насилен во стариот завет вели Око за Око, Заб за Заб . Во новиот завет бог е милостлив, мирољубив, саможртвувачки, дури и мазохистички. Во новиот вели сврти го другиот образ. Како да не е истата личност. Што се сменило во меѓувреме?
 
M

Muranyi

Гостин
Потпаѓањето под демонско влијание може да биде и несвесно и свесно.
--- надополнето: 14 март 2012 во 11:48 ---


Не се работи за никаков договор со демоните туку се работи за свесно прифаќање на сугестиите кои демоните ги „натураат„ во умовите од блудниците, без притоа да имаат грам осет за страв Божји, за срам и конечно, за неизбежната осуда за изборот на начинот на нивонто живеење.
--- надополнето: 14 март 2012 во 11:50 ---


Тоа се пред се‘, подвижниците, но и сите кои се покајале за своите гревови и ги покриле со добродетел.
Види Мики,науката вели дека хомосексуалецот се раѓа како таков.Нема никакви натурања,ниту се спомнуваат некакви демони.Или и научниците се под демонско влијание?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Види Мики,науката вели дека хомосексуалецот се раѓа како таков.
Науката, било која, не е апстрактен поим, туку си има субејкти-научници, кои не се безгрешни битија, туку грешни смрници, кои со леснотија можат да „утнат„ во некој свој став.
Науката (која?) нема доказ дека наведените луѓе се раѓаат „такви„.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Види Мики,науката вели дека хомосексуалецот се раѓа како таков.Нема никакви натурања,ниту се спомнуваат некакви демони.Или и научниците се под демонско влијание?
Да ама у тоа дете не влегол и не го одобрил светиот дух:D туку лично духот на РОгатиот, или пак на Мемон:vozbud:

Тука е заебот;)


Ах научниците се веќе таксани за лево од Христа директно по најкраткиот пат у пеколот, битката се води да се спасат заведените души од тие научници(y)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Нема никакви натурања,ниту се спомнуваат некакви демони.
Не постои наука која може да го докаже или побие постоењето на демоните. Ако знаеш некоја таква (наука), веднаш јави ми/ни‘.
--- надополнето: 14 март 2012 во 14:59 ---
.Или и научниците се под демонско влијание?
Да, дел од научниците се под демонско влијание, особено оние поединци, кои сакаат да се „петљаат„ со/во Божјата екслузива.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Не постои наука која може да го докаже или побие постоењето на демоните. Ако знаеш некоја таква (наука), веднаш јави ми/ни‘.
Епа како да дознаеме нешто повеќе за нив, како да се заштитиме? Како да ги поразиме?
Очигледно фејс ту фејс не излагаат. Како да им го најдеме дувлото и да ги сокапеме?
 
M

Muranyi

Гостин
Науката, било која, не е апстрактен поим, туку си има субејкти-научници, кои не се безгрешни битија, туку грешни смрници, кои со леснотија можат да „утнат„ во некој свој став.
Науката (која?) нема доказ дека наведените луѓе се раѓаат „такви„.
Мики имам читано сторија,т.е.исповед на една(сега)девојка,на еден македонски женски форум.Девојката вели дека уште во 4 одделение приметила дека ја привлекуваат нејзините врснички,а не другарчињата од спротивниот пол.Сега е лезбејка.Ова е само еден пример кој ете така јас случајно сум го сретнал,можеш да замислиш уште колку има.И дали тоа девојче на 10 годишна возраст било заведено од страна на демонските сили?Дали тоа девојче ќе одговара за својата природа,која ти велиш дека е грешна?Ако е прашање на избор и се работи за опседнатост,како што ти велиш,зошто тогаш хомосексуалноста се јавува и кај животните?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Епа како да дознаеме нешто повеќе за нив, како да се заштитиме?
Не се обидувај такво нешто да сториш (да дознаеш нешто повеќе за нив...), оти тие ќе Те најдат побрзо отколку Ти шо ќе ги најдеш нив.
 
M

Muranyi

Гостин
Не постои наука која може да го докаже или побие постоењето на демоните. Ако знаеш некоја таква (наука), веднаш јави ми/ни‘.
--- надополнето: 14 март 2012 во 14:59 ---


Да, дел од научниците се под демонско влијание, особено оние поединци, кои сакаат да се „петљаат„ со/во Божјата екслузива.
Нема таква наука,исто како што и нема наука која го докажува нивното постоење.Дури не се докаже дека некоја работа или појава постои,таа за мене е непостоечка.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Како да ги поразиме?
Не можеме да ги поразиме, оти не сме исти по природа, но можеме да им се спротивставиме.
--- надополнето: 14 март 2012 во 15:08 ---
Како да им го најдеме дувлото и да ги сокапеме?
Не им го барај дувлото, може да биде штетно по Твоето здравје. Никој не знае каде се „лоцирани„ но знаеме од каде и како делуваат во Светов.

Демоните ќе бидат поразени после Судот Христов, на кој (Суд), ќе бидат казнети со вечните маки во пеколот, заедно со неправедниците.
 
M

Muranyi

Гостин
Дали можам да се откажам од вечниот живот во Рајот,зашто мислам дека ќе ми се досади?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И дали тоа девојче на 10 годишна возраст било заведено од страна на демонските сили?
Да...Демоните ја гледаат гревовната склоност кон секого од нас и дополнително ни‘ ја засилуваат таа склоност. А гевовната склоност кај поединците е последица од падот Адамов и Евин, кој се пренесува генерациски.
--- надополнето: 14 март 2012 во 15:18 ---
Дали тоа девојче ќе одговара за својата природа,која ти велиш дека е грешна?
Секој од нас ќе одговора за самиот себе (освен достојните), но и за другите, зависно од своето место во Светов.
--- надополнето: 14 март 2012 во 15:20 ---
Ако е прашање на избор и се работи за опседнатост,како што ти велиш,зошто тогаш хомосексуалноста се јавува и кај животните?
Падот Адамов и Евин го растури примордијалниот поредок во Вселената. Ради нивниот пад, страдаат и материјата, која неповратно се распаѓа, и живите битија, кои страдаат и умираат.
--- надополнето: 14 март 2012 во 15:22 ---
Дури не се докаже дека некоја работа или појава постои,таа за мене е непостоечка.
Еве, за мене, непостоечка е планетата Плутон, но некои велат дека ја виделе.
--- надополнето: 14 март 2012 во 15:22 ---
Дали можам да се откажам од вечниот живот во Рајот,зашто мислам дека ќе ми се досади?
Ем не си бил во Рајот,.ем се откажуваш од него...:confused:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom