Најбогат клуб, а?
Манчестер Јунајтед во долгови
„Црвените ѓаволи“, кои беа прогласени за најскап фудбалски клуб,
имаат долг од 760 милиони фунти
Англиските медиуми изнесоа информација дека
најскапиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед има долг од 760 милиони фунти. Ниту евентуалните титули во Премиер лигата и во Лигата на шампионите нема да можат да ја покријат загубата на сопственикот на „Црвените ѓаволи“, Малком Глејзер.
Изминатата финансиска година Јунајтед ја заврши во минус од 59 милиони фунти, што беше чекор напред со оглед на тоа што пред две години загубата изнесуваше 135 милиони фунти.
Американскиот бизнисмен подигнал
кредит за да осигура поголем дел од парите за закупување на тимот, но загубите донеле долг кон кредиторите од цели 764 милиони фунти, како и уште 56 милиони, кои беа потрошени за нови играчи.
Инаку, Манчестер Јунајтед сезонава продаде рекордни 64 500 годишни билети, а оствари и солиден приход од ТВ правата.
Интересно е што втора година по ред списанието „Форбс“ го прогласи овој премиерлигаш за најскап фудбалски клуб, проценет на 1,8 милијарди долари.
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=6186