Ветеринарно катче

L

Lu

Гостин
Здраво, сакам да прашам нешто ако некој може да ми помогне. Кучката ми се породи пред околу месец, и почнав да ги потхранувам малите, ама едно ми е некако најназадно и после секое јадење почнува да се тресе, и не престанува се додека не го завиткам во ќебенце за да се стопли. Отпрвен мислев да не е до храната, да не му одговара, ама со другите 5 кутренца се е во ред, и сите убаво напредуваат освен него. Инаку се работи за малтезер, ако некој знае нешто, фала однапред :)
Истото би го кажала како што кажа погоре Ligeia, само да додадам уште нешто, во градите што се наоѓаат кај стомакот има повеќе млеко, а кај градите што се погоре има помалку млеко.
Најдобро ќе биде ти да го ставиш кученцето да цица од градите кај стомакот бидејќи таму има најголема количина на млеко.
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Ajде помош мала.
Дали некој има искуство со затруено кученце? Каков е периодот на заздравување?
Многу ми се штури во давање информации ветеринариве.
Го спасивме нашиов Рики, се затру од каснување на нешто, среќа за 20 минути беше во амбуланта, после 100 инекции и инфузии се спаси, уште вечерта температурата се врати на нормала, утредента бевме за повторно да му се даде инфузија и рекле супер е доволни се витамински инекции. И се беше во ред 2 дена, ни рекоа ако сака да јаде нека јаде иако кажаа да јаде јогурт тоа е добро за желудник. Потоа го фати проливче можно е од јогурт постојано пиење. Па ајде јаглен му дававме 3 дена од кои 24 часа беше на диета вода и ориз, се опорави сеа си има нормален измет. Па еден ден т.е вчера си јадеше а сеа еве денес несака ништо да јаде, одвај го тераме како мало дете. Млитав е постојано од тогаш, не скока и се блесави како порано, го разбирам ни јаде доволно ни ништо, потребно е организмот да се обнови, НО не сакам да си искомплицираме и да зезнеме работа. А оди на прошетки, но ме нервира еден ден е добар друг ден не. Веќе не знаеме што му е.
Дали е нормално ова или не е нормално, се испоразболевме ние со него :sick:
 
L

Ligeia

Здраво rossonerka...заздравувањето од труење најчесто зависи од причинителот што го предизвикало труењето.Дали е од пестицид,отровно растение,инсектицид,детергенти,отрови за стаорци или пак можеби прашок против крлежи а во краен случај се случува и од конзумирање на чоколадо или шеќери.Ако се работи за тежок отров (најчесто е отров за глувци) внесен орално т.е ако го конзумирал во дигестивниот тракт тогаш заздравувањето е подолго,кучето треба да мирува,да биде на топло и да му се дава лесна храна (во случајов диетата е во ред најчесто се дава надробен леб во млако млеко но и јогурт е добро).Примарната постапка при труење е испирање на желудникот со сондирање за да се стимулира повраќање или пак со хидроген пероксид,затоа желудникот останува надразнет и му треба повторно период за да се врати во нормала варењето најмалку една недела.Инфузијата е од голема важност го штити од дехидрација а витамините само го покренуваат процесот на заздравување,особено е важен витаминот К да се прима во вид на инекција.Но инфузијата и примањето вода е далеку многу поважно.Избегнувајте да го шетате надвор барем 4-5 дена нека биде дома.Поздрав:)
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Ajде помош мала.
Дали некој има искуство со затруено кученце? Каков е периодот на заздравување?
Многу ми се штури во давање информации ветеринариве.
Го спасивме нашиов Рики, се затру од каснување на нешто, среќа за 20 минути беше во амбуланта, после 100 инекции и инфузии се спаси, уште вечерта температурата се врати на нормала, утредента бевме за повторно да му се даде инфузија и рекле супер е доволни се витамински инекции. И се беше во ред 2 дена, ни рекоа ако сака да јаде нека јаде иако кажаа да јаде јогурт тоа е добро за желудник. Потоа го фати проливче можно е од јогурт постојано пиење. Па ајде јаглен му дававме 3 дена од кои 24 часа беше на диета вода и ориз, се опорави сеа си има нормален измет. Па еден ден т.е вчера си јадеше а сеа еве денес несака ништо да јаде, одвај го тераме како мало дете. Млитав е постојано од тогаш, не скока и се блесави како порано, го разбирам ни јаде доволно ни ништо, потребно е организмот да се обнови, НО не сакам да си искомплицираме и да зезнеме работа. А оди на прошетки, но ме нервира еден ден е добар друг ден не. Веќе не знаеме што му е.
Дали е нормално ова или не е нормално, се испоразболевме ние со него :sick:
Убаво тоа што сте му давале ориз и јогурт... тоа е добро прочистување...
Ако нема апетит пробај со сирово месо (ако не сакаш ти да му даваш сирово ради некои сваќања, ондак пробај со варено), нема шанси да го одбие, али не било какво туку чисто бело пилешко месо, бидејќи е лесно за варење.
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Беше синојка на инфузија, се јавувавме во дежурство, мислам ние настојувавме да го освежат со инфузија, докториве велеа дека е доволно инекции бидејки настинат бил сеа од намален имунитет.
И денес беше повторно на инекции, утре пак.
Со тоа што станува збор за самојед, а навикнат е пред се надвор да седи, ни рекоа и да си седи првенствено надвор, бидејки внатре му е топло многу, тој е зимско куче, а изнесувањето постојано од многу топло на многу ладно полошо му правиме. А деновите додека седеше дома откако се затру со сила дома го држевме, сафра дома го фаќа по неколку часа седење.
Ајде да се надеваме дека ќе е подобро, денес е каде каде подобар од вчера. Синојка кога се врати од инфузија мав му направи на јадењето, а претходно 24 часа не сакаше да помириса јадење.
Фала ви во секој случај на советите многу. ;)
 
pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Денес зедов малечко кученце (старо околу месец).
Има проблем со ногата... на пораѓањето бил споен со друго куче за ногата, и сега нема нокти на таа нога...
какви проблеми може да му донесе тоа во иднина? може да влијае на животниот век, на способностите?
И сакам да прашам, кога треба да се вакцинира...
Инаку кучето е од мала раса...
 
Здраво pumaval не се грижи нема да му биде ништо,не е страшно тоа е генетска аномалија и не би требало да претставува проблем освен можеби при трчање.За редоследот на вакцинација веќе имаме постирано,да не се повторуваме само изврти ги претходните постови и ќе го најдеш постот на Argasi таму ти е се објаснето во врска со вакцинацијата.Поздрав:)
 
L

Lu

Гостин
Денес зедов малечко кученце (старо околу месец).
Има проблем со ногата... на пораѓањето бил споен со друго куче за ногата, и сега нема нокти на таа нога...
какви проблеми може да му донесе тоа во иднина? може да влијае на животниот век, на способностите?
И сакам да прашам, кога треба да се вакцинира...
Инаку кучето е од мала раса...
Многу мало си го земал кученцето.
Кученцата од мајката треба да се одвојат најрано на 45 дена старост, а 2 месечна возраст е најидеална за одвојување на кученцето од мајката.

А за вакцинирањето имам 100 пати пишано на форумов, али еве пак ќе пишам.

- Прва вакцина се става на 6 неделна возраст
- Втора вакцина (прва ре-вакцина) се става на 9 неделна возраст
- Трета вакцина (втора ре-вакцина) се става на 12 неделна возраст

Значи како што и самиот гледаш, вакцините се ставаат во размак од 3 недели, тоа е вакцина за заштита на имунолошкиот систем и вакцината штити од многу смртоносни болести и затоа е обавезно да се прими оваа вакцина.

И обавезно неколку дена пред примањето на вакцината кученцето треба да се прочисти од внатрешни паразити со апче за прочистување.
 
Член од
12 март 2012
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво!
Мали кученца.. 5 недели имаат..
Сакам да прашам, кога прв пат треба да им дадам таблетчиња за прочистување..
Благодарам однапред..
позз
 
Здраво Tomo
На секои две недели бидејќи веќе имаат полни 5 недели кученцата,а потоа на секои четири недели кога ќе направат 12 недели до 6 месечна возраст.
Според тежината на кученцата:
0,5-2 kg се дава четвртина таблета
2-5 kg половина таблета
5-10 kg 1 цела таблета
Поздрав:)
 
L

Lu

Гостин
Здраво!
Мали кученца.. 5 недели имаат..
Сакам да прашам, кога прв пат треба да им дадам таблетчиња за прочистување..
Благодарам однапред..
позз
Еве сега штом имаат 5 недели, дај им 1/4 (една четвртина) од апчето и кога ќе наполнат 6 недели ќе треба да ги однесеш кученцата на прва вакцина, неколку поста погоре имам убаво објаснето како оди редоследот на ваквинирањето.
 
Член од
22 декември 2008
Мислења
28
Поени од реакции
4
Здраво.
Во центар, позади сендвичарата 7ца, (од 7ца кога се оди накај партизанска, има земјен паркинг помеѓу зградите) има гавран со скршено крило. Неможе да лета, цел ден е тука.
Кој може да му помогне или чува, би било добро.
Овака здрав изгледа и убав е.
Јас ќе му дадам јадење сега, ама ако има доброволци да си го земе некој.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Дали некој има познавање од лажна бременост кај кучки? И дали е нормално во тој процес кучето да крвари?
Ја пипкам на градите, топли и отечени, стискам- млеко и искача (само од 4 гради), а во исто време и ми крвари како да е во период, а не и е време за да добие, имаше добиено пред 2 месеци... целава ситуација ми е малку чудна...
Ја однесов сабајле кај Диме, немаа струја, па само ја погледна во градите и не сакаше ништо да коментира со разлог да не ме исплаши... што треба да мислам ја со тоа- да не те исплашам, да не зборам така...????
Ако некој има познавање или искуство ќе ве молам... било што...
 
Здраво Ивана лично се немам сретнато со ваков случај на лажна бременост но имам слушано од колеги ветеринари дека воопшто не е опасна појава и дека станува збор за хормонален дисбаланс на прогестеронот и на пролактинот и дека се третира со хормонална терапија а во полесен случај хормоните сами се регулираат.Во меѓувреме не е лошо да и земат крв и да и ја испитаат урината да видат подетално за што станува збор а ако станува збор за потешко хормонално нарушување можно е да препорачаат отстранување на јајниците односно нивно подврзување за да се спречи повторно да дојде до ваква појава.Јас би те советувала малку да му ја намалиш количината на храна на кученцето за да спречиш лачење на млеко.
 
И земаа крв, немаше нишо конкретно што треба да загрижува. Храната веќе и ја намалив и земав друга, за секој случај, а крварењето искочи дека повторно се вратил циститисот што го лечиме веќе долго време, за жал испадна дека е веќе хроничен. На ехо се виде некое задебелување на ѕид, но претпоставка е дека е само ради циститисот. Сега повеќе пазење, за да не се повтори. Иначе, дефинитивно ќе ја стерилизирам, само со препорака од кучкари кои веќе ја чувале расава е дека треба бар еднаш да ја спарам, а тоа ќе го правам сега на пролет. Ми рекоа, дека можно е и цела матка да и ја отстранат во случај да не дојде до поголеми компликации за кои не сакам ни да размислувам... сепак фала премногу.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom