Едно прашање до поискусните. Јас носам меки леќи како што пишав претходно. Наскоро треба да порачувам нови, па сакав да се информирам какво ви е искуството со RGP (rigid gas permeable) или како ги викаат полутврди? Реално ја разгледувам опцијата да преминам на такви бидејќи мекиве се премногу осетливи а и после некое време од користење окото е изморено и има лимит до колку можам да ги носам пред да го изгубат комфоритетот. Гуглав на нет, гаспропустливите или RGP се оценети како подобри освен за адаптација но тоа е ризик кој би сакал да го земам

Anyone ?
Јас имам искуство со полутврди.
Позитивни страни во однос со меките:
Полесно се вадат, освен ако се залепат на окото
Полесни се за одржување, можеш да ги миеш со прстите. Иако одржувањето не би го ставил како позитивна страна бидејќи треба да купиш посебни течности една за чување, и една за миење, можеш и со обичните течности од аптека кои се за меки, ама не дихтуваат убаво со нив на окото
Подолго траат
Поевтини се
На долг рок подобри се за окото оти можело да „дише“ преку нив
Негативни страни во однос со меките:
Многу лесно паѓаат
Ако не се добро измиени или ако ти влезе прашинка, окото многу солзи
Мене ми се лизгаа со секое трепнување и се движеа низ окото, прашав дали тоа е само кај мене или така се сите, докторот ми рече дека така се сите, ама се сомневам
Престанав да ги користам кога една ми падна и ми се изгуби, се вратив на старите добри очила оти меките варијанти на леќи за мојот проблем се многу скапи.