- Член од
- 21 септември 2008
- Мислења
- 14.653
- Поени од реакции
- 14.623

Македонскиот каратист Огнен Груевски денес успеа да го освои златниот медал на Дордрехт опен 2012, во рамките на карате Премиер светската лига кое се одржа во Дордрехт, Холандија.
Пред финалната борба и освојувањето на медалот, Груевски имаше шест победи во конкуренција на 51 спортист од 51 држава.
Нашиот најдобар каратист Жарко Арсовски, кој во полуфиналната борба загуби од естонскиот натпреварувач Менгел Лаури на судиско изјаснување. Резултатот во регуларниот дел од натпреварот заврши 2-2. Потоа, Жарко Арсовски загуби и во борбата за бронзен медал од францускиот спортист Чанталу и на крај мораше да се задоволи со петтото место во конкуренција на 48 спортисти во тешка категорија. Жарко Арсовски имаше 4 победи, со преставниците од Франција, Швајцарија, Белгија, Конго, додека загуби од Естонија.
Мартин Несторовски заврши како седмопласиран во истата категорија .Тој имаше три победи и два порази.
Вкупниот биланс на нашите најдобри каратисти кои учествуваа на вториот турнир од Светската Премиер карате лига се два медали - еден златен Огнен Груевски и еден сребрен за Наташа Стефановска. Три пласмани на седмата позиција на Иво Цветковски, Ферат Корбуличи и Мартин Несторовски и едно петто место за Жарко Арсовски. Сите тие се членови и потекнуваа од нашите најреномирани карате клубови „Макпетрол" и „Металург".
Денеска попладне Македонските каратисти предводени од Бошко Заборски и Мирче Јанушевски заминуваат за Македонија.
Третиот турнир од Премиер карате лигата ќе се одржи во Џакарта во месец Јуни 2012 година.
via Кајгана
Честитки и да ни се множат вакви успеси.