Голема мала разлика, тоа не е битно. Битно е дека има разлика. Разликата е во тоа што тој што на 95 места зборот „одос“ го превел со „пат“, а само на овие 4-5 места (и тоа во ист контекст) го превел со „учење“, тој имал за цел намерно да ја отстрани таа информација од Библијата дека христијаните во тие предели ги нарекувале следбеници на „Патот“.
Можеле и Вратата да ги нарекле и повторно тоа немало да биде буквална врата, туку се разбира дека ќе станувало збор за преносно значење, но сепак називот си има некакво значење и не треба да се отстранува од преведувачот.
Во твојов случај разликата е уште поважна. Тебе ти одговара наместо пат, да стои учење, затоа што во тој случај ти можеш учењето да го поврзеш со назарејската секта и да тврдиш дека Павле се поистоветувал со назарејската секта. Ете гледаш зошто служат називите? За да нема забуни. Павле јасно се поистоветил со Патот, а не со назарејската секта