Ги читам постовиве овде и неможам да им се изначудам на некој,који цело време се обидуваат да го оцрнат Охрид,де било скапо,де се намало појма од туриза,де ова, де она.Јас би рекол,ако е толку црно се во Охрид зашто трчаат си уште на првиот сончев викен да се во Охрид? Што не си остане секој во својот град? Или е ин во понеделник да се фали,сум бил у Охрид преку викенд
Како прво да расчистиме со некој работи:
Колку што има Охрид историја и тоа од светско значење немаат сите градови заедно во цела Македонија па и пошироко на Балканов.Почнуваќи од Писменоста,Цар Самуил,Климент и Наум,до сите цркви који се во Охрид.
Кој друг град во Македонија е под застита на Унеско освен Охрид? Или таа титула се добива онака,ради реда или ОН смета дека Охрид го заслужува тоа?
Зашто секоја поважна конфернција или посета од Премиери или Песедатели се одржува во Охрид? Зашто не во Демир Капија,Гевгелија,Берово, Велес и други градови.
А при тие посети сите знаат да се фалат колку е Охрид важен за Македонија.
Па сигурно еден град од такво значење не само за Македонија туку и пошироко заслужува посебен третман.Затоа што Охрид по својата историја може да се носи со скоро сите светски Градови,не е едноставна работа да им дадеш писменост на пола Европа,од Охрид до Владивосток.Лесно е да се каже дека изнајмување на лежалка во Охрид е 150 ден,кога 80 % од Туристите који се од Македонија, не се ни качиле на Самоилова тврдина или Плашник,зашто на нив им е важно колку е пивот во Охрид и колку кошта лежалка и како ке се опијани вечер. И после ни е криво кога комшиите ни го величат Охрид а ние се расправаме за банални работи..
Живам во западно европска земја,каде се се плаќа екстра,ако сакаш да одиш на плажа кошта 5 евра само влезница,а освен песок нема ништо да видиш.Дали некој влегол во Барцелона со Автомобил,секое влегување е 1,50 евра.Но лесно е да се оцрнува Охрид од луѓе који два-три пати биле во Грција или во други држави но таму не им смета се и сешто да плаќаат. И нека одат,тоа е добро,но не да прават споредби како е тамо и како е Охрид.Зашто на тие земји туризмот им е главна работа,а нашиот Охрид нуди историја,МАкедонија не живее од туризам,имаме смо еден Така наречен Туристички град и сите плукаат и го оцрнуваат.
Затоа,од таквите пиперкари,који одат во Охрид,нема фајде.Не ни мора да одат тамо,затоа што не им е важно значењето које го има Охрид,туку колку коштаат ЛЕЖАЛКИТЕ....
П.С:ето има во Скопје сега споменици и лежалки па немора да се оди во Охрид, но не е исто да пиеш кафе за 50 ден. во вториот Ерусалим и во Скопје,тие који го ценат значењето на Охрид,ќе уживаат во тоа кафе.