Ни досега не сум знаел колку е литар бензин а ни одсега ќе се замарам. Колку ќе речат на пумпата - толку ќе плаќам
Нек му се мислат пролетерите
Е гледаш Let3,вака размислуваа и оние наши македонци кои го трпеа турското ропство цели 5 века,и тие си велеа,ни досега не сум знаел за поарно а ни одсега ќе се замарам.Колку ќе речат да плаќам арач - толку ќе плаќам.Само што денес модерните поробувачи се светската нафтена мафија,а поробената раја сите ние кои вадиме калкулатор за да пресметаме колку ќе не кошта прошетка со кола до соседниот град.
Е Let3,навистина ме разочара,мислам како можеш вака летаргично да размислуваш,стварно не знам.
Па вакво размислување им одговара најмногу на нафтените олигарси и шеиците т.е. оние кои и ги прават овие заврзлами со нафтата,ова е тотално легално дерење на сите граѓани на планетата Земја.Кога барел нафта беше 20 долари имавме мега-богати шеици и нафтени олигарси,замислете како печалат сега со 120 долари барел нафта.А не оти се смени нешто на светов па да рипне толку барелот,
туку тие видоа дека скоро 75% од светската популација размислува баш како ти што си напишал погоре Let3-ко,затоа и така не дупат.Следниот пат кога ќе отидеш на бензинска да наточиш гориво,части ги бензинџиите од мене по една десетка со кромид и по еден Heineken,та нели ти не прашуваш за цени и сл.глупости,поздрав!