Цени на горивата во Македонија (поскапување и поевтинување)

М

Мартин`

Гостин
Владата размислувала за намалување на цената, ќе имало и состанок со ОКТА. Ако смалат сите на плоштад прослава :ROFLMAO:
 
V

Vollstandig

Гостин
Ја имам идеја, сака некој да се обложиме за колку дена ќе рипнат цените повторно за 3 денари?
Конечен исход со 30 коефициент, за кој ќе погоди крајна цена на горивото...

 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Ја имам идеја, сака некој да се обложиме за колку дена ќе рипнат цените повторно за 3 денари?
Конечен исход со 30 коефициент, за кој ќе погоди крајна цена на горивото...
АКо си толку сигурен купи си фјучерски за нафта и прави пари. Тоа е голем бизнис сега.
--- надополнето: 13 март 2012 во 13:55 ---
13.03.2012, 12:12
Владата разгледува намалување на цената на нафтените деривати


Владата размислува за преземање мерки за намалување на цената на нафтените деривати, најави министерот за економија Ваљон Сарачини при денешната посета на Централниот регистар

- На денешната владина седница ќе ги разгледаме предлозите за евентуално намалување на ДДВ-то за превоз од 18 на 5 проценти, како што бараат транспортерите или, пак, за намалување на акцизите за горивата, изјави министерот Сарачини, одговарајќи на новинарско прашање.

Чекавме, појасни, премиерот Груевски да се врати од Индија и Малезија за да можеме да ги отвормие овие прашања па да видиме какво е расположението на министерот за финансии и на другите членови на Владата за ваквите промени.

- Владата веќе неколку пати досега побара состанок со менаџментот на ОКТА. До крајот на март треба да се состанеме за да работиме на методологијата за утврдување на цените на нафтените деривати. Веќе се формирани работните групи со претставници на Владата и номинирани членови од страна на ОКТА, истакна Сарачини.

Сепак, вели, промените не би играле толку голема улога имајќи ги предвид цените на нафтата на светските пазари.

Информира и дека Министерството за економија е при крај со составување на тендерската документација за ОХИС и наскоро ќе објави јавен повик за продажба на компанијата.

- Моментално има три заинтересирани кандидати. Едниот инвеститор е од Република Македонија, а двајца се од странство, рече Сарачини.
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Окта па Окта демек Окта ако не е бензинот џабе ќе е.Окта на 600 милиони евра приходи има 3-4 милиони евра профит тоа е многу малку за таков обрат на средства.
Пример телекомот на 200 милиони приходи има 100 милиони евра добивка.
Окта реално не може да ја спушти цената и да ја спушти тоа ќе е 1 ден а токму тој денар по литар е добивката нема таа да се откаже од тоа.
Во Европа даноците на бензинот се големи некои земји како Италија и Грција качија акциза.
Кај нас народот бара намалување би ракол со право кога можеа пред некој месец промоција 5 денари да ја воведат истата мерка и сега:) ако не ја воведат не требаше да го прават тоа и пред некој месец.
Сега единствено да се надеваме берзите и големите играчи во Лондон и Њујорк да ја спуштат цената но предпоставките велат дека ќе оди уште погоре цената.

А замислете Американците се жалат 50 денари литар(таму данокот е 5% мислам) им било скапо овие на балканот знаат ли како е:)
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
дајте кажете план како да го ослабиме доларот спрема денарот и да возиме поефтино гориво.....
 

HeRbEs

-WandereR-
Член од
21 јуни 2005
Мислења
766
Поени од реакции
272
Владата размислувала за намалување на цената, ќе имало и состанок со ОКТА. Ако смалат сите на плоштад прослава :ROFLMAO:
ОКТА?? 90% од вработените се веќе на принуден одмор не и се знае иднината на ОКТА.Дали гркот ќе ја продава на унгарци или руси, дали ќе и збиберат катанец бог мил знае.Све е ојдено у мајчина :(
 
I

Iblis

Гостин
Нема помали акцизи, ниските даноци се доволни

вторник, 20 март 2012, 19:37


Владата досега не ја намали акцизата на нафтените деривати, но министерот на финансии вели дека добар потег е што во време на криза не го зголемила данокот на горивата. Ставрески смета дека е доволно тоа што со ниските даноци засега се одржува ценовната стабилност во земјата. ...
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=47618
Прав си е човекот, замисли само, ако деноците беа 200%, ее тек тогаш шо ќе беше :pos:
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
На здравје уште едно бричење/поскапување, вчера ми стигна сметка, рдт е 190+ 15/20ден кога ќе плаќаш.:mad: Преродбата продолжува.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Да, поскапена е и претплата за радиодифузија. Сега е 190, бензинот е 87.5, со 1000 денари веќе е сон да наполниш потрепштини од продавница, банките цедат, наместо вработувања масовни отпуштања...али додека тепаат на улица и цртаат карти ние нема да се грижиме премногу за цените и економијата. Само за висококатниците дали ќе се у центар или на периферија, дали бродот ќе се викал Мариа Антоанета, дали смее или не смее абортус, дали Паша или Војвода...заморно е
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Битно е да се форсираат по 10 турски глупости по шител и анал5 и да се одвлекува вниманието на народот од огромниве поскапувања и се поголемите задолжувања кои ќе ги платиме со крв и пот, но ако, битно е и да градиме и историја со споменици(допрва ќе покажуваме на светот кои сме). А за вработувања ќе си сонуваме откако латас ќе ни ја наполни главата со инвестициски бумови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom