(Стара) Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.691
Поени од реакции
11.092
Ronaldo Ties Future To Fergie
...Manchester United's Portuguese megastar Cristiano Ronaldo has suggested that he will not be looking to leave Old Trafford so long as Sir Alex Ferguson is still charge...
 

BoR4e

Manchester United
Член од
28 февруари 2008
Мислења
2.384
Поени од реакции
36
ronaldo izjavi oti ne si ode i deka spanskite mediumi gresat
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.630
Поени од реакции
11.230
По 100 пат, Роналдо не си оди...
По 10 пат, исто и Пике не си оди.
По 1 пат, читам за Роси сте пишувале нешто... Манчестер може да го врати Роси летото во Манчестер, ама и ќе си плати за него, а доколку не го врати друг тим може да го купи... Така пишува во договорот..
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
i od doma trebit da odet na matura ama ja ne im odam.iam popametna rabota.da go gleam Man U.:)ajde da im cestitam Matura na site fanovi na Man U koj slavat godinava Matura i bidete sigurni deka ke go dobiete najubaviot poklon kako sto go dobi Chombe na mecot so Barca.a toa e eden najdragocen pehar:)
И од мене честита матура.Кога ќе слушнете дека Манчестер тепал главни ќе бидите таму, сигурно крш ќе направите.:helou:
 

bodlikav

a.k.a C.Ronaldo
Член од
25 јануари 2007
Мислења
529
Поени од реакции
6
Ајде и ја да ви честитам матура, супер да си пројдете, да пивнете нешто за нас, и тоа телефоните пуштете ги најгласно за ако не гледате да ви пратиме пораче да видите што праеме. xD
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.630
Поени од реакции
11.230
Леле, само ако тепаме!!! Закачувам шалот на моторот и возам низ цел град, можеби некој ќе ме види од вас :)
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.748
Поени од реакции
5.461
па ако решил роналдо да си иде нека си иде ееее сеа ќе се потресуваме.Ферги е поголем фактор во Манчестер од Роналдо, освои 8 титули без Роналдо не знам зошто не би освоил пак уште 8 без него.Такви како него играчи доаѓаат и си идат, а таквите како Ферги остануваат до крај.значи поентата на муабетов ми беше дека ништо страшно нема да се случи ако си замине Кики, страшно ќе биде за неколку години коа Ферги ќе реши да се пензионира
 

ZIKS

Ај за убо да е.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.582
Поени од реакции
39
Хаха, море ИНВИЦИБЛЕ, морат да ја гледаш, ќе најдеш таму некој телевизор. Убо што брат ми матурата ја прави на 22, четврток па така да нема да го пропуштам натпреварот. :)
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Леле, само ако тепаме!!! Закачувам шалот на моторот и возам низ цел град, можеби некој ќе ме види од вас :)

Море излегувам со шалови, дресови, знамиња се дерам ко будала па нека гледаат сите.Јас си сум радосен.Туку не можам да дочекам да почни.....Леле утре е, не можам да се стрпам.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.630
Поени од реакции
11.230
Теоретски, се уште Скот МекДоналд од Селтик има шанса да ја преземе титулата од Роналдо, но во последното коло во шкотскиот шампионат ќе биде потребно да постигне 17 гола.
Да се надеваме дека нема да даде :):) ХаХаХаХа
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Москва ги дочекува најдобрите тимови

Манчестер Јунајтед го брка третиот трофеј во третото последователно финале по пауза од 9 години, а Челзи ќе се обиде да испише нова страна во клупската историја со освојување на титулата во нивното прво финале
Утревечер од 20 часот и 45 минути, стадионот Лужњики ќе биде местото каде Манчестер Јунајтед и Челзи ќе се борат за да дојдат до трофејот во Лигата на Европските фудбалски шампиони.
Вториот меѓусебен дуел сезонава за титулата ќе се води на неутрален терен. Првиот, во домашниот шампионат му припадна на тимот од Олд Трафорд кој ја освои титулата, а Сер Алекс Фергусон очекува обединување на титулата со најсјајната во Европскиот клупски фудбал, што би била трета за неговиот тим.

Од друга страна, лондончани ќе се обидат по секоја цена да дојдат до најскапоцениот трофеј во нивната историја. Тренерот на Челзи, Аврам Грант има шанси да влезе во историјата на клубот како тренер со најкраток стаж и титула во кариерата.

Грант седна на клупата на Челзи откако неговиот претходник Жозе Мурињо доби шут карта од раководството на клубот пред неколку месеци, а пред еден месец Израелецот изјави дека сите големи тренерски имиња претходно работеле како помошници, па тој очекува дека ќе биде уште еден во тој ред.




Фактографски податоци

За прв пат во историјата за трофејот ќе се борат две англиски екипи, а воедно ова е и трето финале во кое ќе играат тимови од иста земја. Претходно, италијанските тимови Јувентус и Милан во 2003 – та година се бореа за трофејот, а првото финале на два клуба од иста држава се одигра 2000 – та година кога се сретнаа шпанските гиганти, Реал Мадрид и Валенсија.

Манчестер Јунајтед е единствениот тим кој досега во двата финални натпревари последователно има триумфирано, а ова е нивно трето финале во кое се најдоа по пауза од 9 години.

За разлика од „Црвените Ѓаволи, Челзи, ќе го одигра историско финале во ова натпреварување, откако претходно Мурињо не успеа да го донесе тимот до оваа фаза, а најголемата шанса ја имаше лани кога во полуфиналето по изведувањето пенали загуби од Ливерпул, истиот тим на кој Челзи му се реваншираше годинава, но под раководство на Грант.

Финалниот натпревар ќе го суди Љубош Микел кој ќе има можност да го суди второто финале во кариерата, откако зад себе има судено на завршниот натпревар во купот на УЕФА во 2003 – та година каде се сретнаа Порто и Селтик.




Подготовки на Москва за финалето

За завршниот натпревар, над 15.000 полицајци ќе се грижат за јавниот ред и мир, а низ Москва ќе бидат инсталирани 65.000 видео камери за подобро следење на англиските навивачи кои започнаа со пристигнувањето во главниот град на Русија, а се очекува да бидат над 50.000.

Градските власти веќе ја отворија и телефонската линија за помош на фановите од британскиот остров. На линијата ќе се јавуваат руски полицајки кои го познаваат англискиот јазик, а ќе биде инсталиран и говорен автомат со поважните информации за навивачите.

За зголемена безбедност, покрај овие мерки, Москва веќе пушти и 700 автобуси наменети за англиските фанови и истите ќе поаѓаат од хотелите, а ќе одат до стадионот притоа застанувајќи на дел од најатрактивните локации.

Московските власти пресметаа дека финалето сепак нема да им донесе профит. Тие велат дека ќе потрошат многу повеќе од 1,2 милиони франци кои им ги дава УЕФА и 20% провизија од продадените билети.

Сепак, Москва не соопштила колкава ќе биде заработката на нивните сограѓани кои ќе треба да ги опслужат англиските навивачи со низа пијалоци и сувенири. Се претпоставува дека секој англичанец во себе ќе носи повеќе од 500 фунти, што пресметано со бројот на навивачи ќе значи вртоглави суми.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom