Не ми е јасно што тогаш зошто, вие, селските деца се мешате во градски работи?
Не сум имал проблеми, со учел со Албанци, со играл фудбал, сум тренирал ракомет, сум соработувал, сум купувал и продавал (од патики, до автомобил), сум работел со Албанци и никогаш не сум имал проблем. Сум јадел слатки во Чаир, сум пиел салеп, сум паркирал на сред улица, сум им сечел пат, сум ги пуштал не пешачки и непешачки, сум се опцул - и никогаш не сум имал проблем. Вие што правите, се тепате секој ден на Кантер што сте волку напалени или дејствувате по нечија директива?
Јас сфаќам дека има гадови Албанци. Ама има и гадови Македонци. Затоа и ги делам на гадови и луѓе, а не Албанци и Македонци. Ако ми згреши некој, тогаш ќе биде крив човекот - а сигурно не националноста.