- Член од
- 25 декември 2008
- Мислења
- 1.879
- Поени од реакции
- 1.092
Турски "Суташ" ќе ја купи "Сведмилк"?!Турски Суташ отвори млекарница во Македонија. Ќе го купи ли Сведмилк?
Турската компанија Суташ, за која се шпекулираше дека е заинтересирана да ги купи производствените погони на млекарницата Сведмилк, отвори фирма во Македонија. Според податоците од Централниот регистар, млекарницата којашто турската компанија ја основаше во Македонија се вика Балканска млекара, а е основана со паричен влог од седум милиони евра. Според податоците од Регистарот, основач е Акционерското друштво Суташ сут урунлери аноним ширкети од Бурса, а на македонскиот пазар планира да произведува млеко и сирење.
Управители на млекарницата во Македонија ќе бидат Хусеин Мустафа Чевик, Мухарем Јилмаз, Хајдар Јилмаз, Ајкут Билбај и Али Мусфик Созер. „Капитал“ неколку пати пишуваше за интересот на Суташ за Сведмилк и дека преговорите со НЛБ Тутунска банка, која е најголем доверител на пропаднатата млекарница, се веќе при крај. Менаџерскиот тим на Суташ повеќе од половина година ја скенираше состојбата на производствените погони на Сведмилк и на македонскиот пазар.
Пред осум месеци НЛБ Тутунска банка ги нудеше на продажба земјиштето и фабричката хала во која се одвиваше производниот процес на Сведмилк, како и дел од опремата за 7,5 милиони евра, но продажбата беше неуспешна. На јавното наддавање не се јави ниту една заинтересирана компанија. Иако втор оглас беше најавен за еден месец, подоцна рокот неколкупати беше пробиен, а од банката изјавија дека оглас за продажба нема да биде објавен с$ додека не се договорат со некој конкретен купувач.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/81121/turski_sutash_otvori_mlekarnica_vo_makedonija__kje_go_kupi_li_svedmilk_.aspx
Турската компанија "Суташ" е потенцијален купувач на млекарницата "Сведмилк", дознава Алфа. Претставници на "Суташ" веќе биле на разговори во Скопје за да преговараат за купување на "Сведмилк". Според неофицијалните информации на Алфа, на состанокот Турците дале ветување дека ќе достават понуда на оглас за продажба што наскоро треба да се објави. Освен рестартирањето на пропадната млекарница, "Суташ" бил заинтересиран да инвестира и во фарма за сточна храна. Фармерите- доверители во "Сведмилк" што ги контактираше Алфа потврдија дека оствариле средба со Турците, но сепак се резервирани за исходот од првичната иницијатива.
Најголемиот доверител, "Тутунска банка" во јуни минатата година се обиде да ја продаде фабриката,земјиштето и дел од опремата за 7,5 милиони евра, но на јавното наддавање немаше заинтересирани купувачи. По првиот неуспех, сега се менува стратегијата за продажба- огласот ке се објави откако ќе се најде сериозно заинтересиран купувач на "Сведмилк".
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=47106
Изгледа ќе биде работава.Ама ај да видиме.Инаку добро е ова за конкурентноста на пазарот,па и за сточарите.Плус ќе се отворинекое работно место.