Лага е како што прават они..
Сведоштво на претепаните момчиња во Ѓорче Петров: Душмански не удираа со палки и бодеа со ножеви
САБОТА, 10 МАРТ 2012 10:45
Скршена вилица, нос и прсти, убод со нож ова се само дел од повредите на претепаните Скопјани во Ѓорче Петров.
Станува збор за двајца браќа кои биле претепани на само сторина метри од нивната куќа, а нивното сведоштво го пренесува весникот Вечер.
"Не знам дали сакаа, но многу лесно можеа да не убијат", изјавил 31 годишниотc Б.Т. кој заедно со 28 годишниот Д.Т., негов брат околу 22.30 часот излегле од дома за да се прошетаат покрај кејот на Вардар.
Момчињата биле пресретнати до група насилници вооружени со дрвени палки и ножеви.
"Видовме група од десетина луѓе, но не им обрнавме внимание. Кога се доближија, забележавме дека имаат палки во рацете. Еден од нив ми се обрати со зборовите 'Вие ли ќе тепате Албанци?'" раскажува Б.Т.
браќата кога виделе за што станува збро почнале да бегаат кон населбата, стадионот на фудбалскиот клуб "Македонија" и угостителски објект кој е во близина за жал напаѓачите биле побрзи.
"Буквално на сто метри од сопствената куќа не стигнаа и почнаа да не тепаат. Не удираа со тупаници, клоци и безбол-палки. И јас и брат ми паднавме на земја. Викавме, но тие не престануваа. Продолжија душмански да не удираат додека лежевме. Брат ми го избодоа со нож во грбот, а мене ме удираа со палки по главата" раскажува Б.Т. за весникот Вечер.
Браќата викале но никој не ги слушнал, напаѓачите по тепачката побегнале а тие со крајни напори успеале да стугнат дома, и да повикаат брза помош. Во болница им биле констаирани тешки телесни повреди. Б.Т. се здобил со двојна скршеница на вилицата, тешка повреда на носот и скршени прсти, додека Д.Т. имал тешка повреда на рамото и убод со нож во грбот.
Лекарите ги превзеле сите неопходни мерки за санирање на повредите, а од полицијата велат дека немаат осомничени лица за овој напад.