Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Турски Суташ отвори млекарница во Македонија. Ќе го купи ли Сведмилк?

Турската компанија Суташ, за која се шпекулираше дека е заинтересирана да ги купи производствените погони на млекарницата Сведмилк, отвори фирма во Македонија. Според податоците од Централниот регистар, млекарницата којашто турската компанија ја основаше во Македонија се вика Балканска млекара, а е основана со паричен влог од седум милиони евра. Според податоците од Регистарот, основач е Акционерското друштво Суташ сут урунлери аноним ширкети од Бурса, а на македонскиот пазар планира да произведува млеко и сирење.
Управители на млекарницата во Македонија ќе бидат Хусеин Мустафа Чевик, Мухарем Јилмаз, Хајдар Јилмаз, Ајкут Билбај и Али Мусфик Созер. „Капитал“ неколку пати пишуваше за интересот на Суташ за Сведмилк и дека преговорите со НЛБ Тутунска банка, која е најголем доверител на пропаднатата млекарница, се веќе при крај. Менаџерскиот тим на Суташ повеќе од половина година ја скенираше состојбата на производствените погони на Сведмилк и на македонскиот пазар.
Пред осум месеци НЛБ Тутунска банка ги нудеше на продажба земјиштето и фабричката хала во која се одвиваше производниот процес на Сведмилк, како и дел од опремата за 7,5 милиони евра, но продажбата беше неуспешна. На јавното наддавање не се јави ниту една заинтересирана компанија. Иако втор оглас беше најавен за еден месец, подоцна рокот неколкупати беше пробиен, а од банката изјавија дека оглас за продажба нема да биде објавен с$ додека не се договорат со некој конкретен купувач.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/81121/turski_sutash_otvori_mlekarnica_vo_makedonija__kje_go_kupi_li_svedmilk_.aspx
Турски "Суташ" ќе ја купи "Сведмилк"?!

Турската компанија "Суташ" е потенцијален купувач на млекарницата "Сведмилк", дознава Алфа. Претставници на "Суташ" веќе биле на разговори во Скопје за да преговараат за купување на "Сведмилк". Според неофицијалните информации на Алфа, на состанокот Турците дале ветување дека ќе достават понуда на оглас за продажба што наскоро треба да се објави. Освен рестартирањето на пропадната млекарница, "Суташ" бил заинтересиран да инвестира и во фарма за сточна храна. Фармерите- доверители во "Сведмилк" што ги контактираше Алфа потврдија дека оствариле средба со Турците, но сепак се резервирани за исходот од првичната иницијатива.
Најголемиот доверител, "Тутунска банка" во јуни минатата година се обиде да ја продаде фабриката,земјиштето и дел од опремата за 7,5 милиони евра, но на јавното наддавање немаше заинтересирани купувачи. По првиот неуспех, сега се менува стратегијата за продажба- огласот ке се објави откако ќе се најде сериозно заинтересиран купувач на "Сведмилк".
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=47106

Изгледа ќе биде работава.Ама ај да видиме.Инаку добро е ова за конкурентноста на пазарот,па и за сточарите.Плус ќе се отворинекое работно место.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
„Здравје Радово“ ја купи „M&A Beverages“

Млекарницата „Здравје Радово“ од пред неколку дена влезе и во бизнисот со производство на сокови. Имено, втората по големина млекарница во Македонија ја купи фабриката за производство на сокови „M&A Beverages“. Информацијата ја потврди и сопственикот на „Здравје Радово“, Јован Дабески.
Сумата за која е купена фабриката останува тајна, но со оваа инвестиција „Здравје Радово“ се стекнува со нова, современа опрема за производство на сокови. Тие ќе се произведуваат во стаклена, пластична и тетрапак амблажа. Според плановите, 80% од производството ќе биде наменето за домашниот пазар, а 20% ќе оди за извоз.
Инаку, „M&A Beverages“ е некогашен „Ино спектар“. Фабриката престана да работи со пропаѓањето на млекарницата „Сведмилк“, каде таа имаше свој удел, односно беше еден од акционерите. Со оваа инвестиција на „Здравје Радово“ ќе проработи уште еден наш пропаднат производствен капацитет.
http://gurman.mk/vesti/zdravje-radovo-ja-kupi-ma-beverages/

Има најава дека производството на сокови ќе започне за еден месец.

нова производна линија - на сокови, кои ќе може да се најдат на пазарот за најдоцна еден месец.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/„zdravje-radovo“-odbelezuva-10-godini-postoenje-sostojbata-vo-mlekoproizvodstvoto-se-
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Џеваир Холдинг наскоро ќе почне со изградбата на 40-катниците во Аеродром

10.03.2012
До крајот на месецот Џеваир Холдинг очекува дозвола за реализација на 300 милиони евра проектот во населба Аеродром.

Турскиот инвеститор најави дека изградбата на четирите висококатници со над 40 ката ќе стартува кога ќе се комплетира документацијата. Првиот човек на групацијата Ибрахим Џеваир уверува дека неговите згради се отпорни и на најсилните земјотреси.

Укажа на бирократски проблеми и долгото време за обезбедување на дозвола за престој на работници кои ќе знаат да го реализираат проектот.

Инвеститорот најави дека приоритет во соработката имаат македонските компании. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески тврди дека дозволата за градба турскиот инвеститор ќе ја добие наскоро.


“Ние го подготвивме проектот, ги предвидовме сите потребни работи, но поминаа 11 месеци, тој се шета само од рака на рака. Велат го разгледуваат, неприфатлив е. Го сменивме проектот од аспект на сеизмологија, статика. Сега чекаме да го одобрат до крајот на месецот. Знаеме дека половина Скопје беше урнато во силниот земјотрес. Но ве уверувам дека нашите згради се многу квалитетни и на земјотрес со јачина од 10 степени тие ќе се разнишаат, но нема да се урнат.



Ние на наш трошок направивме и дополнителни анализи на земјиштето кое го купивме, бидејќи пред се таму ќе живеат луѓе. За реализација на овој проект на премиерот Груевски му рековме дека ни се потребни 6 години, тој чини над 10 милиони долари. Првично стануваше збор за 33 ката, но сега веројатно ќе бидат над 40, вели Ибрахим Џеваир – сопственик на Џеваир Холдинг. /М.Д.

ВИДЕО
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=88307
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Квалитетно ,се надевам.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Битолската пиварница ќе почне со работа

Наскоро се планира рестартирање на Битолската Пивара. Новиот сопственик на пиварницата, Блаже Димитров, сопственик на ,,Марди,, од Радовиш кој пред година и пол за 2 милиони евра на лицитација ја купи битолската пиварница со нови вложувања најавува дека за 20-тина дена фабриката треба да почне со редовно производство.
По реконструкција на голем дел од погоните, веќе се започнати и ладните проби.

,,Се донесе нова опрема. Се изврши измена на постојната стара цевоводна инсталација како амонијачна така и пивоводна, и алкохолна. Се напрвија големи реконструкции и на машини, ремонти. Со тие ремонти сме при крај. Вршиме и ладни проби. Се спремаме во најскоро време да ја стартуваме Пиварата со редовно производство,, вели Методија Стојчевски, технолог во Битолската Пивара.

Фабриката ќе произведува пиво и сокови.

,,Технолошки сме солидни, брендот ќе се зачува и ќе биде уште подобар,,- вели Стојчевски.

50 од поранешните вработени веќе се вратени на работа, а се планира вработување на уште 50 лица.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=82124

Иако е домашна инвестиција,сепак мислам дека заслужува внимание во темава.Со среќа нека им е новиот почетокот,и на газдите и на вработените.
Реконструирани и пуштени во погон новите капацитети на Пивара Битола

По двегодишна подготовка, реконструкција и модернизирање на производните капацитети, кон крајот на овој месец Пивара Битола повторно ќе почне со продажба на пиво кое изминативе месеци поминуваше низ процес на производство.

Во периодот од преземањето на фабриката во 2010 година до сега, за реконструкција се вложени повеќе од 10 милиони евра, најголем дел во нова опрема која овозможува мониторирање и комплетно автоматизиран процес на производство согласно европските стандарди.

Реконструкцијата на фабриката се работеше по германски проект и сега Пивара Битола поседува сопствена котлара, ново одделение за подготовка на квасец, нова врвна опрема за третман на вода од светски познатиот германски производител Беркефелд, како и комплетно нова линија за производство на транспортна амбалажа. Исто така беше извршена замена на постоечката стара амонијачна и алкохолна цевоводна инсталација, а заради високо ниво на хигиената, заменети се и водоводната и пивоводната инсталација, односно цевоводите се комплетно заменети со 10.000 метри нови иноксни цевки и 3.000 метри хигиенски вар.

Моментално во Пивара Битола се вработени 80 луѓе, меѓу кои и двајца врвни технолози со 35 годишно работно искуство, а планирани се уште 20 нови вработувања. Предвидено е годишно да се произведуваат околу 30.000 тони пиво кои ќе бидат дистрибуирани во Македонија, како и во соседните земји. Изградбата на Пивара Битола почна во 1970 година, а за прв пат беше пуштена во употреба во 1972 година кога беше во сопственост на ЗИК Пелагонија, која потоа се подели на шеќерана, квасара и пивара. Во период од две години пиварата беше во сопственост на Силекс. Во март 2000 година овој индустриски капацитет беше превземен од компанијата Кенри од Швајцарија, кога беше откупен државниот капитал од пиварницата. Од 2010 година таа е во сопственост на компанијата Марди од Радовиш, која ја купи фабриката на лицитација за два милиона евра.
http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ekonomija/42831/rekonstruirani_i_pushteni_vo_pogon_novite_kapaciteti_na_pivara_bitola.aspx

Ајде со среќа нека е. Со здравје да си пиеме од пивото.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
лично мислам дека кога ќе се отвори нешто ново можеме да кажеме позитивно,а за вакви случаи отвори-затвори ми е дојдено И ТО ПРЕКУ
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
лично мислам дека кога ќе се отвори нешто ново можеме да кажеме позитивно,а за вакви случаи отвори-затвори ми е дојдено И ТО ПРЕКУ
Прашај ги вработените дали како им е сега, и како им било претходно. Како сакат нека ги отвараат фирмиве,фабрикиве,погоните, и незнам како да ги наречам, важно нека има работа.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
Прашај ги вработените дали како им е сега, и како им било претходно. Како сакат нека ги отвараат фирмиве,фабрикиве,погоните, и незнам како да ги наречам, важно нека има работа.
така е,нека има работа,ама здрава и добра работа,за добри пари,а не ЗЛАТЕН МИНИМАЛЕЦ за кој треба да се тресиш на работно место и во сонот
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
така е,нека има работа,ама здрава и добра работа,за добри пари,а не ЗЛАТЕН МИНИМАЛЕЦ за кој треба да се тресиш на работно место и во сонот
Се согласувам со тебе за ова, но самите треба да си се избориме за работнички права,плати и останати бенифиции. Не треба за тоа да се чека од никој.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
Се согласувам со тебе за ова, но самите треба да си се избориме за работнички права,плати и останати бенифиции. Не треба за тоа да се чека од никој.
и сега инвестициски или робовладетелски БУМ ??
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
спомна некој колку ќе биде платата во пиварата или само дека ќе има работа ??
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
спомна некој колку ќе биде платата во пиварата или само дека ќе има работа ??
Да видиме некој од Битолчаниве може ќе ни одговори на тоа.
А и имаше и една слична тема околу ваквото прашање.

http://forum.kajgana.com/threads/Најавени-пробни-остварени-инвестиции-во-Македонија-2011.58204/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom