Станува збор за стаорци, така? Врска нема дал се во период или не се. Тоа не е никаква причина за промена на расположение во негативна смисла, туку баш спротивно. Кога се во период треба да бидат по активни. Можеби е некаква прехлада. Пробај да му зголемиш доза на витамини. Ако е со исто расположение и наредниов ден, ветеринар нема лошо да ти дојде, инекцииче некое витаминско (ма да боли тоа али шо да праиш) и после како нова ќе ти биде.
А, да знаеш, они конкретно никогаш немаат период, за нив период е цело време (затоа викаат се котат како глувци

). Ако немаш намера никогаш да ја спариш, да знаеш само дека и го скратуваш животот, особено поради фактот што се склони кон канцерогени заболувања, затоа најди и еднаш некој фраер, малечките сигурна сум дека одма ќе ги подариш и решен проблем