Каратистот Огнен Груевски освои златен медал во Холандија

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.653
Поени од реакции
14.623
karatistot-ognen-gruevski-osvoi-zlaten-medal-vo-holandija-77187.jpg

Македонскиот каратист Огнен Груевски денес успеа да го освои златниот медал на Дордрехт опен 2012, во рамките на карате Премиер светската лига кое се одржа во Дордрехт, Холандија.

Пред финалната борба и освојувањето на медалот, Груевски имаше шест победи во конкуренција на 51 спортист од 51 држава.

Нашиот најдобар каратист Жарко Арсовски, кој во полуфиналната борба загуби од естонскиот натпреварувач Менгел Лаури на судиско изјаснување. Резултатот во регуларниот дел од натпреварот заврши 2-2. Потоа, Жарко Арсовски загуби и во борбата за бронзен медал од францускиот спортист Чанталу и на крај мораше да се задоволи со петтото место во конкуренција на 48 спортисти во тешка категорија. Жарко Арсовски имаше 4 победи, со преставниците од Франција, Швајцарија, Белгија, Конго, додека загуби од Естонија.

Мартин Несторовски заврши како седмопласиран во истата категорија .Тој имаше три победи и два порази.

Вкупниот биланс на нашите најдобри каратисти кои учествуваа на вториот турнир од Светската Премиер карате лига се два медали - еден златен Огнен Груевски и еден сребрен за Наташа Стефановска. Три пласмани на седмата позиција на Иво Цветковски, Ферат Корбуличи и Мартин Несторовски и едно петто место за Жарко Арсовски. Сите тие се членови и потекнуваа од нашите најреномирани карате клубови „Макпетрол" и „Металург".

Денеска попладне Македонските каратисти предводени од Бошко Заборски и Мирче Јанушевски заминуваат за Македонија.

Третиот турнир од Премиер карате лигата ќе се одржи во Џакарта во месец Јуни 2012 година.

via Кајгана

Честитки и да ни се множат вакви успеси.
 
Одлично, секоја чест мислам дека прочитав и дека Наташа добила сребрен медал во карате :cuc:
 
браво за Огнен, го знам дечкото пред 4 5 години трениравме во ист клуб. Ама тој си продолжи целосно посветен на тоа, се разбира отиде во клуб кај што има спонзор и добива финансиска мотивација за неговите успеси.
 
Абе да има мала помош од владата у се ќе биде први, а има многу таленти тука кој што не се откриени :tapp:
 
Епа како тоа "Да НИ се множат успесите"?
Како неговиот успех стана и твој?
Или наш?
Коа со прст никој не мрднал, за он да стигне кај што стигнал?
 
Според твојава логика, не треба да се радуваме на ниеден успех, било од тим или индивидуалец кој ја претставува Македонија ? Како на успехот на ракометарите или кошаркарите се радуваше цела Македонија ?

Мене, а гледам дека има и други како мене, не радува успехот на секој македонец што ќе направи ваков подвиг, а дали тоа некој со прст мрднал треба некој друг да го интересира, не мене. А тебе ако не те радува тоа, твој проблем си е.
 
Одлично, секоја чест мислам дека прочитав и дека Наташа добила сребрен медал во карате :cuc:
Наташа Стефановска!
Нека му е честит успехот на сите горенаведени, само не ми е јасно зошто во насловот стои само името на Огнен и зошто ова не го постирате во темата за карате, наместо да се отвара нова тема?
 
Според твојава логика, не треба да се радуваме на ниеден успех, било од тим или индивидуалец кој ја претставува Македонија ? Како на успехот на ракометарите или кошаркарите се радуваше цела Македонија ?

Мене, а гледам дека има и други како мене, не радува успехот на секој македонец што ќе направи ваков подвиг, а дали тоа некој со прст мрднал треба некој друг да го интересира, не мене. А тебе ако не те радува тоа, твој проблем си е.

Супер е ти да се радуваш за Негов успех.
А не тој негов успех да го правиш Наш.
Пошто не е ваш. Туку е Негов. Затоа што со прст не сте мрднале.
Познавајќи го оној "На комшијата да му умре овцата" сегмент од македонскиот менталитет, никој од вас не се радува за Неговиот успех, туку се радува затоа што знае дека кога ќе се препукува преку форум/јутјуб/фејсбук коментари со некој монголец од Бугарија, ќе има плус уште еден аргумент за курчење.

Многу е интересно како во нашиот менталитет е вродено да ги славиме успесите туѓи и да ги правиме наши, а немаме лично, апсолутно ништо вложено за тој успех да се постигне. Пак уште, се радувал он на секој успех на секој Македонец. Жити се. Зашо не се радуваш на успех на Србин? Холанѓанец? Француз? Која е разликата?
Огнен случајно тебе да не те репрезентираше? Случајно за земјава ни наша да не отиде во Холандија?
Момакот отишол, ги искинал, си земал медал и си се вратил. И си го напраил тоа, веруј, за себе си.

Кога треба нешто да се сработи, нигде никој нема.
Кога треба успехот од работата да се награди, сите сме тука, ова бил Наш успех, Ние победивме, Ние ова, Ние она.

Шетај бе.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: `V`
Дечко ја не знам што ти уопште бараш на оваа тема и на овој подфорум. Терај си од твоите муабетчиња со останатите отидени као тебе, овде сме да им честитаме и да се радуваме на успесите на македонските спортисти.:tapp:
 
Супер е ти да се радуваш за Негов успех.
А не тој негов успех да го правиш Наш.
Пошто не е ваш. Туку е Негов. Затоа што со прст не сте мрднале.
Познавајќи го оној "На комшијата да му умре овцата" сегмент од македонскиот менталитет, никој од вас не се радува за Неговиот успех, туку се радува затоа што знае дека кога ќе се препукува преку форум/јутјуб/фејсбук коментари со некој монголец од Бугарија, ќе има плус уште еден аргумент за курчење.

Многу е интересно како во нашиот менталитет е вродено да ги славиме успесите туѓи и да ги правиме наши, а немаме лично, апсолутно ништо вложено за тој успех да се постигне. Пак уште, се радувал он на секој успех на секој Македонец. Жити се. Зашо не се радуваш на успех на Србин? Холанѓанец? Француз? Која е разликата?
Огнен случајно тебе да не те репрезентираше? Случајно за земјава ни наша да не отиде во Холандија?
Момакот отишол, ги искинал, си земал медал и си се вратил. И си го напраил тоа, веруј, за себе си.

Кога треба нешто да се сработи, нигде никој нема.
Кога треба успехот од работата да се награди, сите сме тука, ова бил Наш успех, Ние победивме, Ние ова, Ние она.

Шетај бе.

Успехот е на неговите роднини, пријатели, фамилија и др. Што го подржувале. Пред настанов верувам никој не го знаел, сега ќе фрчат статуси на фб на јутјуб, како тоа ние сме најдобри во карате, дека сме среќни и којзнае уште што не.:tapp:
 
Супер е ти да се радуваш за Негов успех.
А не тој негов успех да го правиш Наш.
Пошто не е ваш. Туку е Негов. Затоа што со прст не сте мрднале.
Познавајќи го оној "На комшијата да му умре овцата" сегмент од македонскиот менталитет, никој од вас не се радува за Неговиот успех, туку се радува затоа што знае дека кога ќе се препукува преку форум/јутјуб/фејсбук коментари со некој монголец од Бугарија, ќе има плус уште еден аргумент за курчење.

Многу е интересно како во нашиот менталитет е вродено да ги славиме успесите туѓи и да ги правиме наши, а немаме лично, апсолутно ништо вложено за тој успех да се постигне. Пак уште, се радувал он на секој успех на секој Македонец. Жити се. Зашо не се радуваш на успех на Србин? Холанѓанец? Француз? Која е разликата?
Огнен случајно тебе да не те репрезентираше? Случајно за земјава ни наша да не отиде во Холандија?
Момакот отишол, ги искинал, си земал медал и си се вратил. И си го напраил тоа, веруј, за себе си.

Кога треба нешто да се сработи, нигде никој нема.
Кога треба успехот од работата да се награди, сите сме тука, ова бил Наш успех, Ние победивме, Ние ова, Ние она.

Шетај бе.

Што се напна толку бе ? Како да мрднам со прст, ајде просветли ме, како можам јас да помогнам ? Никој тука од форумот не мрдна со прст кога тепаа кошаркарите и ракометарите (ок освен некој што беа да гледаат во живо), па сите тогаш славеа, кај беше тогаш да сереш вака ?

Никогаш не сум се расправал со некој бугарин или грк или србин за тоа што го пиша, не ме интересираат тие. Мене ме радува неговиот успех затоа што таму ја претставува Македонија, и ми е мило што Македонија има такви таленти. И знам дека тој си го направил тоа за себе, ама таму отишол да ја претставува Македонија, и тоа е она поради кое ние се радуваме.

Што не сум се радувал на успех на некој Србин ? Жити се ? Разликата е тоа што Огнен е Македонец, не сум јас од Србија па да се радувам на успех на некој србин.

Ајде докажи ни што треба ние да сработиме, ќе го сработиме тоа, па после ќе не има, нели кога треба да се сработи нешто никаде не нема.

Шетај ти.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom