Кампања за купување на Македонски производи

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Одлична тема но мислам дека лакомоста на нашите македонски трговци е ептен огромна, не сакам да навредам никого но еве ова е пример на кој прво ми текна, кога имаше акција за пепси мислам пакет 4 за 150 ден, по помаливе колонијали ги вадеа шишињата и ги продаваа по незнам 55 60 денари. Секогаш одбирам мак производи пред други но кога ќе ми се погоди некој шизик како погоре зинат за пари ептен ми се гади. (сок ипак си купив иако ме манипулираа). Има уште примери ама ме мрзи да штракам по тастатурава. Поентата: лакоми трговци заради кој цели индустрии па и држава трпат. Ептен манипулираат и не разбираат дека не добиваат повеќе пари ако продаваат поскапо туку напротив губат купувачи а со тоа и пари т.е. профит.
 
Убаво е да се поддржат македонски фирми (економија, вработувања, примања...ова она) ама кој у ствари се поддржува (дал некој ги наградил работниците или им дава као да им е последна) со тоа е прашање... првин човек гледа некоја комбинација поефтино и да не е неквалитетно и невкусно. Секој си гледа прво џебот и здравјето. Од друга страна кога ќе видам дека за автобуски станици владата ангажира грчка фирма, за јавен превоз се земаат автобуси од недојдија, од Кина, кога трговските центри и маркети се дадени воглавно на грци, кога наместо нашата Агроберза откупен центар му е даден на хрватски Агрокор...ако оној кој организира вакви кампањи не се води според истите, каков пример му дава на граѓанинот? Пример дека во ланецот од нива до трпеза кајмакот го собираат странци, а ние треба наводно да купиме македонски производ. А кога ќе ми текне како и поголемите домашни газди се стекнаа со тие погони...моите средства не се нешто посебно, но ќе ги искористам за она што сметам дека е мој интерес.
 
Ни ти ни влада не е глупа. Секој сака поефтино а поквалитетно. Е нема домашно производство зошто никој не сака ефтино да работи или да инвестира пари секој сака да троши.
 
Стефус е во право, 20-30% од трошоците на просечно домаќинство може да отпаѓаат на македонски производи, за останатите или нема соодветен македонски производ или тој што го има е доста поскап или со помал квалитет.

Не знам зошто сите се фаќаат за прехрамбени производи кога најмногу од домашниот буџет се издвојува за енергенси, возила, електрични/електронски апарати и слични производи кои ги нема во нашето производство. Само погледни што најмногу се увезува и ќе ти стане јасно дека ние најчесто немаме соодветен домашен супститут (замена) за увезеното.
Прехрана купуваме секојдневно, а бела техника не баш.Освен бела техника за која немаме супститут (освен ако ја рестартираме фабриката за телевизори и екрани на ЕМО во кои пред 20+ години произведуваа по лиценца за германски Голдстар/Грундиг/Сименс) и логично е да трошиме на странски, увезуваме ненормални количини млеко, пченица/брашно, сончоглед, месо и секаков друг вид прехрана која секојдневно ја конзумираме, а од друга страна се декларираме како воглавно земјоделска земја.
А во меѓувреме имаме ситуација да затвораме наши фабрики кои биле едни од ретките во таа дејност (Санос, Неокар), се носат странски фирми свое производство овде (најавата за белгиски Ван Хол), купуваме неквалитетно ѓубре (ЛАЗ, Јутонг) и увезуваме возила со Еуро 2.
Исто и за енергенсите сфаќаме со тек на време какви грешки се продажбите на ЕСМ и Окта, особено со последниве затемнувања/поскапувања и некакви договори за ексклузивен увоз.Ај убеди ги ЕВН сега да намалат дел од сметките за улично осветлување...

Во моментов не ми текнува,ама ако има разлика во амбалажата,сигурно ќе го земам тоа што ми фаќа око.
Како за пример преферирам производи од Megle....
Германски Мегле мејд ин Тузла, Босна со германски цени во Македонија, башка афера со радиоактивно млеко ;)
 
Прехрана купуваме секојдневно, а бела техника не баш.

Да, ама кога ќе купиме трошиме многу повеќе отколку за прехрана.
Не знам за тебе, можеби трошиш претежно за исхрана, ама мојот буџет најмногу (70-80%) го трошам на другите работи што ги набројав.
Погледни само кои ставки најмногу ни го билдаат трговскиот дефицит: сурова нафта и гас, моторни возила и електрична енергија. Дали нив ги имаме/произведуваме кај нас?
 
koга ќе понудат квалитет и разнообразност на производи- тек тогаш нека излегуваат со рекламна кампања за купување домашни производи
кои се тие македонски производи? освен овошјето и зеленчукот, скопското пиво - ништо друго не ми паѓа на памет
ЗАР мармеладот чиј вкус е сосема поразличен од она од што е направен,виршлите и паштетите ли- кои во себе имаат повеќе соја и желатин отколку месо, ајвЕрот - варен - недоварен.......еурокремот и т.н да не набројувам

и овде треба да следи онаа позната веќе „узречица„ на Кили;)
 
1.Не знам, можда ти е нешто поврзано со работата инаку ми е чудно.Колку често купуваш компјутер/тв/дримбокс/X-box/мп3 плеер/мобилен итн.?Мораш да се храниш (или користење јавен превоз), а поголем дела техника веќе е во луксузни добра.

2.Напишав погоре за нафтата и енергенси , не ги зачувавме ЕСМ и ОКТА (и сега околу 35 денари од литар одат на акцизи, ако работат паметно можат до негде корегирање на цени).Еден мал дел автомобилска индустрија исто ја уништивме самите (иако во Охрид постојат остатоци од бившата Застава и Руен-Кочани, а работат делови за истата таа Застава,Фиат и Пежо).Еве да ти го повторам постот, како да не си го прочитал...
А во меѓувреме имаме ситуација да затвораме наши фабрики кои биле едни од ретките во таа дејност (Санос, Неокар), се носат странски фирми свое производство овде (најавата за белгиски Ван Хол), купуваме неквалитетно ѓубре (ЛАЗ, Јутонг) и увезуваме возила со Еуро 2.
Исто и за енергенсите сфаќаме со тек на време какви грешки се продажбите на ЕСМ и Окта, особено со последниве затемнувања/поскапувања и некакви договори за ексклузивен увоз.Ај убеди ги ЕВН сега да намалат дел од сметките за улично осветлување...
 
koга ќе понудат квалитет и разнообразност на производи- тек тогаш нека излегуваат со рекламна кампања за купување домашни производи
кои се тие македонски производи? освен овошјето и зеленчукот, скопското пиво - ништо друго не ми паѓа на памет
ЗАР мармеладот чиј вкус е сосема поразличен од она од што е направен,виршлите и паштетите ли- кои во себе имаат повеќе соја и желатин отколку месо, ајвЕрот - варен - недоварен.......еурокремот и т.н да не набројувам

и овде треба да следи онаа позната веќе „узречица„ на Кили;)

А што странските се злато? Кул дај не глупирај молим те.. Посебно српско-хрватско-босанскиве..? Исти квалитет е ,немој да мислиш дека вансериски е.. И има доста македонски прозиводи кои сигурно не ги ни знаеш,а се забутани по рафтовите,зашто таква глупа навика имаме,секогаш туѓото пред нашето да го ставаме.
 
Ќе се уредуваат 275 автобуски стојалишта

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, потпиша договор за јавно приватно партнерство со грчката компанија „Ремеди Адвертајзинг“ за поставување и доведување во функционална состојба на автобуски стојалишта и електронски информациски дисплеи на подрачјето на Град Скопје.

Грчката компанија за осум месеци треба да постави и доведе во функционална состојба 275 автобуски стојалишта, а до крајот на годинава 80 електронски информациски дисплеи, соопшти ЈСП Скопје.
Автобуските постојки ќе бидат со антрацит сива боја, опремени со клупа за седење, канта за отпадоци и табла со информации за возниот ред на ЈСП Скопје.
Договорот за јавно-приватно партнерство на ЈСП со Меди Адвертајзинг е со времетраење од 15 години.

Извор

Па добро бе нормални ли се овие!?!?!?!?!?!?!?!??!!!!!!!!!!!!

ВЧЕРА ОСНОВАНА ФИРМА ДЕНЕСКА ДОБИВА ТЕНДЕР!

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје склучи договор во времетраење од 15 години со грчката компанија Ремеди aдвертајзинг за поставување и доведување во функционална состојба на автобуски стојалишта во градот.
Оваа компанија, според податоците на Централниот регистар, е основана само ден пред склучувањето на договорот. На 12 март е регистрирана фирмата Ремеди Интернатионал ЛТД, а на 13 беше јавно објавено дека ја добила зделката.
За осум месеци таа треба да постави и да доведе во функционална состојба 275 автобуски стојалишта, а до крајот на годинава 80 електронски информациски дисплеи.
Како сопственици на компанијата се јавуваат Јаниз Арманитис и грчката Ремеди адвертајзинг. Управител на фирмата е Михаил Кирков

Moжеби е македонска фирмата ;)извор
 
Као што знам билокоја странска фирма што врши дејност во Македонија мора да се регистира и да формира фирма..Пример турски ТАВ морал да се регистрира во нашиов централен регистар итн..не сум сигурен,ама мислам дека е така..
Ипак епик фејл е што грчка фирма ќе пави постројки,како да немаме домашни :facepalm:
 
у моментот знаете шо си мезам со кафето, Јадран вафли од европа 1882.........истиот вкус го имат 20 години.....пакување од 200гр е 41 денар во локалниот малски дукан........и да ви кажам е е ич скапо........едноставно се топат у уста....друго забележав по продавницата немаше нишо друго освен од европа и винчини од нашите......се беше српско и турско
 
Ја од европа благо немам видено по продавници ..незнам од кога..зборам за помаливе,во маркетите не сум приметил (n)
 
Ја од европа благо немам видено по продавници ..незнам од кога..зборам за помаливе,во маркетите не сум приметил (n)

самата европа е крива.......не се агресивни на пазарот сеа секој оде од продавница до продавница и нуди.......меречнедајзери еве види ја нелт фирмата шо напраи со милка бамби......памперс, бонукс......една таква фрима фали за македонските производи
 
Уште еден минус е што нашиве фирми зезаат. Ќе им тргне со муштерии и ќе расипат квалитет. Така направија со дојранските маслинки (некои се меки, некои тврди, црни и зелени мешани во една канта), некогаш прават со калапчиња сирење..., поголеми, помали, некогаш раскашавени. А таман си се навикнал на тој производ.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom